Сите луѓе имаат осет за добро и лошо, сега кај сите е тоа различно. Искрено, јас имам сретнато повеќе атеисти на кои им е стало до fellow man и све остало него ли верници. Оние верници што ги знам и што прават работи коишто повредуваат други луѓе велат дека знаат дека е тоа погрешно и дека ќе одат у пекол ради тоа.....Go figure now
Па животни сме сите, без разлика дали веруваме дека има или нема божествена искра во нас. Многу пати се потклекнува на инстинктивно реагирање, а посебно на fight or flight инстинктот.
Зошто да не уживаме во лично задоволство? Треба да знаеме како да си помогнеме себеси за да помогнеме другому. Јас не гледам ништо лошо во тоа се додека е со усул.
Она за семејствата, секако дека има и такви - ама не се сите такви. Земи исклучи го телевизорот, игриците и све остало и излези малку надвор (не зборам лично ти).
А за последната реченица, јас не знам кој би можел бог да го криви за неисполнети желби. Ние сме си одговорни за све тоа.
Да, луѓето имаат осет за добро и зло. Но тоа е ограничен осет. Се темели, како основ ја има човечката себичност. Секое добро што ќе го направи не го прави за џабе, туку од некоја намера, било социјална, економска, политичка, егоистичка итн. Никој не прави добро за џаабе.
(Џабе = турски збор и мислам дека значи бесплатно, за ништо, за никаква услуга или противуслуга). Најчесто добро се прави од интерес. Секако добро има во семејството, кога се подигат и одгледуват деца, но често пати и ова добро е од времен карактер. За зло го сметаме она што ни прави штета, пред се економска штета а понекогаш и духовна (навреда, омаловажување итн.). Обично на злото одговареме со зло. Чест е примерот кога браќа не сакат да се погледнат, а камоли да се сретнат и разговарат, а причината за тоа зло е една нива од 100 квадрата. За се се сложиле, но за тие 100 квадрата нива и која нема некоја пазарна вредност не, едниот ги добил другиот мисли дека е неправедно и цел живот не прозборуваат ниту збор, а ова полека се претвара и во омраза и потоа се пренесува на поколението. Такви примери има десетици и десетици. Прашањето е дали вреди за тоа, за тие 100 квадрата нива вреди да го замразиш својот роден брат, тој веќе за тебе е мртов, не постои. Дали вреди? Не. Но во пракса го има. Го знаат тоа и тие двојца браќа дека не е во ред, но никој не попушта. Зошто? Ова е измислен пример и ако се поколопува со некоја позната на вам ситуација, е чиста случајност.
Зошто да не уживаме во личносто задоволство? Можеби не бев доволно јасен. Човек треба да ужива во задоволството, и во личното задоволство, но истовремено ова задоволство да не нанесува зло на ближниот. Најчести ситуации за кривото уживање во личното задоволство се случуват во браковите. Денешното општество не учи да не трпиме. Зошто да трпам. Да го поднесувам тој идиот. Но за тој идиот пред некое време ставот бил поинаков. Тој бил се, бил бог за тебе. Но еве сега не ти дозволува да излегуваш со пријателите и пријателките сама, бара да бидеш дома итн. А ти сакаш да се оствариш. Тој бил тотален заостанат. Кој вели дека е забрането да излегувам со пријателите? Кој вели дека е забрането да се гледам со „пријател“, кога и двојцата имаме исти „маќи“. И кај мене и кај него е иста ситуација и зошто да не се „дружиме“ и бидеме интимни кога и двојцата тоа го сакаме. Кој вели дека тоа е забрането? Црквата? Па таа и нема што друго да работи и ги плаши луѓето со пекол. Но пази, поколението кое го оставаш, што ќе биде со него? Како ќе се „изгради“, кои морални вредности ќе ги прифати? Земи го она што ти претставува лично задоволство и искористи го, не ме интересира другото. Додека ми е кеиф ќе биде со мене, а потоа чао аморе. Другиот не е човек, нема осет, тој е предмет со кој јас го исполнувам своето лично задоволство.
Исто така и ова е само пример.
Да, нависитна изгледа апсурдно, да човек кој вели дека е атеист, не верува во Бог, се лути на Бог. Примери има илјадници. Најчесто се од морален карактер, болест, инвалидитет, смрт итн. а понекогаш и од неуспехот во планираните работи, како банкрот, задолженост која попримува карактер на лихварство со примена на законот на приватна наплата, коцкањето, дрогирањето итн. Во еден момент на освестување дека нема излез, се окривува среќата, се окривува животот, а окривувајќи го животот, зошто сум се родил, дирктно се обвинува Бог, кој е создаетл на животот, дека Тој е причината за ситуацијата во која се наоѓа.