Што бараат атеисти на форум за религија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Genesis
  • Време на започнување Време на започнување
Напредокот зависи од самостојното реагирање во средината, и сигурно нема да прифатам совет од човек кој не ни го познавам.
Иначе не сум верник за информација :)

E па сега зависи од советот, мене ниеден Атеист не може да ме убеди дека не постои Креатор, Свест, Бог или како и да е а пак јас немам никаков доказ за спротивното...секогаш е добро кога има спротивставени мислења, во секое поле оти те тера да размислуваш, да делуваш а без тоа исто како да не постоиш.

--- надополнето ---

Толку да се биде опседнат од такви ствари не чини. Биди си верник/атеист али не ги малтретирај другите со работи со кои не сакаат да се малтретираат :)

Опседнатост во секој случај не чини, иначе ин рил лајф јас повеќе мака сум видел од верници отколку од атеисти, вернициве поголеми малтретирачи се ако не си од нивна партија :)
 
Што е религиозно во оваа тема?
Што те натера да ја отвориш баш во овој подфорум? :)
 
Уште малце ќе треба атеистите да прават паради барајќи ги своите права ?!

Гратис прашање до креаторот на темата: дали имаш некои предрасуди кон атеистите и дали ги мразиш ?! и дали имаш некој свој близок,пријател кој е атеист ?
 
Religijata e sklop na dogmi i rituali znaci nisto sklop na izvodenje i blesavenje saltanati i voobrazeno mislenje deka site drugi se nesto subordinirano, teolozite gi gledaat vernicite bas kako glupaci ali ne im go kazuvaat toa oti im se potrebni....
 
Aло?!?!Франкфурт?!?! Атеизмот всушност Е еден вид на религија...


d0cdc180_EpicFacePalm.jpg
 
Тоа му доаѓа како вегетаријанец да оди во месара. Нерелигиозен да оди на религиски форум, а? Како некој што не сака фудбал да оди по фудбалски форуми и да зборува колку фудбалот не чини.
А што бараат верници да си играат со компјутер кој нуди куп искушенија?
 
Заблуда! Се обидуваат да ве спуштат на земја и да ве натераат да ја преиспитате идеата за Бог...треба да сте благодарни.

E па сега зависи од советот, мене ниеден Атеист не може да ме убеди дека не постои Креатор, Свест, Бог или како и да е а пак јас немам никаков доказ за спротивното...секогаш е добро кога има спротивставени мислења, во секое поле оти те тера да размислуваш, да делуваш а без тоа исто како да не постоиш.

Погледни го првиот твој пост.
Јас никогаш не сум убедувал некој атеист како тоа постои Господ, затоа нека бидат фер, нека не напињаат со тоа како не постои. It's simple as that.
 
Не ја сваќам темава ама ај...
Што ти сметаат тебе атеистити ???
Кога последен пат прочитав ова беше форум и секој имаше право на свое мислеље
 
Атеизмот не е верување во тоа дека не постои божество??? Или ти го сметаш како неверување дека постои божество???
 
Атеизмот не е верување во тоа дека не постои божество??? Или ти го сметаш како неверување дека постои божество???

Лошо си информиран, така у црква веројатно те учат. Атеизмот не е „верување во непостоење“ на бог, туку „неверување во постоење“ разликата е огромна.
 
Па атеизмот е религија сакале они или не така да.....
 
Религијата не' учи да бидеме задоволни со неразбирањето на светот околу нас. (Ричард Докинс)

Јас сум атеист и сум жестоко свесен за тоа колку религијата го кочи напредокот на човекот. Свесен сум и за злото кое го предизвикува во светот. Свесен сум за поделбите кои ги прави меѓу народите и во самите народи. Свесен сум за лагите кои ги нуди како вечни вистини и за експлоатацијата која систематски ја спроведува.

Ги презирам свештениците (од која било деноминација) кои знаат дека приказната им е лажна и ветва, а сепак, од среброљубие, продолжуваат со лагите и лажните ветувања за нереална иднина. Ми се гади од алаховите слуги кои разнесуваат недолжни луѓе, од протестантските свештеници кои силуваат деца и од православните попови кои возат мерцедеси на турнеите по селата каде собираат арач од сиромашните бабички.

Затоа пишувам на под-форум Религија - имам од себе, самозададена мисија: На секое лажно и ирационално тврдење од страна на верниците да дадам мое, се надевам објективно, толкување и аргумент.

Кој не сака да прочита објективни вистини - не мора да чита.

Ова е форум и тука треба да има апсолутна слобода на говор, нели.

--- надополнето ---

Атеизмот не е верување во тоа дека не постои божество??? Или ти го сметаш како неверување дека постои божество???

Атеизмот е тврдење дека не постои Бог или божества. Толку.

--- надополнето ---

Па атеизмот е религија сакале они или не така да.....

Греотичка... после месец дена поминати на темата Прашања за Атеистите, после 30 пати повторена дефиниција, после најмалку 15 цитати и линкови до дефиниции и толкувања, ти сеуште немаш сила да си дозволиш да разбереш едно најпросто тврдење: БОГ НЕ ПОСТОИ!!!

И индоктринираниот ти ум френетично бара начини да го потисне тоа што го читаш.

Ужасно!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom