Што бараат атеисти на форум за религија?

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Де, кажи му го ова на Лурц, пошто он вика дека е религија и дека има будистички Богови.

Будизмот навистина има бог, кон не се вика Буда, туку е оној „црномањастиот„.

Еве Ти доказ за тоа како и кому му се моли еден будистички верник/монах:

http://www.pravoslavni-odgovor.com/Daleki_Istok/jutarnja.htm

Верувам дека ќе Ти текне кому таа молитва е упатена, разбираш...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.778
Поени од реакции
12.243
Не е така, Лурц! Будизмот е атеистичка религија/филозофија и како таков е суштински поразличен од останатите. Линкот кој си го поостирал до форумот е превод на еден од иние кои ги залепив. И таму, во првата реченица ти го пишува истото. Будизмот не признава Бог.

Не верувам во реинкарнација.

За 8-ката верувам дека држи вода. Се сложувам дека медитацијата води до смрт на егото и до спојување со „едното“.

Христијанството има 39.000 варијанти. Воопшто не ме чуди (не би требало ниту тебе) што луѓето ја валкаат прекрасната будистичка (атеистичка) филозофија со божества во кои можат да ги персонифицираат своите потреби за авторитет. Иако Буда е јасен по ова прашање, како што е Исус дециден по прашањето на молитва, цркви и дарови, луѓето го валкаат, а соодветните иснтитуции го оекплоатираат тоа.

Не разбирам што ти е навалицава со варијантите на будизмот, ама стварно! Мислам дека ти е јасно дека сум атеист - не верувам во постоење на Богови. Зошто ми ги пикаш теистичките варијанти на будизмот под нос?!

И, за крај, да, тоа се прикаски за мали деца, исто како и одењето по вода и кревањето мртви... Што мислиш дека докажуваш со ова?!?! Стварно не те разбирам.
Постојат виши битија (по нашки богови, богчиња), постои реинкарнација, карма...во тие изучувања. Нели нема ова ќе го преземам, а она не (као што велеше за христијаните)? Нели треба да го следиш цело учење во будизмот? Ако го поштуваш и му се приклонуваш, тогаш го прифаќаш и поимот и идејата реинкарнација.

Или...се, се само христијаните се за нигде :) тоа би било селективна критика кон строго селектирани религии, а не непризнавање на богови или виши сили (инаку Сили постојат и во христијанството)
 
Г

Господ

Гостин
Нели треба да го следиш цело учење во будизмот? Ако го поштуваш и му се приклонуваш, тогаш го прифаќаш и поимот и идејата реинкарнација.
Всушност,будизмот дозволува агностицизам кон тоа прашање,тоест можеш да бидеш будист и да се однесуваш агностички кон тоа прашање.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Постојат виши битија (по нашки богови, богчиња), постои реинкарнација, карма...во тие изучувања. Нели нема ова ќе го преземам, а она не (као што велеше за христијаните)? Нели треба да го следиш цело учење во будизмот? Ако го поштуваш и му се приклонуваш, тогаш го прифаќаш и поимот и идејата реинкарнација.

Или...се, се само христијаните се за нигде :) тоа би било селективна критика кон строго селектирани религии, а не непризнавање на богови или виши сили (инаку Сили постојат и во христијанството)
Не извртувај. Никаде не реков дека му се поклонувам на будизмот или дека прифаќам реинкарнација. Од каде сега овој муабет, Лурц?!? кај сум рекол нешто такво, Лурц? Оти вака пишиш сеа одеднаш?

За тоа зошто христијанството вчера ти напишав. Заради тоа што најмногу го познавам и дека низ историјата најмногу срања има направено. И уште ги прави.

Затоа, се трудам да викам Религии. Едно време почнав да користам ЈХИ, ама глеам не се прифати, ниту разбра.

Јас не сум религиозен, Лурц. Не се молам, не се клањам, не одам во цркви да палам свеќи за мртвите. Не му плаќам на попот да ми прска по дома и не викам фала богу, наместо да му се заблагодарам на оној кој ја заслужил благодарноста. Што ти е муабетов со будизмот и варијантите?

Инаку, да си знаеш дека памтам дека за син ти и дедо мраз уште не си ми одговорил.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.778
Поени од реакции
12.243
Не извртувај. Никаде не реков дека му се поклонувам на будизмот или дека прифаќам реинкарнација. Од каде сега овој муабет, Лурц?!? кај сум рекол нешто такво, Лурц? Оти вака пишиш сеа одеднаш?
Ок, можеби сум грешка, но овој пост ме наведе на такво мислење

Мислам дека одговри ти се сервирани, но дека можеби не си дозволуваш да ги прочиташ. За будизмот имам напишано во повеќе наврати. Ајде пак: Од сите филозофско-религиозни учења Будизмот ми е најблизок и најприфатлив. Тоа е атеистичка религија каде целото внимание е ставено на тебе и твојот личен раст и развој. Нема закани, нема лажни ветувања и нема небулози кои се косат со рациото. Кога би морал да бирам (како што мораат да бираат повеќето луѓе во светов) јас би се пишал Будист. Среќа што на нашиот попис има графа атеист.
штом не е така, моја грешка...сфатив.

Инаку, да си знаеш дека памтам дека за син ти и дедо мраз уште не си ми одговорил.
Ех, како не? Кажав дека се доволно возрасни за да знаат многу нешта меѓу кои и тоа дека не постои. Јас не влијаам на нив, ниту збориме за вакви теми (религии, верувања, раптори и тираносауруси). Сепак поголемиот почна да држи пости, верува во Бог...иницијатива на своја рака, според свои размислувања. Надежно е што доста млади оваа тема ја сфаќаат доста сериозно и имат почит кон верата и Бог.

--- надополнето ---

Всушност,будизмот дозволува агностицизам кон тоа прашање,тоест можеш да бидеш будист и да се однесуваш агностички кон тоа прашање.
Но, дали држат вакви молитви?
свакодневна јутарња служба почиње од приношења крвне жртве „чувару вере Џамсаману и осталим суровим божанствима и дусима“
„Призивам владику живота, који је основао своје пребивалиште у југо-западној земљи трупова, велике црвене џелате и шимнусе, који не одступају од заповести Џамсамарана [1] и његове саборце, одајем им почаст великим морем различите крви. Ом-ма-хум...
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ех, како не? Кажав дека се доволно возрасни за да знаат многу нешта меѓу кои и тоа дека не постои. Јас не влијаам на нив, ниту збориме за вакви теми (религии, верувања, раптори и тираносауруси). Сепак поголемиот почна да држи пости, верува во Бог...иницијатива на своја рака, според свои размислувања. Надежно е што доста млади оваа тема ја сфаќаат доста сериозно и имат почит кон верата и Бог.
Ех, Лурц, Лурц... пак со гимнастиката... Зошто толку бегаш од едноставен одговор!?!? Стварно ме чудиш.

Ај да пробам вака: Замисли дека имаш уште едно дете, еве, машко нека е, и дека сега има 15 години. Некаде во октомври 2011 доаѓа и ти вика: „Тато, јас вчера се молев Дедо Мраз да ми донесе за Нова Година нов iPhone 4.“

Што ќе му кажеш?
 
Јас би му купил ериксон цигла и после би му рекол "ете те заеба прчот".
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.778
Поени од реакции
12.243
Ех, Лурц, Лурц... пак со гимнастиката... Зошто толку бегаш од едноставен одговор!?!? Стварно ме чудиш.

Ај да пробам вака: Замисли дека имаш уште едно дете, еве, машко нека е, и дека сега има 15 години. Некаде во октомври 2011 доаѓа и ти вика: „Тато, јас вчера се молев Дедо Мраз да ми донесе за Нова Година нов iPhone 4.“

Што ќе му кажеш?
Ако има 15 години, ќе сурфа по нет, ќе збори со повозрасни и ќе знае дека дјед Мраз не постои. Ако има 5-6 години тогаш ќе верува...ќе му речам добро сине, нешто слично. Оставам сам да открие дали има или нема.
Но ајфон нема да побара ако има 5 години...едино може чоколадо или блуза, точак. Ако има 15 ќе побара кола и кондоми, а за ајфон ќе се снајде :)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Вообичаено, одредени работи не се земаат во предвид. На пример, повеќето од религиите покрај низата ограничувања и глупости што ги наметнуваат, на дел од религиозните во извесна мера им го олеснуваат и збогатуваат животот. На пример надежта, колку и да е неоснована понекогаш, или пак помирливоста со некои навистина неизбежни состојби и препреки. Дали сте дошле до податокот дека депресијата кај верниците (зборувам за онаа категорија на т.н. вистински верници (некаква златна средина меѓу оние кои обично се декларираат како такви и збрлавените фанатици), е мошне малку застапена процентуално во споредба со атеистите? Очигледно на некои верата во некого и во нешто им е доста потребна, за да излезат на крај со себеси и со средината во која што живеат. И ако е така, и доколку ја нема наметливоста и агресивноста во пропагирањето на одредени идеи и ставови, јас и немам забелешки за определбата на повеќето верници.
Религијата како институција, сепак, е друга работа. Тогаш имаме појава на планско ширење на верската идеологија во кое не се избираат ни средства, ни методи, па повеќето од упатените критики се токму на место.
Што се однесува до прашањето со кое е именувана темата - и атеистите и агностиците (кои) имаат свој став во однос на религијата имаат целосно право истиот да го изнесат на овој подфорум, каков и да е тој. А така е и поинтересно, мислам :) .
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Abe toa za reinkarnacijata znaete li so e? reinkarnacija ustvari znaci deka vecno svetot mora da postoi vo subjektot, vo principot na individualnosta, vo Jas, i bidejki rodot opstojuva stalno a istiot e zbir od edinki ete ti vecnost nerzrusivost na naseto bitie po sebe, i ete toa e reinkarnacija a ne deka bas ti ke ides u drugo telo, gluposti, toa mora na pros narod da mu crtas za da svati inace toa e ustvari deka nema individualna besmrtnost i deka si osptojuva samo rodot e toa!!!
 
Може и така да се гледа на работите. Посебно денес. Меѓутоа, пред некој милениум, ама и сега кај извесен број од оние кои ја прифатиле реинкарнацијата како таква, таа нуди, овозможува или наметнива учење според кое сегашниот живот е условен од предхотниот и истовремено го условува наредниот, чиј квалитет, состојба и форма зависат од постапките во сегашноста. Со други зборови имаме варијација на тема која е присутна во сите религии - казнети сме поради грев во минатото и страдаме сега и треба да бидеме мирни, послушни и скромни за да заслужиме подобар живот по смртта (што и да значи тоа :) ) Совршен систем за контролирање.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ако има 15 години, ќе сурфа по нет, ќе збори со повозрасни и ќе знае дека дјед Мраз не постои. Ако има 5-6 години тогаш ќе верува...ќе му речам добро сине, нешто слично. Оставам сам да открие дали има или нема.
Но ајфон нема да побара ако има 5 години...едино може чоколадо или блуза, точак. Ако има 15 ќе побара кола и кондоми, а за ајфон ќе се снајде :)
Бреееееј, значи не знам друг пат толку да ми било тешко од разбран човек да добијам едноставен и директен одговор. Мислам дека прашањето беше ептен јасно, исто како и ситуацијата која ја поставив.

Не беше муабетот дали ќе дознае сам или не. Прашањето беше: На 15 годишна возраст му се моли на Дедо Мраз да му донесе iPhone4 и тоа го кажува на неделен ручек со родителите. ШТО ЌЕ НАПРАВИШ? Нема 5 години, нема интернет, нема време да открива - ситуација е проста.

Ќе го премолчиш инцидентот и ќе се понашаш како да е тоа нормално и прифатливо однесување за 15-годишњак или ќе реагираш и ќе направиш со него возрасен муабет за неговата илузија?

Едното или другото... или нешто трето?

--- надополнето ---

Може и така да се гледа на работите. Посебно денес. Меѓутоа, пред некој милениум, ама и сега кај извесен број од оние кои ја прифатиле реинкарнацијата како таква, таа нуди, овозможува или наметнива учење според кое сегашниот живот е условен од предхотниот и истовремено го условува наредниот, чиј квалитет, состојба и форма зависат од постапките во сегашноста. Со други зборови имаме варијација на тема која е присутна во сите религии - казнети сме поради грев во минатото и страдаме сега и треба да бидеме мирни, послушни и скромни за да заслужиме подобар живот по смртта (што и да значи тоа :) ) Совршен систем за контролирање.
Токму така! Штета што ја потрошив репутацијата за денес :|
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.778
Поени од реакции
12.243
Очигледно на некои верата во некого и во нешто им е доста потребна, за да излезат на крај со себеси и со средината во која што живеат. И ако е така, и доколку ја нема наметливоста и агресивноста во пропагирањето на одредени идеи и ставови, јас и немам забелешки за определбата на повеќето верници.
Да се носат и со некои проблеми кои материјалната реалност не може да ги реши. Мноогу, многу одамна и јас не бев нешто заинтересиран за религијата (па и не бевме нешто побожни во фамилија), за она што е, што никој не може да го одгонетне...вакви размислувања како оние кои ги пишувам воопшто не ми биле ни на крај памет...но, да е човек сведок на некои појави вон сите стандарди на нормално резонирање, канцерот...тогаш се повеќе човек ќе верува дека има нешто друго освен досега познатите биохемија и биофизика. Ќе сфати дека и од обичен грип или настинка луѓе умираат, денеска...во 21 век.
Затоа и ме занимаше за м-елементите, затоа што слушнав дека праеле експерименти со оштетени днк од ракот, дека истите ги исправа во стара состојба пред-канцерогена...дали е вистина не знам. Но знам дека најдов негде дека имаат чудни својства...божествени би рекол

--- надополнето ---

Бреееееј, значи не знам друг пат толку да ми било тешко од разбран човек да добијам едноставен и директен одговор. Мислам дека прашањето беше ептен јасно, исто како и ситуацијата која ја поставив.

Не беше муабетот дали ќе дознае сам или не. Прашањето беше: На 15 годишна возраст му се моли на Дедо Мраз да му донесе iPhone4 и тоа го кажува на неделен ручек со родителите. ШТО ЌЕ НАПРАВИШ? Нема 5 години, нема интернет, нема време да открива - ситуација е проста.
Прашањето е навистина нелогично што не знам...ќе пробам.

Значи има или нема информации по тв канали, весници, разговори со други луѓе -според примерот, нема. Не знам...ова како да претпоставам -дека живеам на врв планина со детето и тоа сака ајфон, нема струја, али нема везе, сака ајфон, а не е информиран за ништо пошто нема интернет, ни тв, но сепак дознало за ајфон. Не било ни во школо за да знае некои ствари, ок. Ќе му кажам добро сине, ќе биде...пошто како неуко дете, без никакво школо и интернет и тв, нема да знае ни што значи она -ќе биде (пошто нема ни часовник ни календар, не го знае ни времето...инфинити)
Навистина хипотетичка ситуација со која не можам да се носам и да одговорам пошто не можам некако да ја замислам :)
 
Ах, Лурц, Лурц, опасен гимнастичар си бил и ти... не си можел да сватиш ваква хипотетичка ситуација... Мислам дека по втор пат овие неколку месеци почнувам да губам ентузијазам да полемизирам со тебе. ...штета...

Еве, јас ќе го одговорам наместо тебе (што, секако, не е исто), во дух на еден стереотипизиран верник.

После семејниот ручек, јас би го повикал на едно пиво или кафе у дворче, на само и би му кажал дека е веќе премногу возрасен да верува во една детска измислица каков што е Дедо Мраз. Би му признал отворено дека лагата сум ја поддржувал и јас самиот кога тој бил мал, за да не му ги разбијам илузиите кои тогаш биле корисни за неговиот психо-социјален развој. Но, секако би му предочил дека Дедо Мраз не постои, дека е тоа измислен лик и дека на 15 годишна возраст треба да одработи нешто за да го заслужи така скапиот подарок каков што е iPhone4.

Никако не би го оставил да борави во својата илузија за постоењето на Стариот Бел Дедо со Долга Бела Брада (за Дедо Мраз зборам), поради тоа што е крајно време да сфати дека наградите во животот нема да ги добива преку молби до имагинарни ликови, туку по пат на труд и напор да успее во тоа со што се зафатил.

Мене не ми беше тешко да одговорам. Можеш ли да ми објасниш што е тоа што не можеше да го сфатиш во хипотетичката ситуација која ти ја поставив?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom