Зошто совршен и сезнаен бог треба да објавува нешто и да им кажува како да живеат на луѓето преку трети лица, преку книги, и пророштва?! Ако на пчелите не им треба пишано упатство како да прават мед, зошто на луѓето би им требало?! Кој размислува овде ирационално? Кога дизајнер на пример креира еве да речеме компјутер, ги вградува упатствата и законите како треба да функционира тој компјутер во самиот дизајн! Истиот случај е и со пчелите, мравките, птиците....тие си имаат своја "божја објава" и таа е нивниот инстинкт, начинот на кој треба да функционираат! Совршен креатор своите закони ги вградува во својата креација, а не ги диктира на некој пророци во пустини и на планини! Вистинските божји закони се оние кој ги чуствуваш и почитуваш без разлика дали некој ти ги "објавил" или не! Гравитацијата и да ти ја објави некој и да не ти ја објави, ја чуствуваш и сакал или не ја прифаќаш! Не верувај во неа до утре ако сакаш, ама пробај да скокнеш од 10 кат, и ќе ги почуствуваш последиците директно од тој "закон" на креаторот!
Вие верувата во заблуда, креатор кој создал стотици милијарди галаксии, безброј ѕвезди и планети, сето тоа го создал за нас, и после смртта секој посебно ќе му судел и ќе го наградувал или мачел цела вечност!!?

Која глупост е тоа само алоооо!
--- надополнето ---
Објави има колку сакаш! Еве една објава за Лемуриски бог - воин кој се Рамта, кој наводно бил на земјата пред 35 000 години, и сега ги кажува своите пророштва преку една жена која се вика Judy Zebra Knight!
http://en.wikipedia.org/wiki/Ramtha#Ramtha
Како што ти тврдиш дека објавата во која ти веруваш е баш таа вистинската, така по таа логика и оваа може да биде вистинска! Совршен креатор, не создава нешто за кое после се кае, не ги дава своите закони испишани на камења, нема човечки особини како љубомора, гнев, жал итн! Не создава универзум 15 милијарди светлосни години голем, за да се замара поединечно со секој човек што и како направил и да му суди поаради тоа! Тоа се глупости во кои ни децата веќе не веруваат во нив!