Зошто атеистите му се лутат на Бог

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Постојат ли такви луѓе. Кога си во неволја да се жртвува себе си за тебе да ти биде добро? Има ли такви луѓе?
Јас имам 5 пријатели кој практично ги знам одкако паметам за себе, не се сатанисти, не се ни сите верници, но некој од нив се! И да, во неколку ситуации кога ми биле потребни биле тука. Знаат да сослушаат, знаат да прифатат став кој е поинаков од нивниот и затоа ги ценам, сакам и се гордеам што ми се пријатели!
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Искрено да ти кажам дека се најдов во твојов пост. Сум се наоѓал во повеќе ситуации со млади луѓе кои ја примиле верата со своето раѓање и живееле цело детство во фамилија каде што морале да одат во црква на секој празник, додека повеќето од нив биле и тепани од своите родители ако направат нешто што таткото на го прифаќа (таткото е судијата).

Ги почитувам сите, без разлика на вера, се` додека не почне да досадува и да ме омаловажува. Секој човек има граница, а толеранцијата кај мене е во малку поголемо поле по овие прашања.

А тоа дека си ми кажал сум му се лутел јас на Бог, е твое лично мислење. Само што е многу погрешно поставено. Тој не постои за мене, едноставно. Никој не успеал да ми докаже дека постои.
Не се вознемирувај веднаш, рилакс, како што велат англичаните, па чајче од тревка за смирение и се по ред. Ќе почекам уште малку да се испукате вие атеистите, бидејќи нели се делиме на теисти и атеисти, а потоа следува шах-мат. Зошто се лутат атеистите на Бога. Само пукајте, но не со ќорци, туку со аргументи. Досега не видов НИТУ ЕДЕН АРГУМЕНТ, а сепак се лутите. Зошто?
 
F

Frankie Yale

Гостин

Не приметив никакво вознемирување:toe:
Јас не сум му лут на Господ зошто сметам дека не постои. За да некој атеист може да биде лут на Господ тој најверојатно се откажал од него од лични причини, некоја несреќа во живот (прерана смрт на близок итн) и таквите најчесто се враќаат назад кон религијата веднаш откако ќе им се случи некоја добра работа или пресврт кон добро во нивниот живот. Јас се откажав од објективни причини па сметам дека ако утре станам милијардер нема да почнам да верувам во него, ниту пак се откажав зошто нешто лошо ми се случило во животот сосема спротивно, мојот живот беше и остана сосема нормален и пред и откако се откажав од него. А признавам дека првите неколку недели по моето откажување имав некој ирационален страв дека нешто лошо ќе ми се случи т.е дека Господ ќе ме казни. Еве веќе подолго време сум атеист и се е како што беше во мојот живот (освен некои ситници нормално) и знам дека ако на пример во скоро време ми се случи некоја несреќа пример ме лупне кола, тоа е зошто јас или возачот сме биле невминателни, не зошто некоја невидлива фигура решила да ме казни.
Еве еден аргумент од моја страна...
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Не се вознемирувај веднаш, рилакс, како што велат англичаните, па чајче од тревка за смирение и се по ред. Ќе почекам уште малку да се испукате вие атеистите, бидејќи нели се делиме на теисти и атеисти, а потоа следува шах-мат. Зошто се лутат атеистите на Бога. Само пукајте, но не со ќорци, туку со аргументи. Досега не видов НИТУ ЕДЕН АРГУМЕНТ, а сепак се лутите. Зошто?
Болдираното.....искрено, тажно. Се додека се делиме на ваков начин, па после теистите си имаат свои караници кои од која гранка или религија се.....се додека вака правиме, неколку луѓе што на прст ќе може да ги изброиме ќе ги користат ваквите глупости да не остават сами да си се испоубиеме и да го намалиме бројот на човечки суптества на планетава. Divide and conquer.
 
T

Tetro

Гостин
Не се вознемирувај веднаш, рилакс, како што велат англичаните, па чајче од тревка за смирение и се по ред. Ќе почекам уште малку да се испукате вие атеистите, бидејќи нели се делиме на теисти и атеисти, а потоа следува шах-мат. Зошто се лутат атеистите на Бога. Само пукајте, но не со ќорци, туку со аргументи. Досега не видов НИТУ ЕДЕН АРГУМЕНТ, а сепак се лутите. Зошто?
Не сум вознемирен. :) пред малку бев надвор, консумирав чист воздух. Имав напорен ден, ама добро се заврши.
- Какви аргументи сакате на прашањето ваше?
- Зошто мислите дека ќе излезете од тука со победа?
- Дали се натпреваруваме во нешто?
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Не сум вознемирен. :) пред малку бев надвор, консумирав чист воздух. Имав напорен ден, ама добро се заврши.
- Какви аргументи сакате на прашањето ваше?
- Зошто мислите дека ќе излезете од тука со победа?
- Дали се натпреваруваме во нешто?
На првото прашање искрен одговор: Зошто атеистите се лутат на Бога?
На второто прашање: Нема победник ниту поразен.
На третото прашање: Не се натпреваруваме во ништо. Шах-мат е крајот. После тоа нема ништо. Така. Останува само она што е напишано. А она што е напишано - тоа е вистина. Писмото секогаш е вистина.
 
S

Sagan

Гостин
... се делиме на теисти и атеисти, а потоа следува шах-мат...
Никој никого не може да матира. Штета ако мислиш дека ќе докажеш нешто и со тоа ќе “победиш“ некого.
Смислата на верата (религијата за тебе) е да се победиш самиот себе, да се издигнеш емоционално, духовно и на секој начин, за да постанеш подобар човек и да постигнеш среќа.

Немаш потреба да матираш други. Ниту да мислиш дека ќе доживееш илуминација ако го сториш тоа. Ниту пак некој може тебе да те матира...
 
T

Tetro

Гостин
На првото прашање искрен одговор: Зошто атеистите се лутат на Бога?
На второто прашање: Нема победник ниту поразен.
На третото прашање: Не се натпреваруваме во ништо. Шах-мат е крајот. После тоа нема ништо. Така. Останува само она што е напишано. А она што е напишано - тоа е вистина. Писмото секогаш е вистина.
Јас пак ќе повторам дека не можам да се налутам на некој кој не го познавам. Значи, никогаш се немаме сретнато. А ако се сретнеме некогаш, тогаш тоа ќе биде друга приказна.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Никој никого не може да матира. Штета ако мислиш дека ќе докажеш нешто и со тоа ќе “победиш“ некого.
Смислата на верата (религијата за тебе) е да се победиш самиот себе, да се издигнеш емоционално, духовно и на секој начин, за да постанеш подобар човек и да постигнеш среќа.

Немаш потреба да матираш други. Ниту да мислиш дека ќе доживееш илуминација ако го сториш тоа. Ниту пак некој може тебе да те матира...
Прочитај што пишува во постот погоре, ако те мрзи еве ти копи-пасте.

На првото прашање искрен одговор: Зошто атеистите се лутат на Бога?
На второто прашање: Нема победник ниту поразен.
На третото прашање: Не се натпреваруваме во ништо. Шах-мат е крајот. После тоа нема ништо. Така. Останува само она што е напишано. А она што е напишано - тоа е вистина. Писмото секогаш е вистина.
Дали твојот пост има смисла?

За она што е болд. Да те подучам: Религија и вера се две различни работи. А еве имаш и протекција, само за тебе, да ти ја кажам и смислата на верата, а таа е Крстниот завет. Тоа што го збориш нема врска со верата во Исус Христос, но невероватно се вметнува во одговорот на прашањето: Зошто атеистие му се лутат на Бога?
Па очекувам дека ќе реплицираш, но дали имаш вистински одговор?
Те молам само не ја повторувај излитената фраза: атеистите не веруваат во Бога. Па ако не веруваат тогаш зошто се лутат на Бога?
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Прочитај што пишува во постот погоре, ако те мрзи еве ти копи-пасте.

На првото прашање искрен одговор: Зошто атеистите се лутат на Бога?
На второто прашање: Нема победник ниту поразен.
На третото прашање: Не се натпреваруваме во ништо. Шах-мат е крајот. После тоа нема ништо. Така. Останува само она што е напишано. А она што е напишано - тоа е вистина. Писмото секогаш е вистина.
Дали твојот пост има смисла?
Да, неговиот пост прави смисла.

Ако не се натпреваруваш во ништо, тогаш шах-мат е оксиморон.

Верата во виша сила треба некого да направи да биде подобро човечко суштество, а не некој/а што ќе се натпреварува чие е поголемо. Треба сите луѓе да се гледаат еднакво. But, thats just me.
 
S

Sagan

Гостин
Јоане бре Јоане... не сакам да се вадам, ама кога ти си го постирал твојот, јас сум го пишувал мојот пост.
Сеедно. Има и победници и поразени. Секогаш и секаде.
Победници се оние кои успешно ја фрлаат прашината на својата вистина во туѓи очи и си вообразуваат дека пронашле универзална вистина која секој треба да ја прифати.
Поразени се сите кои не ја бараат вистината за себе, туку потпаѓаат под пропаганда на туѓа, веќе зготвена.

Ништо што е напишано не е вистина. Ниту твоето, ниту моето, ниту Мојсеевото, ниту Мухамедовото.
Вистината не трпи писмо. Вистината е нема. Таа молчи. Чека секој да ја открие за себе.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Да, неговиот пост прави смисла.

Ако не се натпреваруваш во ништо, тогаш шах-мат е оксиморон.

Верата во виша сила треба некого да направи да биде подобро човечко суштество, а не некој/а што ќе се натпреварува чие е поголемо. Треба сите луѓе да се гледаат еднакво. But, thats just me.
Едно сосема незначајно прашање. Да ја земеме следната хипотетична ситуација. И јас и ти сме верници. Веруваме во исти бог. Ти си примерна, поштена, помагаш на оние кои имаат потреба итн. се суперлативи. Јас сум чиста дијаметрала. Знам да поткрадам, оговарам, понижувам итн. но верувам дека постои бог, знам дека вели да бидам добар, поштен итн. но има нешто што ме тера на такви работи. Сакав да те прашам: Кого Бог повеќе го милува? Оној кој е опишан во првиот лик, или оној од вториот лик?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Едно сосема незначајно прашање. Да ја земеме следната хипотетична ситуација. И јас и ти сме верници. Веруваме во исти бог. Ти си примерна, поштена, помагаш на оние кои имаат потреба итн. се суперлативи. Јас сум чиста дијаметрала. Знам да поткрадам, оговарам, понижувам итн. но верувам дека постои бог, знам дека вели да бидам добар, поштен итн. но има нешто што ме тера на такви работи. Сакав да те прашам: Кого Бог повеќе го милува? Оној кој е опишан во првиот лик, или оној од вториот лик?
Еве една друга хипотетичка ситуација: Кога црвенкапа одела кај баба и, дали волкот сакал да ја изеде како предјадење или како главно јадење?
 
Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
Квазиатеистите на форумов, имале петка физика во средно, мислат дека имаат од нешто познавање и агресивно пишуваат глупости по форумов затоа одавна не коментирам на религија нема компетентни луѓе со аргументи да зборуваат туку простаци како неколкуве на првава страна од темава.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Јоане бре Јоане... не сакам да се вадам, ама кога ти си го постирал твојот, јас сум го пишувал мојот пост.
Сеедно. Има и победници и поразени. Секогаш и секаде.
Победници се оние кои успешно ја фрлаат прашината на својата вистина во туѓи очи и си вообразуваат дека пронашле универзална вистина која секој треба да ја прифати.
Поразени се сите кои не ја бараат вистината за себе, туку потпаѓаат под пропаганда на туѓа, веќе зготвена.

Ништо што е напишано не е вистина. Ниту твоето, ниту моето, ниту Мојсеевото, ниту Мухамедовото.
Вистината не трпи писмо. Вистината е нема. Таа молчи. Чека секој да ја открие за себе.
Напишав: ПИСМОТО СЕКОГАШ Е ВИСТИНА.
Да појаснам. Она што е напишано СЕКОГАШ Е ВИСТИНА. Ако содржината на писмото е реалност, тогаш писмото сведочи за таа реалност и за запишувачот на таа реалност. Ако содржината на писмото е лага, ПИСМОТО ЈА ОДРАЗУВА ВИСТИНАТА ДЕКА СОДРЖИНАТА ВО НЕГО Е ЛАГА од запишувачот. Така писмото секогаш е вистина.

--- надополнето ---

Еве една друга хипотетичка ситуација: Кога црвенкапа одела кај баба и, дали волкот сакал да ја изеде како предјадење или како главно јадење?
Чекај утре ќе одам во детската градинка, да ги прашам дечињата, па се надевам дека одговорот ќе го задоволи твојот глад за знаење.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom