Луцидни соништа

  • Креатор на темата Креатор на темата statusQuO
  • Време на започнување Време на започнување
Значи човечкиот мозок е чудо.
Незнам зошто, но баш вечерта ја читав цела оваа тема за луцидно сонување (а читав исто така и за астрална проекција) и сега сабајлево баш ми се случи за малку да имам луциден сон.
Мислам дека ова сега сабајлево што ми се случи е последица на тоа што пред да си легнам размислував дека ќа имам луциден сон (па и астрална проекција, зошто да не :smir:).
Ова сега што ќе го напишам ми се случува втор пат.

Си легнав вечерта околу 23 часот и пробував да имам свесно луциден сон (инаку често медитирам и можам да си ги контролирам мислите и дишењето).
И си легнав, лежев на грб, па се опуштив скроз, ги исклучив мислите (буквало на ништо не мислев), па после почнав да чувствувам мали вибрации по телото, али колку и да се трудев да се одржам будна јас сепак заспав.
И еве што ми се случи сега пред да станам :vozbud:
Сонував дека таткоми пред зграда ја паркирал нашата кола (инаку нова е, Мицубиши пред 1 месец ја купивме) и паркирајки ја, ја удрил напред и се искршила кај светлата.
И јас кога видов што се случи со колата почнав да се карам со таткоми и да му викам дека требал да пази како ја паркира.
И од толку многу што ми беше криво за колата и бев изнервирана во сонот се разбудив.
И сега следува најинтересното што ми се случи.
Во тој момент кога се разбудив ( 7 сабајле) одма ми текна дека тоа со колата било само сон.
И во тој момент се сетив дека на интернет читав дека има најголема можност да имаш луциден сон доколку се разбудиш и повторно да заспиеш.
И во тој момент си продолжив да лежам и го оставив телото да ми заспие, а јас во себе си мислев „будна сум и будна ќе останам„ и абе не поминаа ни 10 секунди (ваљда во тој момент телото ми заспа а свеста ми остана будна) и само почувствував како бран (чувството ми беше буквално како бран) како да ми се двои свеста од телото, како во тој момент да излезе нешто од мене.
И знаев дека повеќе не се наоѓам во телото туку сум надвор од него и ми беше се темно пред очите и ми се појавуваа некои така зеленкасти недефинирани ствари (слично како кога подолго време гледаш во сонце) и оп во тој момент сама од себе посакав да се разбудам и буквално чувството го имав како премотувење на филм, повторно го почувствував тој бран но овојпат како ми се враќа нешто во телото, и веднаш по тој бран во истиот момент се разбудив.

Многу интересно и возбудливо искуство е, само оној кој доживеал вакво нешто ќе знае за што му зборувам и какво е невообичаено чувство, а оние кои не доживеале е џабе да им се објаснува бидејќи за ова чувство не се наоѓаат соодветни зборови.
Многу ми е мило што полека полека напреднувам, па можеби наскоро ќе имам луциден сон.
И ДА, дефинитивно таа техника на будење и прекинување на сонот, и повторно заспивање кај мене даде резултат.

И имам едно прашање,
Дали и вие исто така сте го почувствувале тој бран, буквално како нешто да ви се двои/излегува од телото?

Да не ти се десило мало Out Of Body искуство?
 
Да не ти се десило мало Out Of Body искуство?

Па можно е да е тоа, дури повеќе сум сигурна дека тоа што ми се случи беше Астрална проекција (Вонтелесно искуство) отколку Луциден сон.
 
Сам во Ерусалим, небото црвено се срушува над мене, доаѓа апокалипсата. Сите исплашени трчаме по улиците на сите страни, кога наеднаш станав свесен дека сонувам и застанав - веќе престанав да се плашам. Си се врткав наоколу, ги набљудував градбите, луѓето, небото, па и си мислев на тоа кога ќе се разбудам. :pos:
Дефинитивно, интересно искуство беше тоа што го сонував летото. :)
 
Да ја освежиме темава малце:

Објаснување на техниките/помагалата за луцидни соништа.
Today on-line, соновник (dream journal).

Запишувањето на соновите е важен дел од луцидното сонување. За среќа, е лесно и интересно - и значително го зголемува вашето ниво на свест во сонот, правејки полесно да се “разбудите“ во сон. Просечниот човек има 5 циклуси на спиење. На крајот од секој циклус, има таканаречен РЕМ период. Повеќето луѓе сонуваат околу 100 минути секоја ноќ. Најдоброто време да се присетите на соновите и да ги запишете е утрото.

Најдете си луцидно сидро

Ако имате проблем со запомнувањето на соништата, користете луцидно сидро. Сидрата доаѓаат од фасцинирачката гранка на психологија наречена Neuro Linguistic Programming (NLP - Невро Лингвистичо Програмирање). Пред да заспиете, одберете предмет кој можете јасно да го гледате од креветот (положбата за спиење). Ова ќе биде вашето сидро. Сидрото треба да биде нешто што го гледате пред да легнете, и да е првото нешто што го гледате одкако ќе станете. Потоа, треба да си ја поврзете помислата на “запомнување/запишување соништа“ со предметот, и следниот пат кога ќе се разбудите и го видите предметот - ќе ви текне на намерата и ќе запамтите/запишете сонот.

Како да почнам соновник
Можеби некои од чекориве ќе звучат очигледни, но има и некои ствари кои ќе бидат вредни да се прочитаат.

#1
Најди тетратка, или поубаво некој тефтер со тврди корици, кој ќе биде стрикно за запишувањето на твоите сонови. Нека биде на дофат на рака од креветот во лежечка состојба. Соновите лесно можат да ви “избегаат“ па битно е да биде близу до вас. Исто чувајте и пенкало (или подобро молив, бидејки не сите пенкала пишуваат во хоризонтална положба).

Ако станете и почнете да зборите и размислувате за други работи, вашите моторни неврони ќе почнат да работат и ќе ви ја “избришат“ меморијата од сонот сметајки ја за неважечка.

#2
Секогаш запишувајте ја и датата на сонот. Запишете се што памтите во моментот во сегашно време пр.“одам низ улица кога жаба искача од грмушката и штолијазнам“.

#3
Идентификувај ги темите на сонот. Размисли за локацијата, ликовите, сензациите, звуците, предметите и емоциите од сонот. Подвлечи ги клучните зборови кои можат да помогнат да ги интерпретираш соништата пр.“жабата е тажна бидејки знае дека иде змија“
Бидејки можеби ќе сакате да ги интерпретирате вашите сонови темелно, задржувајте се на овие клучни зборови. Во спротива, пишувајте се што ќе запамтите за да ви се зголеми нивото на свест за соништата.

#4
Не се замарајте со ракопис, интерпункциски знаци и граматика. Се додека можете повторно да прочитате и разберете што сте напишале - на коњ сте.

#5
Направете скици од одредени моменти кои ги памтите јасни. Не е битно дали сте вешти, скицата е само за да можете полесно да визуелизирате што сте сонувате кога одново ќе го читате соновникот.

#6
Кога ќе завршите, анализирајте се себеси, можеби моментално сте депресивен поради љубовни причини, пробајте да ја најдете врската на вашите проблеми и радости со дејствијата во сонот.

#7
Дадете му на сонот добар/точен наслов. Ништо посебно, само нешто по што ќе го паметите. Ако сте станале луциден во одреден момент во сонот, запишете "Л“ (за луцидно) и заокружете го, веднаш до насловот. Идентификувајте што ве натерало да бидете луцидни, и запишете го под сонот.

Прашња и одговори:
Колку често треба да пишувам во соновникот?


Запишувај ги соновите штом можеш. Не мора да биде секој ден, али неколку пати неделно би било таман. (Најдобро, тие што најјасно ги памтиш - тие да ги запишуваш). Некогаш ќе ве мрзи да пишувате па е океј да скокнеш ден (освен ако не било екстра добар сон да се запише).

Како да ја зголемам свесноста во соновите?

