Скоро секогаш кога сонувам сум некако свесен дека јас всушност сонувам, незнам како да објаснам.... свесен сум за тоа дека сум во сон но не сум свесен дека знам за тоа.
Пред некоја година имав некое посилно искуство си дојдов умрен изморен и одма заспав- се сеќавам дека сонував како можам да скокам високо многу високо да прерипувам згради.. беше неверојатно како всушност да тоа беше реалноста, ја осекав секоја клетка од моето тело ветерот се менуваше кога бев на поголема висина, сонце/сенка се беше правилно распоредено WTF? Ова толку многу ме фасцинира - кој К ебати.. замисли само колкава моќност на процесирање поседува човечкиот ум.. каква графичка и процесор ти требаат да изрендираш вакво нешто- незнам не сум сигурен - бидејки не се само звук и графика туку + чуства и креација истовремено.
Незнаев дека постојат вакви техники
сега веќе знам
навистина би сакал да бидам лусид дример - си мислам дека ако успеам во ова ќе постигнам многу нешта- сакам да дојдам до степенот каде свесно би рекреиарл физички закони од реалноста во сонот и да експериментирам каде во реалноста неможам да си дозволам некој ствари - ова би било супер.. или пак да можам да скокам или уште подобро да летам
DDDDDDD неверојатно!!
- До оние поискусните.. дали е можно нешто како во лан да сонуваш
? Телепатија поврзана со лусидни соништа?
замисли само што се може да направиш со некој
Знаете за вакви случаеви?
Можеби треба да отворам нова тема за ова но ајде некако е во склад со истата...
Имам проблеми со еден кошмар веќе неколку години.. всушност не е проблемот кошмарот туку после будењето.. ако сонувам некој страшен сон после извесно време јас станувам свесен и се будам НО на трипати веќе ми се има случено кога станувам НЕМОЖАМ да се подмрднам ниту пак да викнам - толку е језиво СТРАШНО, веројатно мозокот сеуште не дошол до целосно будење и преземање на моторните функции но како и да е од тогаш не спијам во потполна темница, ми рекоа дека ова се викало "те гази сенка", не верувам во такв работи но до ден денес никогаш не спијам во потполна темница, мора нешто барем малку да ми светка во соба како ноќна ламба светлин од месечината или да работи телевизор....
Толку е морничаво чуството што не го посакувам ни на најголемиот мој непријател! А оние кои го искусиле знаат како е...
Некој совет и за ова?
Благодарам за темава и податоците бравос!