THE_CHOSEN_ONE
1903-2012
- Член од
- 13 август 2007
- Мислења
- 3.735
- Поени од реакции
- 1.340
Ова е министерот за образование Никола Тодоров, за Сител, во својство на наставник. На час се појави без класичен глобус, со лап топ и интернет. Вели дека на овој начин ќе функционира македонското средно образование.
Интернетот, модернизацијата на техниката ќе им овозможи на македонските средношколци, многу поинтересена настава. На тој начин ќе имаат интерактивен пристап.
Дрвените табли, сунѓерот и кредата, ќе останат како музејски експонати. Овој амбициозен проект, министерот очекува да стартува во најскоро време. Интерактивните или електронски табли за еден месец треба да пристигнат во средните училишта.
Првично ќе бидат набавени 400 вакви табли од кои 150 ќе бидат поставени низ училиштата во Скопје. Засега проектот со интерактивните табли ќе се спроведува само во средните училишта.
Претходно околу 20-тина табли како пилот проект биле пуштени во основните школи за што наставниците и учениците покажале огромен интерес.
Тодоров уверува дека со тек на времето интерактивните табли ќе бидат и основен инвентар во основните школи. За оваа модернизација во образованието министерството ќе потроши околу 25 милиони денари.
Ѕирнете го обавезно видеото на линков.