Ај да не комплицирам многу...
Вака, атеистите како такви, не ни треба да влегуваат на подфорумот религија, не ни треба да имат јузери: Атеист, Господ, Сатана666, Годхејтасал, Нема_Бог, Исус2, Мухамед<3, Мојсеј_Левучарот, итн итн, исто како еден македонец што не треба да има аватар од албанско знаме каде што гори, или пак еден албанец да пишува на тема за загинати македонски војници во 2001.
Зошто мислам вака? Па нормално така треба да постапат, ама на форум не се такви, или некои се ’’атеисти’’ ама не го веруваат господ за кого слика им креирала Црквата, Џамијата, Петко од селската заедница, Стојко од теретана, Цветан Ди Џеј-от, или главниот фраер во друштвото, или пак не го веруваат господ за кого сами си креирале некоја (не?)погрешна слика. Ако сте приметиле, повеќето атеисти на форум се тинејџери и нормално дека ке ги зафркаваат другите кои веруваат, тинејџери се, и јас таков бев а и секој повозрасен на времето ист бил. Зошто нема атеисти од 30+ години да седат тука и да ги исмејуваат ’’глупите’’ што веруваат? Иако вака млади кога се не сфаќаат, ама покасно ке сфатат дека многу потешко е да си атеист него обичен верник.
Да не бегам многу од темата, атеистите не му се лутат на господ, него се лутат сами себеси што некогаш верувале, или друг случај е како што спомнав се тинејџери и нормално поминуваат низ таа фаза кога мора да солат памет, исто како и тинејџер верник кој соли памет.
Паметниот атеист не се замара со глупостите на верниците и нема потреба (не треба ни да чуствува потреба) да исмејува некого за да пред други се покаже како по паметен.