Извини те помешав со него, мислив од Прилеп си. Но и за тебе важи тоа што реков. Википедијата е да те упати што да читаш, сигурно никој нема да ти донесе литература дома. А и да ти донесе не верувам дека ќе прочиташ.
Немам јас никаков страв. Посебно не од битија што не постојат. Што ти е тебе толку страв да ги кажеш твоите години? Чисто да имам претстава на што човек се обраќам. Се срамиш од нив?
Искрено жал ми е за тоа што ти се случило, Жално е за секој родител. Немам одговор за тоа. Не би сакал да коментирам.
Вака две работи болдирав. Прво, дали се срамам од годините. Не. Тие се мои и никој не може да ми ги земе. Бројот на годините поминати на земјата не се некое вистинско мерило. Тие се искуство, искуство на живеење, искуство со кризи, искуство со радост, жалост, смртни ситуации. Бројот воопшто не е важен.
„Немам одгвор за тоа“ - тоа е твојот одговор. Но јас имам одгвор. Еве ќе ти одгворам преку една личност од Библијата, а тоа е Авраам, таткото на верата. Преку него ќе ти одговорам. Тој немал деца, немал земја итн. Да не раскажувам. Потоа имал дете од слугинката Агара кое се викало Исмаил, но неговата жена Сара го натерала да ја испади Агара и детето. Тој тоа го направува и ја пади и сега пак е со жената своја и пак нема деца. Еве му доаѓат тројца и му велат дека Сара ќе роди син. И се раѓа син. Авраам во тие денови кога му се родил синот имал повеќе од 90 години. И си го засакал синот. Го засакал многу, толку многу што заборавил дека тој СИН МУ Е ПОКЛОН ОД БОГ, кој не го познавал, туку кому само гласот му го слушал. Сега овој Бог кој му подарил син, му вели на Авраам да го жртвува. Авраам не разбира, но тоа го прави. Го прави со ВЕРА ДЕКА ОВОЈ БОГ, КОЈ ОВА ДЕТЕ МУ ГО ДАЛ КОГА ТОЈ БЕШЕ СТАРЕЦ И НЕ МОЖЕШЕ ВЕЌЕ ДА ИМА ДЕЦА, СЕГА КОГА ЌЕ ГО ЖРТВУВА НА ИСТИОТ БОГ,
ТОЈ БОГ Е МОЌЕН И СИЛЕН ПАК ДА МУ ГО ДАДЕ СИНОТ. Веруваше против секоја надеж.
Јас не сум Авраам, ниту пак со него се споредувам. Но овој настан ми послужува да го искажам недвосмислено својот став.
Можеш, да заклучиш, дека јас верувам и знам да тоа дете е живо, ми беше дадено на поклон, одредено време да биде со мене, а потоа го зеде и го однесе на подобро место. Тоа дете е живо и радосно, таму каде што е.
Но, ќе прашам, еве ти одговори, можеби некој ќе се обиде да дискутира, на вакви случаеви, и на милион случаеви, каде ќе бидеме повредени од некој, се лутиме. Се лутиме па и на глупости, на предмети итн. Но не можеме да ги окривиме предметите за ситуацијата. А сепак атеистите, повеќе се лутат на Бога, отколку теистите. нелогично, но вистинито.
Можеби, во потсвеста, сепак има нешто што ги кочи... Психолигијата, можеби ќе даде одговор и ќе имаме „емоционални атеисти“.