Евровизија 2011 - Дизелдорф, Германија

Статус
Затворена за нови мислења.
L

Lu

Гостин
Taken by a Stranger by Lena ли е за германија? Инаку топ ми е песнава, баш пред 2 месеци на MTV ја слушав.
Да, Лена повторно ќе ја претставува Германија со песната „Taken by a Stranger„
Баш интересно е песничето.

 
Член од
19 декември 2010
Мислења
523
Поени од реакции
23
Да, Лена повторно ќе ја претставува Германија со песната „Taken by a Stranger„
Баш интересно е песничето.

Ваљда пак ќе победи.
Али незнан нешо песната си е океј али тупа ми е/барем мене/. Али сепак е топ.
Лани ми беше фаворит дека песната ств. беше јака но океј е и сеа.
 
L

Lu

Гостин
Ваљда пак ќе победи.
Али незнан нешо песната си е океј али тупа ми е/барем мене/. Али сепак е топ.
Лани ми беше фаворит дека песната ств. беше јака но океј е и сеа.
Не ми се верува дека ќе победи повторно Германија, јас мислам дека ќе победи Словениа бидејќи имаат многу моќна песна (посебно моќта на песната доаѓа до израз од 01:45 па се до крајот).
Ова е Словенската песна и дефинитивно е мојот фаворит и се надевам дека ќе победи.

 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Се знае кога ке бидат полуфиналните вечери и финалето....на датум мислам :)
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
имам чувство дека нашиот преставник ептен почна да забегува,дечкото е влезен во некој лош филм:toe:

Влатко Илиевски за „Блиц“ (25.04.2011)

БИ САКАЛ ДА БИДАМ БАЛКАНСКИОТ ЏОН БОН ЏОВИ

Во рамките на предевровизиското промовирање на песната „Русинка“, нашиот претставник на „Евросонг“ престојуваше во Белград, каде даде кратко интервју за весникот „Блиц“...



„Претходно бев во БиХ и во Шведска, а наскоро одам и во Словенија. Важно ми е луѓето од регионот да ја засакаат мојата песна, затоа што обично тие ги даваат гласовите. ’Русинка’ е весела композиција, па верувам дека ќе им се допадне и на слушателите од Русија, Белорусија, Украина..., кои се исто така важни гласачи, и оти ќе влезам во финалето“, изјави Влатко.
Дел од песната се пее и на англиски, поради што тој верува дека ќе биде прифатлива за уште поширока публика, што би можело да биде клуч за неговиот успех.
„Во Македонија работам доста долго на својата кариера и таму навистина постигнав голем успех. Би сакал по ’Евросонгот’ мојата кариера да биде успешна и во Србија. Имам намера да снимам нов албум, со песни на вашиот јазик, а со менаџерот Гане Пецикоза ќе се потрудам да направам концерт овде што е можно поскоро. Мојата музика најмногу потсетува на она што го прави Бон Џови, и би сакал да станам некој вид балкански Џон Бон Џови“.
Српскиот весник им открива на своите читатели дека Илиевски е во Македонија популарен и како актер, пред се’ благодарение на серијата „Од денес до утре“.
„Серијата во која што глумам е фантастично успешна, па сценаристот Предраг Перишиќ и режисерот Иво Лауренчиќ подготвуваат продолжение. Моментно имам многу обврски со музиката, поради што ја прекинав работата на сите телевизиски и театарски проекти. Кога ме избраа за претставник на Македонија на ’Евросонг’ морав да се откажам од претставата ’Ромео и Јулија’, која требаше да има премиера деновиве“.

 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Добро, само мене ли не ми се свиѓа оваа Лена? Претходната песна со која победи ми иде премногу на нерви, а ни оваа не и е нешто посебно... А нема и некој глас којзнае каков.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.589
Поени од реакции
2.617
Добро, само мене ли не ми се свиѓа оваа Лена? Претходната песна со која победи ми иде премногу на нерви, а ни оваа не и е нешто посебно... А нема и некој глас којзнае каков.
Mене пак некако многу секси ми пеј :) Лани песната многу ми се бендиса, ама годинешнава ми е некако како недозавршена, нон-стоп чекам да влези некој ритам, а никако да влези...
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
БИ САКАЛ ДА БИДАМ БАЛКАНСКИОТ ЏОН БОН ЏОВИ :vozbud:
Дел од песната се пее и на англиски, поради што тој верува дека ќе биде прифатлива за уште поширока публика, што би можело да биде клуч за неговиот успех. :pos:
Ете што било клучот на успехот - да се пее дел на англиски јазик. :tapp: Многу јак балканецов ни.

Добро, само мене ли не ми се свиѓа оваа Лена? Претходната песна со која победи ми иде премногу на нерви, а ни оваа не и е нешто посебно... А нема и некој глас којзнае каков.
Подобро Лена отколку балканецов. Лена има(ше) харизматичен настап, поинаква песна и поразличен стил од другите. Веќе ми е преку глава од „моќни“ балади на Евровизијата (од патетични и срцекршечки текстови, напорна и тешка музика со милион инструменти само за да се остави беден впечаток) и патетични и излитени фори на стекнување внимание (читај: експлозиви, ракети, уште малку и гранати, 300 разно-разни облеки и ексцентрични и до немај каде забегани парчиња облека, пресвлекување по сто пати, излегување на сцена на пола песна and stuff). Лена го немаше сиот гламур на Евровизијата, не се пресоблакаше, не исфрлаше огномети, немаше спектакулаерн почеток и крај, не летаа астронаути околу неа), ама имаше песна и харизма и стигна кај што стигна. И затоа лани е изберена меѓу 4000 кандидати. И затоа оваа година е пак таму. (А, не ко нашиов, по стоти пат на нашиов избор и веќе е нашиов Џон Бон Џови.)... Ех.
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Добро, само мене ли не ми се свиѓа оваа Лена? Претходната песна со која победи ми иде премногу на нерви, а ни оваа не и е нешто посебно... А нема и некој глас којзнае каков.
еве ни мене не ми се допадна, песната е како за на Златно славејче, глупости, во ред и јас не сакам помпезнозти на сцена, кај не единствено тоа беше добро, едноставноста, мислам песната беше за во првите 10, но не и за победа.

Нашата песна Русинка ми е сто пати поубава, едноставна но има интересна и јака музика, само што на Влатко мислам не му одговара на гласот.

--- надополнето ---

Ваљда пак ќе победи.
Али незнан нешо песната си е океј али тупа ми е/барем мене/. Али сепак е топ.
Лани ми беше фаворит дека песната ств. беше јака но океј е и сеа.
песната за разлика од ланската и е позрела, но за на еверовизија воопшто не е, друго никогаш не се случило истиот победник да победи и наредната година, секогаш завршуваат на 2 место или на последно, а со оваа нема да победи сигурно.

и лани истото го приметив, го гледам и сега, подигањето на едната рака, приметив тетоважи има, истото и на сцена го правеше само ја креваше раката на која има тетоважи, ептен глупо.:tapp:
 
Член од
19 декември 2010
Мислења
523
Поени од реакции
23
песната за разлика од ланската и е позрела, но за на еверовизија воопшто не е, друго никогаш не се случило истиот победник да победи и наредната година, секогаш завршуваат на 2 место или на последно, а со оваа нема да победи сигурно.

и лани истото го приметив, го гледам и сега, подигањето на едната рака, приметив тетоважи има, истото и на сцена го правеше само ја креваше раката на која има тетоважи, ептен глупо.:tapp:
мене ми се допаѓа песната, а и лани ептен ми се допаѓаше и се вов рска со настпа, баш беше naturalна xD
Инаку 2 место и давам највише /може и 1/.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom