Здраво дечки.
Ај и јас да си ја кажам маката, со надеж дека некој ќе помогне.
Некаде при почетоков на годинава забележав опаѓање на косата, проследено со чешање, имам и црвенило на скалпот. Отидов кај дерматолог, ми даде синодерм гел, се мачкав околу два месеци, немаше никакво подобрување. Човекот креваше раменици кога го прашав што да правам со опаѓањето на косата (wtf).
Ок тоа, зедов упат, отидов во Скопје во клинички центар, ми препишаа Кетоконазол и Алпикорт лосион. Имаше некое подобрување со Алпикортот, само за месец дена користење пак имаше големо опаѓање, сепак не толку како порано. Следниот пат кога виде дека се подобрува ситуацијата, ми препиша Panthenol заедно да се користи со Кетоконазол. Состојбата се влоши, Пантенолот косата ми ја мрсеше многу. После ми препиша Jin Jira со Алпикорт и Кетоконазол, ситуацијата воопшто не се подобри. Нон стоп пиев Бедоксин три пати на ден. Сега користам Келуал шампон и лосион и ми даде едни апчиња Clarion кои биле против чешање, Бедоксин веќе не пијам. Додека ги пиев Clarion 2 недели, чешањето скоро и да престана, сега веќе не ги пијам и чешањето почнува да се враќа. Со опаѓањето нема подобрување, дури од пред 2-3 месеци се гледа изретченост кај темето и залистоците.
Некаде кај февруари бев и на анализи за тироидната жлезда, рекоа дека е супер. А со години имам проблем со оние кафеави флеки што се појавуваат најчесто во лето, но со неколку мачкања со Канестен се губеа на неколку месеци. Моментално важно ми е да го средам чешањето, а после ќе видам што ќе правам со опаѓањето. Претпоставувам дека се поврзани опаѓањето и чешањето. Инаку имам 21 година.
Ако имате некој предлог каде да се обратам, што да направам или слично, ќе ви бидам многу благодарен ако предложете нешто.