Ако имаш проблем со запомнувањето на соништата, соновников може нема да изгледа дека ви помага. Но не се секирајте. Пишувајте ги сите мали ситници кои ги памтите, иако не се доволно обемни за анализирање или општо за комплетација. Ќе приметите дека со тек на време ќе помните се повеќе и повеќе.



Ако има прашања, слободно прашајте :)
 
ХА!
Конечно мојот прв луциден сон (прв индуциран луциден сон).
Фактички 10 дена одкако почнав со намерата да сонувам луцидно, (претходно сум имал спонтани луцидности).
Иако се чинат многу 10 дена, сепак морам да кажам дека успеав без ИЧ напор. И не правев скоро ништо од техниките (освен немерата/вољата и медитирањето).
Почнав со reality checks-от али заборавав да ги правам по некое време.
Сеа дефинитивно знам што ми треба, соновник и сидро, and i'm all set.
Значи овие техники ви се само за да ви помогнат, другото е на вас.
 
имав денеска луциден сон иако на кратко, трети ден откако почнав со вежбите (запишување сонови и будење сред спиење)... испоубив некои личности, испокршив по дома и тоа :)
 
имав денеска луциден сон иако на кратко, трети ден откако почнав со вежбите (запишување сонови и будење сред спиење)... испоубив некои личности, испокршив по дома и тоа :)

Хехе, сите почнуваат со кршење, интересна работа. Јас, истотака прво почнував со кршење и секакви глупости, па после се концентрирав на летање и влегување во предмети.
Ме интересира дали ви се случува субјектите во сонот да ве напаѓаат?
 
Интересна работа е ова, помалку и чудна. Јас многу ретко се сеќавам на соништата а баш би сакала да ги запаметам, во последниве 2-3 месеци се сеќавам само на три соништа. Не дека не сонувам, знам дека сонувам но ете не ги паметам. Кога ќе се разбудам наутро за миг ми избегаат сеќавањата и потоа колку и да се обидувам џабе, неможам на ништо на сетам.
Баш ќе пробам со горенаведените инструкции, па ќе споделам искуство.
 
Ај јас да споделам нешто од мое искуство.Најинтензивни луцидни сонови доживувам кога после цела вечер пијанчење ке го навијам саатот, да речеме во 10 сабајле, се будам, ке се проврткам малку, па потоа пред да заспијам се потсетувам дека треба да сонувам луциден сон.
Омилена техника за превенција на будењето ми е триење на рацете, значи од моментот кога ке станеш свесен дека сонуваш, треба да ги триеш дланките, не мора цело време, ама од време на време.
Откако ке се усовршите во оваа техника се препорачува јадење банана со чоколадно млеко пред спиење и отприлика 100мг витамин Б6, за да се интензивира сонот што би се рекло, vivid dreaming.
Проблемот е што после 100мг витамин Б6 едноставно неможам да заспијам, ама ако пак во погорната техника со пиење и будење порано, додадете витамин Б6 пред второто спиење, може да доживеете екстремно живописен, полн со бои, сон.
За мене лично, кога првпат сонував луциден сон, искуството беше lifechanging.
 
коментарот се содржи во мојот потпис.. \|/
...................................................................*
 
Зашо ја неам фрка со тоа коа сум буден коа не? -.-
Си знам да ти еем -.-
 
Зашо ја неам фрка со тоа коа сум буден коа не? -.-
Си знам да ти еем -.-

Тестовиве за проверка се поеќе just for fun :) , ова со огледалово е демонско - трансформацијата не се заборава xD или пак можеш да се видиш како би изгледал во постари години :)
 
Во соновите сум полу свесен.Мислам знам се за себе свесен сум кој сум што сум и што правам али баш за ништо не ми е гајле.
 
Се сеќавам на еден сон ме бркаа кучиња и за разлика од други сонови во кои движењето ми е отежнато како да се сопнувам, во овој сон трчав лесно и одеднаш сватив дека сонувам, им се вратив на кучињата и почнав да ги мавам со клоци без страв дека ќе ме нападнат. Чувството е ѕверско :baeh:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom