- Член од
- 28 март 2006
- Мислења
- 17.778
- Поени од реакции
- 12.243
Хмм :raz: вака се оправдува гневот, горделивоста и бесот? Од очите на убиецот се насетува гнев према жртвата (во мозокот на убиецот, жртвата го има повредено па мора да и се освети), секој може вака да си дозволи да се оправда за постапките. Немал друга работа него снимал видеа за христијанството.Од очите на Докинс, Лурц, се чита гнев према лагите, догмите и заведувањето. Тоа што си „од другата страна“ те прави да се чувствуваш нападнат и не ти дозволува да ги чуеш и разбереш неговите аргументи. Јас го поддржувам во неговата беспоштедна борба во разбивањето на илузиите и оковите на религиите.
Омразата, Лурц, јас најчесто ја гледам на телевизија, кај идиоти што урлаат „Алах е голем“ или кај морони што мафтаат со крстови, библии и транспаренти со цитати со бројки и две точки. Таа омраза, не се заебавам, ми е најстрашна од сите експресии на омраза што сум ги видел.
отвори ги очите, прошири ги видиците, запознај ја моноатомската состојба на елементите, својствата на водата која не е само вода за пиење и пливање...има многу што да видиш, отвори го умот за divinity, divine powers, тоа е нешто што постои колку и да подзамижуваш. Она што човек не го разбира (или не може да го види и осети) не значи дека треба да го игнорира, негира или да се плаши. Не би сакал да кажувам примери од реалноста за "оној другиот свет", кој и како го има видено/осетено, само ќе кажам дека тие луѓе се многу пореални од мене, поинтелигентни и се тотални неверувачи во ништо такво, пљус не се по верите. А виделе и осетиле. Затоа добро е да се задумаш дали е реалноста само она што ти лично (и повеќето ние) го перцепираш материјално или има нешто многу повеќе.
И би сакал да ми кажеш каде јас, Мики, Јоан, Чорбаџи, шо знам Александар...викаме низ улиците Алах/Бог е голем и палиме и убиваме? Дали си не видел негде да прајме покољ, да повикуваме на освета, грабеж. Знаеш сигурно кој прави сега покољ низ северна Африка и Јужна Америка, само ги игнорираш фактите