Тантаров: Мелничарите веднаш да ја намалат цената на лебот

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.340
Мелничарите добија одлична цена и со тоа тие треба уште утре, односно по преземањето на овие количини да ја намалат цената и да формираат разумна цена, вели земјоделскиот лидер, Вељо Тантаров

83B6CCA5BF9DE74094879B30764EB32D.jpg


Државната интервенција од 40.000 тони меркантилна пченица од стоковите резерви по цена од 15,5 денари ќе мора да ги натера мелничарите да ја намалат цената на лебот и брашното до следната жетва. Ова го тврди претседателот на Сојузот на земјоделците, Вељо Тантаров кој очекува мелничарите веднаш да ја намалат цената на лебот откако ќе ги добијат количините државна пченица.

Цената на лебот за кратко време на два пати се покачи. Тантаров оценува дека понудените количества државна пченица се солидни.
-Одлуката на Владата да остапи од своите амбари 4 милиони килограми пченица за потребите на мелничарите сметаме дека ќе направи ред во формирањето на цената на лебот и брашното на пазарот. Мелничарите добија одлична цена и со тоа тие треба уште утре, односно по преземањето на овие количини да ја намалат цената и да формираат разумна цена - вели Тантаров.
Според информациите добиени од мелничарите овие количества покриваат 40-дневна потрошувачка на пченица во земјава. Понудената цена од 15,5 денари е одлична и е добра основа да се стабилизира цената на лебот.

Фармерите очекуваат Владата да интервенира од стоковните резерви и кај јачменот за да им помогне на сточарите кои се соочуваат со скапа добиточна храна.
Годинава се насеани повеќе површини со жито и се очекува богат и квалитетен род.
-Оваа година засеани се за 40 насто повеќе површини со жито во однос на лани како резултат на владината мерка за заштита на домашното производство. Се надеваме на богат род кој ќе задоволи поголем дел од потребите за лебно жито во земјава и ќе ја намали зависноста од увоз на лебно жито - појасни Тантаров.

Во Пелагониско веќе се продадени и последните количества на пченица по цена од 20 денари по килограм и повеќе нема жито за продавање.

Светлана БЛАЖЕВСКА
 
Мелничарите се лопови бр. 1 Купија евтино жито во сезона, а сега цената на брашното е 800 + денари, а и лебот само се качува.. Немаат срам!
 
Site se lopovi br1....lesno e da bides lopov br.1 vo drzava koja ima tolku mnogu nevraboteni....siromasni i ZAVISNI od milosta na partijata....... lugje.
Pocni od trgovcite so lekovi , pa preku site drugi "trgovci"...zavrsi so "luksuznite" trgovci so avtomobili...za bankarite i POLITICARITE ????...muabet da ne praime....:)
 
Ке ја намалат сигурно хаха, ке тераат месец дена вака ке земат некој денар плус и после ајдее ке разговараме, ке преговараме и на крај ке ја намалат и уште и фала ке треба да им кажеме.А тоа што месецов ке си искористат и ке си ќарат свака им част.Си можат па си прават..зашто увек кај нас ваквите работи прво мора да се случат и некој ќар да извади па после ке ги менуваме, наместо да се спречи пред да почне.Изгледа никој не води ред за тоа
 
Текстов е за на референдум, а прашањето би било кој е експертот, Вељо или новинарката ???? А можеби и оној кој го чита, м?

А и Вељо сега не носи мустаќи, да не го помислат Асан од „селската“ на оваа фотографија.
 
`Оваа година засеани се за 40 насто повеќе површини со жито во однос на лани како резултат на владината мерка за заштита на домашното производство. `

Се кладам у 100 векни леб дека житарите ќе завршат како тутунарите на колена пред владат кога ќе падне цената на житото поради зголеменото производство.:tapp: На лето очекувајте штрајк на производителите на пченица. Ем алчни ем глупи ТрагиКомедија се.
 
Македонија годишно троши 220 илјади тони, а произведува 120 илјади тони...Со новиот закон донесен пред 4-5 месеци,владата дозволува по 1 увезен килограм на секој 3-ти наш...Тоа се дополнители 40 илјади тони што вкупно даваат 160...И како што THE_CHOSEN_ONE рече дека државата ке направела интервенција со 40 илјади тони тоа се 200....КАДЕ СЕ ТИЕ 20 ИЛЈАДИ ТОНИ И КАКО ДА НЕ ПОСКАПУВА ЛЕБОТ КОГА СЕ Е НЕПИСМЕНО!????
 
...лебот е џабе, јадачката на пазар е багатела, струјата е смешно евтина, бензинот има некоја нормална цена...............................итн.итн....... проблемот е што МАКЕДОНСКИТЕ просечни луѓе( а добро знаете како се добива тој просек во Македонија) СЕ БЕДНО СИРОМАШНИ!!!!!!.....во тој просек и без пари леб да им даваш.... скап ќе им биде. Во моментов 95% од населението 95% од тоа што го "заработува" или го добива од некого како како милостиња, го троши на: јадење, струја, лекови, телефон, превоз, камати, вакви и такви казни и ..загревање !!!
Од друга страна сите на партиско, државно и такви некои нивоа и понатака си драпаат, ли си драпаат мадиња ...............
 
Ова мора да е виц.
Не се само мелничарите. Цела држава живее од лоповштилук.
Појди на автобуска во Скопје и потруди се да изгледаш дека не си овде, да видиш како ќе те обричат легалните таксисти.
Млекото го откупуваат по 15 денари за литар. Колкава треба да биде цената на сирењето ако за еден килограм се потребни околу 6-7 литри млеко?

"Цените на храната во светот драстично се зголемија во последниве месеци. Причината е во растот на цените на суровините."
http://www.dw-world.de/dw/article/0,,14841150,00.html

"Дедо Веле" не знае дека во Македонија пченицата ја купија по пониска цена (8 денари), а производите ги покачија.

Можеби навистина не заслужувавме држава.

Македонија годишно троши 220 илјади тони, а произведува 120 илјади тони...Со новиот закон донесен пред 4-5 месеци,владата дозволува по 1 увезен килограм на секој 3-ти наш...Тоа се дополнители 40 илјади тони што вкупно даваат 160...И како што THE_CHOSEN_ONE рече дека државата ке направела интервенција со 40 илјади тони тоа се 200....КАДЕ СЕ ТИЕ 20 ИЛЈАДИ ТОНИ И КАКО ДА НЕ ПОСКАПУВА ЛЕБОТ КОГА СЕ Е НЕПИСМЕНО!????

Човече неписмен, зошто така тропаш... Ама сепак добри сте вие од трговската категоријата во математика.
Владата го донесе законот бидејќи Македонија годишно има потреба од 400 000 тони пченица а произведува 300 000 тони.
20 000 тони од твојата математика се во џебот на мелничарите затоа што нема потреба од нив. Нашите претпријатија станаа мајстори во креирање на вештачки кризи, како и партиите, како и етничките заедници...

Ај лопови, лопови, ама на јавен форум лопови?!!!
 
Нашите претпријатија станаа мајстори во креирање на вештачки кризи, како и партиите, како и етничките заедници...

Ај лопови, лопови, ама на јавен форум лопови?!!!
Кога им се може, зошто да не. Кога нема кој да ги исплеска ќе прават така. Не треба сите , само најголемите. Во Прилеп не е зголемена цената на лебот. Најголемиот производител Жито Прилеп не се однесуваше лихварски и не го поскапе лебот, а има сопствено брашно. Помалите фурни тука мораат да трпат, купуваат поскапо брашно а имаат поскап леб, па го намалија производството. Поголемите фурни се одат со помал профит или можеби загуба, ама земаат пак поевтино брашно во поголеми количини. Ако се сака се можи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom