ДЕМОНСКИ ВЛИЈАНИЈА И ЕНЕРГЕТСКИ НАПАДИ ОТФРЛЕНА ВИСТИНА.

  • Креатор на темата Креатор на темата Пријател
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Локација
Makedonija
Поради неможноста овие појави научно да се докажат се негира нивното постоење поради што луѓето немаат начин
да се справат со тоа во што не веруваат дека постои.
Нивните влијанија се резултираат кај човечкото однесување
со страв, себесомневање, чуство дека некој не следи, анализа на туѓото мислење за нас, депресија, појава на шизофрении и сл.
Секако дека овие состојби укажуваат на параноидна
состојба но не им верувајте на последиците, верувајте им на причините за тоа.
Сигурно дека оние кои се вистински верници без разлика на религијата додека практикувале молитва почуствувале, можеби некое нарушување на нивните мисли за време на молитвата, можеби немир, страв, сомнеж во себе, или пак дека како некој во себе им зборува на некој начин или пак ги набљудува.
Исто и оние кои медитираат и се континуирани во нивните намери за себеспознавање ќе ги препознаат тие симптоми.
Истото се случува и кај оние луѓе што имаат чиста душа и срце а воопшто не се ни свесни ни насочени кон ништо духовно.
Овие влијанија немаат ефект само кај луѓе со изграден духовен имунитет.
Духовниот имунитет претставува високо френкфрентно енергетско поле односно кога личноста е со постојаност
во љубовта.
Односно кога електро-фотонска емисија на нашето тело и
душа позната како аура е со висока вибрација, а таа висока вибрација сама по себе е љубов.
А кога човекот вибрира со висока вибрација ништо ниско неможе да му влијае, односно стравот, депресијата, и сите други негативни чуства и состојби што се со ниска френкфренција неможе да му влијаат.

Духовен имунитет единствено може да се постигне со практикување на молитва или медитирање а најдобро е и двете заедно.

Овие влијанија се многу посилно изразени кај луѓето што се посветени на себеспознавањето, значи верници, луѓе што медитираат и сите оние кои имаат многу чиста душа и срце.
И покрај тоа што денес имаме врвна и софистицирана технологија, постоењето на овие појави не зависи од технолошкиот развој на нашата планета.

Без разлика дали овие појави ќе си ги признаете на себе или не,тие постојат и делуваат деструктивно врз вашите животи и животите на вашите блиски.
 
Дали зборуваш за егзорцизам?
 
Мислам дека зборува за прочистување на умот и телото со медитација и други ритуали со што ќе се донесе умот на повисок степен и ќе биде поотпорен на лоши влијанија. Јогата помагала ама мене умот ми го разбиструва трчањето на кеј и слушањето на музика :)
 
Tрчањето е најака медитациона техника што некогаш постоела.
Има мали цаки ритамот е у прашање ама штом ти прија тогаш знаеш и сам. :)
 
Не зборувам за егзорцизам, ниту за прочистување и ниту да се развие умот на повисоко ниво, да сето тоа е поврзано но целта не ми е таа.
Темата ја отворив со цел да ги погледнеме деструктивните појави во нашите животи кои влијаат на нас,
односно она што се случува на енергетски план, но е невидливо за нас.
Од тоа колку прегледи има темата, а колку малку одговори за тоа кратко време од кога е отворена, може да се види дека луѓето
не се свесни за овие појави што навистина е жално, сигурни има и такви кои се сомневаат дека можеби постои некое негативно енергетско односно демонско влијание или влијание некои други ентитети со темна природа, но не се осмелуваат вистински да размислуваат и дебатираат за тоа поради тоа што го следат умот а не своето срце.
Но има и некои кои се свесни за тоа, но го потценуваат тоа влијание и не превземаат ништо позначајно, секако дека оние кои се свесни
за тоа не треба да се плашат или пак да шират страв од овие појави во секојдневнието.
Едноставно треба оние кои се свесни односно разбудени да одржуваат контакт меѓу себе, и да работат на себе на духовен план односно да внесуваат повеќе светлина во себе и тоа
да биде практично применето во секој дневниот живот.
Исто луѓето често не се осмелуваат да покажат свој став и да се извојат од мнозинството поради страв за да не бидат отфрлени од
другите и се откажуваат од себе со цел да им угодат на очекувањата на другите за тоа каков треба да биде нечии живот.

Искрено кажано секој човек на некој начин е свесен за тие појави, но не секој избира да разбуди доволно љубов во себе за да може
да направи избор во својот живот и да почнат да се случуваат чуда во него.
 
Сеуште не сум сигурна за што точно е темава, но имам нешто слично читано во „Розата од вода“ од Едни Македонци, за размената на енергија меѓу луѓето. Ќе ставам еден мал извадок од книгата, па ако е офтопик може модераторот да го тргне овој пост.

На крај, третиот увид зборуваше дека човештвото, всушност, ја загубило својата константна врска со енергијата на целоста и дека како последица на тоа се јавува енергетска инсуфициенција кај секој поединец.
За да ја надокнади оваа енергија, човекот несвесно започнува да ја краде од другите луѓе, дури и од своите најблиски. На овој начин се создава еден несвесен натпревар кој е причина за сите човечки судири на светот, од најбаналните – семејните – па до светските војни.

Четвртиот увид го објаснува принципот на крадење енергија и тој е многу едноставен. Секогаш кога ве контролираат, вие губите енергија, односно дел од вашата аура се влева во соговорникот кој ве надзборел и исконтролирал. Принципот го негира интелектуалниот дијалог, оставајќи го само за привилегираното малцинство и го сведува на манипулација чија крајна цел е исцедување на енергијата на противникот.
Сепак, нагласува дека ова е несвесна игра и дека манипулацијата е последица на несвесниот страв од останување без енергија.
Увидот е илустриран со неколку примери, од кои најкарактеристичен е оној во кој е опишано движењето на енергијата при кавга во едно семејство. Имено, главниот јунак и неговиот пријател, кој има способност да ги гледа туѓите аури, присуствуваат на вечера во еден пансион кој го води едно типично перуанско семејство селани.
Вечерата ја служи ќерката, која постојано ги трпи беспричинските критики и омаловажувања на своите родители, па во еден момент побеснува поради тоа и вечерата што треба да ја сервира ја фрла в лице на мајка си. Вил, така се вика пријателот на главниот јунак кој има способност да ги гледа аурите објаснува дека со своето однесување, родителите на девојката толку и одзеле од нејзината аура, што таа едноставно морала да експлодира со цел да поврати дел од изгубената енергија или – да умре.

Шестиот увид зборуваше за четирите несвесни стратегии со кои крадеме енергија од околината и дека без нивно надминување не постои можност сами да ја користиме оваа универзална енергија.
Џ. Редфилд стратегиите ги нарекува контролни драми, тргнувајќи од фактот дека губите енергија секогаш кога сте контролирани од некого и дека на овој начин животот, всушност, се сведува на борба за контрола, односно несвесна борба за енергија. Човекот, за да оствари контрола над еден или повеќе други луѓе, несвесно одигрува четири вида на ситуации со чија помош ја остварува контролата. Две од нив се агресивни, активни, а другите две се дефанзивни, односно пасивни. „Застрашувач“ е веројатно општо најпознатата драма. Секогаш кога некој ќе не исплаши, најчесто со агресија, нам ни се сечат нозете. Односно, по принципот на динамиката на енергетските полиња ние губите енергија, а застрашувачот ја добива и се чувствува силен. Но, штом ќе ја потроши таа енергија, тргнува во потрага по нова жртва, и така циклусот се повторува и се останува перманентно отсечен од изворот. Ова не се однесува само на поединци и на цели колективи, туку и на нации и на држави, особено кога се во војна.
„Интерогатор“ – испитувач е најчестата драма на поединци vis-à-vis поединци. Испитувачот (или во наш превод подобро би било – поткопувач) е вид на личност која ви приоѓа како пријател, дознава се за вас и ве врзува за себе, нудејќи ја својата несебична поддршка се додека не согледате дека, всушност, систематски ја поткопува вашата самодоверба, дека сте станале зависник од него, односно сте вовлечени во неговата контролна драма.
„Таинствен-а“ е пасивна контролна драма. Обично актерот зрачи со – „јас знам нешто што ти многу сакаш да го дознаеш“, создавајќи ситуација во која обично се вплеткуваат „испитувачи“. Доколку „испитувачот“ не го навлече на себе „таинствениот“, таинствениот го контролира „испитувачот“ и му ја одзема енергијата.

„Сирот јас“ е најпасивната контролна драма. Тука актерот постојано се жали дека му е тешко и дека не успева во животот поради вас. Ова е типична семејна контролна драма на т.н. жена – домаќинка, која постојано се жали на својата судбина предизвикувајќи сожалување кај останатите членови во семејството и на тој начин држи контрола на ситуацијата.
 
Тоа ти што ги викаш демонски влијанија, јас ги гледам као дел од нас. Ние сме Јин Јанг. Имаме и добри и лоши особини. За да си ја спознаеш твојата “лоша“ страна, земи на еден лист и почни да ги пишуваш сите особини ти што ги сметаш за негативни. Па после земи разглаби ги и почни да ги трансмутираш. Се додека се бориме против нив, тие стануваат посилни - а тоа е баш непожелно во мои очи.
 
Доколку на лошото му се врати со лошо тогаш само го подржуваме во неговото постоење, да тоа ми е јасно, само светлината може да ја
истера темнината, и само љубовта може да ја победи омразата со тоа што и таа ќе ја преобрази во љубов односно и омразата ќе
постане добро.
Но јас конкретно укажав на постоењето на демони односно битија од темната природа и секакви форми на енергии од тој тип кои не се битија ниту се личности и кои извршуваат енергетски напади, празнења,
енергетски манипулации и сл, за тоа е темата за влијанието на негативниот поларитет врз луѓето во секојдневнието.
И за начинот за отстранување на тие влијанија врз нас преку себеспознание, вера и љубов.
 
Ова:

страв, себесомневање, чуство дека некој не следи, анализа на туѓото мислење за нас, депресија, појава на шизофрении и сл.

и ова:

можеби некое нарушување на нивните мисли за време на молитвата, можеби немир, страв, сомнеж во себе, или пак дека како некој во себе им зборува на некој начин или пак ги набљудува.

Се сосема нормални состојби и чувства...освен шизофренијата секако....во мои очи немаат никаква врска со демони нити со негативни енергии. АКО у случај се осеќаш стално изнемоштен и ги отстраниш сите медицински можности - е тогаш можно е некој да ти ја краде твојата енергија.
 
Почитуван модераторе темата нема допирни точки со видео записи од Мајкал Џексон.

--- надополнето ---

--- надополнето ---

Темата е отворена со цел себеспознание Љубов и Светлина ве молам не се обидувајте да го омаловажите или исмејувате тоа,
ако не се согласувате нормално дадете свое мислење подржано со аргументи а не само колку да негирате.
 
Не го сконта постот очигледно ама ајде...значи ти стравот и депресијата им ги препишуваш на демонски влијанија и обично плацебо го пакуваш во Прозак.Ама ае да го сведеме на тоа ниво...зошто таа аура не е видлива и дали и предметите паѓаат во депресија?(бидејки сета материја зрачи гама зраци,значи ли дека секој атом има аура?)
 
Не збори глупости лаптопот ми е у депресија бар пола година.
 
Не зборувам за егзорцизам, ниту за прочистување и ниту да се развие умот на повисоко ниво, да сето тоа е поврзано но целта не ми е таа.
Темата ја отворив со цел да ги погледнеме деструктивните појави во нашите животи кои влијаат на нас,
односно она што се случува на енергетски план, но е невидливо за нас.
Од тоа колку прегледи има темата, а колку малку одговори за тоа кратко време од кога е отворена, може да се види дека луѓето
не се свесни за овие појави што навистина е жално, сигурни има и такви кои се сомневаат дека можеби постои некое негативно енергетско односно демонско влијание или влијание некои други ентитети со темна природа, но не се осмелуваат вистински да размислуваат и дебатираат за тоа поради тоа што го следат умот а не своето срце.
Но има и некои кои се свесни за тоа, но го потценуваат тоа влијание и не превземаат ништо позначајно, секако дека оние кои се свесни
за тоа не треба да се плашат или пак да шират страв од овие појави во секојдневнието.
Едноставно треба оние кои се свесни односно разбудени да одржуваат контакт меѓу себе, и да работат на себе на духовен план односно да внесуваат повеќе светлина во себе и тоа
да биде практично применето во секој дневниот живот.
Исто луѓето често не се осмелуваат да покажат свој став и да се извојат од мнозинството поради страв за да не бидат отфрлени од
другите и се откажуваат од себе со цел да им угодат на очекувањата на другите за тоа каков треба да биде нечии живот.

Искрено кажано секој човек на некој начин е свесен за тие појави, но не секој избира да разбуди доволно љубов во себе за да може
да направи избор во својот живот и да почнат да се случуваат чуда во него.

Немам сомнеж околу постоењето на енергетските вампири, дури и интересно ми е да ги детектирам оние околу мене. Ако имаш довојлно љубов, разбирање и не заборавај само добри мисли( и тоа за нив)_ -тие јадни ништо не ти можат. Злото се храни од хаос и овде помага медитацијата или скротувањето на умот заради доведување на сите тела во баланс.
 
Да ова го опфаќа едниот дел од темата.
Вториот дел беше за директното енергетско влијание на овие темни ентитети демони.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom