Електронски табли во средното образование

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.340
Ова е министерот за образование Никола Тодоров, за Сител, во својство на наставник. На час се појави без класичен глобус, со лап топ и интернет. Вели дека на овој начин ќе функционира македонското средно образование.

tallbllmmm_49066.jpg


Интернетот, модернизацијата на техниката ќе им овозможи на македонските средношколци, многу поинтересена настава. На тој начин ќе имаат интерактивен пристап.

Дрвените табли, сунѓерот и кредата, ќе останат како музејски експонати. Овој амбициозен проект, министерот очекува да стартува во најскоро време. Интерактивните или електронски табли за еден месец треба да пристигнат во средните училишта.

Првично ќе бидат набавени 400 вакви табли од кои 150 ќе бидат поставени низ училиштата во Скопје. Засега проектот со интерактивните табли ќе се спроведува само во средните училишта.

Претходно околу 20-тина табли како пилот проект биле пуштени во основните школи за што наставниците и учениците покажале огромен интерес.

Тодоров уверува дека со тек на времето интерактивните табли ќе бидат и основен инвентар во основните школи. За оваа модернизација во образованието министерството ќе потроши околу 25 милиони денари.

Ѕирнете го обавезно видеото на линков.
 
Не може се` да оди преку лаптоп и слајдови. Некои предмети ок, ама математика на слајдови? Ми ја предаваат така на факултет, ич не чини.
 
Не може се` да оди преку лаптоп и слајдови. Некои предмети ок, ама математика на слајдови? Ми ја предаваат така на факултет, ич не чини.

Интерактивна е таблата не се слајдови.
Види го видеото па кажи.
 
Токму ова го пишав во една од темите, конечно добар проект кој што може да се реализира.

Во право е Џену, некои предмети не можат вака, но повеќето можат. Затоа ќе си има посебни кабинети за Математика и слични предмети.
 
Абе ајде жити се електронски табли! 25 милиони денари ц ц ц ! Останаа основците без учебници овој кутриот па електронски табли ке воведел во настава!
 
Не ми се допаѓа идејава. Слајдови кога можат да користат за да го читаат материјалот, а не предаваат со објаснувања, што останува ако им се даде интерактивна табла?
 
Интерактивна е таблата не се слајдови.
Види го видеото па кажи.

Го видов, ама сеедно е. Пишав лаптоп и слајдови. Некои предмети не можат вака и тоа е.

--- надополнето ---

Интерактивна е таблата не се слајдови.
Види го видеото па кажи.

Го видов, ама сеедно е. Пишав лаптоп и слајдови. Некои предмети не можат вака и тоа е.
 
Дежурните губат смисла вака. :)


Тотално без смисла. Проектов пропаѓа одма и ке зафаќа прашина опремата.
 
Не знам колку овој проект ќе профункционира али дефинитвно голем бед е што ќе нема сунгер.
Ехххххх спомени... отиди по сунгер врати се после три саати...
 
Ние на електро неаме компјутери асални , интерактивни табли...
 
Не змам зошто, ама страв ме фаќа што ќе се фрли грдна пара за дивљаци. Генeрацииве од годинa во година покажуваат знаци дееволуција и се враќаат кон мајмуноликите предци. Зелената табла е од тврд материјал и можеш да и зададеш повеќекратен удат и да не покаже сигнал на кршливост, а ова е доволен еден замаф и да премине во нефункционален инвентар т.е. ѓубре. Со други зборови, ваква добрина не е за нецивилизирани дивљаци. Се знае дека овој проект ќе биде успешен само во мал број на училишта, иако сите ќе ги добијат новите табли. Слично како и со комјутерите. Професорите од една страна кукаат за промена, а кога ќе се направи промена страв им е да ја прифатат па си фураат по старо...
 
Дежурните губат смисла вака. :)


Тотално без смисла. Проектов пропаѓа одма и ке зафаќа прашина опремата.

Ќе се најде некој копиљ без гајле,ќе ја помини со сунѓер!
Каде е таблата?
На сервис! :)
 
леле колку сме ние напредни :nesvest: па јас не сум знаел дека ние сме на ова ниво...
ма ајде се заеб@#@%т повеќе од пола стручните училошта книги немаат учениците они па електронски табли ке им даваат абе ајде тоа ти е кај нас се е електронско електронски дневник, електронски индекс па мора и таблите :tapp:
 
Абе па и не е лошо,пример ќе можат да отворат paint и буквално да ти го нацртаат објаснувањето :)
И ќе можат полесно да се снајдат при објаснување.

Само Dark King (џабе е ова со мењање никои коа пак се кажуваме по старите :)) има добар контрааргумент,дежурството е важен дел од секое школување ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom