Капитализмот го назадува човештвото!

  • Креатор на темата Креатор на темата |Volkswagen|
  • Време на започнување Време на започнување

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Возраст
39
Локација
Париз, Франција
Сте забележале дека гледајќи наназад едно речиси 30 години, капитализмот го назадува човештвото?

Дали, во последните 30-тина години (мое мислење е со лансирањето на Space Shuttle-от како последно човечко вистинско постигнување) човештвото има направено голема разлика во квалитет на живеење благодарејќи на капитализмот? Дали имаме пристап до обновливи извори на енергија? Дали имаме лек за огромен број на болести?

Something smells very fishy, don't you think?

Што ми е идеата? Горе-долу насетувате нели? Значи иаме економија која единствен фактор што ја движи е алчноста и what is there for me? Бараме извори на пари, експлоатација на подредените, измама од клиентите и влади кои ќе ни овозможат даночен рај за да си го зголемуваме профитот, притоа се разбира да не вложуваме во нов развој, во нови идеи и да помогнеме во развојот на човештвото.

До крајот на 70-тите години, капитализмот одлично си ја вршеше работата. Потпомогнато од ефектот на студената војна, човештвото процути буквално од нови изуми, технологии, спонзорирање на голем број генијалци за креирање на нови идеи (Princeton Advance Study Institute) и концепти во секое поле. Се правеа институти, колеџи, НВО за таа намена и сето тоа го придвижи човештвото во една нова технолошка ера на компјутерите и Интернетот.

И што се случува. Револуција! Револуција за која никој не е свесен. 2 МИЛИЈАРДИ луѓе секој ден се уклучуваат (податоци од декември 2010) на Интернет да „живеат“ во општество, во кое нема владетел, министер, влада, премиер, граница, визи, ...

Не постои капитализам како таков. Имате бесплатен софтвер, имате слобода на изразување (..ОК...исклучок се Кина и неколку други земји)...

Како тоа капитализмот го назадува човештвото?

Па, едноставно. Колку време ја имаме технологијата за електрични автомобили. 100 години. Колку години имаме останати алтернативн извори на енергија? Преку 100 години.

Секој ден сме сведоци на милиони патенти на производи кои можат да го променат нашето општество. Но, зошто ги нема? Имаме СЕРИСКИ автомобили кои работат на воздух (ништо друго освен воздух - MDI France). Неможат да се пробијат на пазарот, бидејќи големите гиганти (нафтени,автомобилски) не го дозволуваат тоа.

Колку болести во Африка(имаше официјална стастика) можат да бидат излечени, но фармацевтските компании не развиваат лекови бидејќи не им било економски исплатливо. Зошто да трошат (пример) 5 000 000 долари за развој и плаќање на фармацевтите да го креираат лекот, за 5000 луѓе во Африка кои немаат леб да јадат, а камоли да го купат лекот.

Интернетот како општество постои и работи беспрекорно.
Дали мислите дека полека менталниот склоп на луѓето се менува и дека е дојден денот на анархијата?
 
Па да, ова сепак води до промена на општеството кое сега го нарекуваме капитализам само што тогаш ова би имало различно име. Како што се навикнуваме на огромната слобода и приватност која ни ја нудат приватните сајтови така може и самото општество да се промени кон таа насока, со што би започнале да владеат гигантите од кој ние би станале зависни и тие би не контролирале. Па тоа е суштината на капитализмост нели? Но како што напоменав тоа сега би имало друго име и никој не би бил свесен што свушност се случува. Исто како што сега ние сме зависни од нашите влади тогаш би биле зависни од гигантите со што во голема мера би ја изгубиле слободата на слободни човечки суштества. Па нормално, се си има свои негативности. Само прашање е до каде би била границата на сето ова? До кога нема да се свестиме што всушност се случува? Си замислуваме дека ова води кон утопија, но никако неможеме ни да замислиме на колку различен начин може да се сврти. Неможе да постои утопија додека луѓето сеуште размислуваат на толку болен начин за да бидат од се во корист, треба да престанеме да бидеме водени од алчноста.

Сега само едно ме мачи. Дали сето ова е план скроен од големите умови на некоја тајна организација или ние сами сме си криви што сме го создале и тргнуваме по овој пат? "In every disorder there's a secret order"...
 
Ти да не мислиш нешто у смисла на комунизам?

Интернетот како општество постои и работи беспрекорно.

Какво беспрекорно бе тек сеа се развива интернетот. Колку само криминалци има на интернет
 
Па капитализмот не е совршен, всушност далеку е од совршен ама кога ќе видам другите варијанти, капитализмот ми изгледа како најдобра опција..

Ти што предлагаш?
 
Па капитализмот не е совршен, всушност далеку е од совршен ама кога ќе видам другите варијанти, капитализмот ми изгледа како најдобра опција..

Ти што предлагаш?

.......za sega nema, komunizmot e sepak kako patuvanje kon zvezdite..,no ne mora da se prakticira tolku mnogu primitivnata varijanta na kapitalizmot...koga veke ima i posovrseni modeli na kapitalizam...kako socijalistickiot na primer????
ako ostanale so taa logika lugeto uste bi bile covekojadci, koga ne bi se trudele da mrdnat na podobro od toj vid lesno nabavliva no nezdrava prehrana.....:)
 
Spored ideolozite na Komunizmot Marx i kompanija, samiot kapitalizam ke evoluira kon pohumano i ekonomski pojako opstestvo koe ke sozdade podobri socijalni uslovi (Svedska,Finska...), duri i samiot Marx napisal deka Socijalizmot ke uspee samo ako realno ekonomski bide pojak od kapitalizmot, podobar sistem, znaci da go nadmine, Marx ne ja spori vrednosta na kapitalizmot i negovata uspesnost za svoe vreme no deka toj sam po sebe ne e vecen i deka mora da evoluira neli dijalektika se ide napred revolucija se novo u taa smisla...a komunizmot e kraj na drzavata e vo taa faza vise nema da ima ekonomska beda ke nema potreba od policija sudovi zakoni nego se ke bide ok...
 
Како тоа капитализмот го назадува човештвото?

Па, едноставно. Колку време ја имаме технологијата за електрични автомобили. 100 години. Колку години имаме останати алтернативн извори на енергија? Преку 100 години.

Секој ден сме сведоци на милиони патенти на производи кои можат да го променат нашето општество. Но, зошто ги нема? Имаме СЕРИСКИ автомобили кои работат на воздух (ништо друго освен воздух - MDI France). Неможат да се пробијат на пазарот, бидејќи големите гиганти (нафтени,автомобилски) не го дозволуваат тоа.

Колку болести во Африка(имаше официјална стастика) можат да бидат излечени, но фармацевтските компании не развиваат лекови бидејќи не им било економски исплатливо. Зошто да трошат (пример) 5 000 000 долари за развој и плаќање на фармацевтите да го креираат лекот, за 5000 луѓе во Африка кои немаат леб да јадат, а камоли да го купат лекот.

Интернетот како општество постои и работи беспрекорно.
Дали мислите дека полека менталниот склоп на луѓето се менува и дека е дојден денот на анархијата?

ова што го наброја не е уназадување... уназадување е на пример кога наместо колите ке се вратиме на магариња и коњи да јаваме. во принцип постои 100 години новитети и секојдневно излагаат нови... нивната не примена не е уназадување туку застој... ние стоиме по тоа прашање во место...
 
Dobro, tuka pod unazaduvanje se misli moralna erozija sogoluvanje na site eticki vrednosti....
 
Чисти глупости. Капитализмот е најдоброто нешто што му се има случено на човештвото во 35.0000 години. Индустриската револуција, импонзантниот напредок во 19тиот век и 20тиот.
Капитализмот е систем во кој креативноста иди најмногу до израз. Тоа дека некој крие технологија се чисти глупости. Ако си ти на негово место, би го чувал најјакиот пазар во фиока ? После под услов да ти е интерес да го чуваш, некој друг ќе те превари и ќе те кокурира со твојот производ.

АКо има некакви дефекти на денешинот систем тоа е пред се неодржливоста на овој систем на квази-капитализам. т.е за потполн капитализам треба да се укине централното планирање на централните банки, да се укине фиат монетарниот систем, да се дозоволи пазарно одредување на каматните стапки, да се укине фракционо-резервно банкарство и да се воведе слободна трговија каде секоја стока ќе може да биде разменета за било која друга стока без приота присилно да се бара трансакцијата да биде во фиат. Ова на кратко значи одредување на монетарната мерка т.е парите од страна на пазарот. Слободен пазар тежнее кон златен стандард.

Има едноставен проблем за човештвото. Има конечни и ограничени ресурси и неограничени желби. Проблемот е да се најде таква дистрибуција на ресурсите која ќе дозволи економизирање а и напредок и пораст на богатстово. Тоа најдобро се прави со капиталитички систем каде преку слободниот пазар ресурсите стигаат до најкомпетентите кои ја зголемуваат благосостојбата на сите.
 
tomsaso ...Не треси зелени...Капитализмот е најподлиот и најбезобразниот начин за превземање на целокупната власт од страна на аристократите и високата класа, и обид за манипулација со работничката класа и искористување на нејзината работна сила!!!
Доста продавате капитализам и демократија!

--- надополнето ---

Ама што се расправате за општество кое не е познато во РМ ,ај нешто да кажеме за актуелното,робовладетелско.....
 
Чисти глупости. Капитализмот е најдоброто нешто што му се има случено на човештвото во 35.0000 години. Индустриската револуција, импонзантниот напредок во 19тиот век и 20тиот.
Капитализмот е систем во кој креативноста иди најмногу до израз. Тоа дека некој крие технологија се чисти глупости. Ако си ти на негово место, би го чувал најјакиот пазар во фиока ? После под услов да ти е интерес да го чуваш, некој друг ќе те превари и ќе те кокурира со твојот производ.

АКо има некакви дефекти на денешинот систем тоа е пред се неодржливоста на овој систем на квази-капитализам. т.е за потполн капитализам треба да се укине централното планирање на централните банки, да се укине фиат монетарниот систем, да се дозоволи пазарно одредување на каматните стапки, да се укине фракционо-резервно банкарство и да се воведе слободна трговија каде секоја стока ќе може да биде разменета за било која друга стока без приота присилно да се бара трансакцијата да биде во фиат. Ова на кратко значи одредување на монетарната мерка т.е парите од страна на пазарот. Слободен пазар тежнее кон златен стандард.

Има едноставен проблем за човештвото. Има конечни и ограничени ресурси и неограничени желби. Проблемот е да се најде таква дистрибуција на ресурсите која ќе дозволи економизирање а и напредок и пораст на богатстово. Тоа најдобро се прави со капиталитички систем каде преку слободниот пазар ресурсите стигаат до најкомпетентите кои ја зголемуваат благосостојбата на сите.

имаш неколку КАТАСТРОФАЛНИ утки..., се гледа дека си мноогу млад и не ти се познати писанијата на некои југословенски економисти од подоцнежните времиња, а и на некои други .........глобалистиве кои ловат во матно, од петни жили се напињаат да ги покријат со пустински песок....:)
но ти имаш време и талент...со малку повеќе љубопитност и недогматски приод ЧУДА можеш да направиш.....:)

p.s. да не забораам ...само енергетските капацитети имаат горно ограничување заради енергетскиот биланс на планетата и загадувањето заради примитивните енергетски системи кои се користат...се друго НЕМА ГРАНИЦА ...:)
 
Не е капитализмот проблемот.Проблемот е конкуренцијата.Капитализмот беше одличен се до крајот на студената војна каде што америте и русите се натпреваруваа турбо.За само 15-ина години од пoчетокот на студената војна човештвото напредуваше со брзината на светлината.Но по крајот на студената војна на сцена стапи ебаниот социо-капитализам (повеќе социјализам отколку капитализам) кој е предводен од големите корпорации кој печалат пари со произведување на исти работи и се без желба за напредување.За среќа во моментов напредува Кина (земја која на хартија е комунистичка,а во пракса е турбо капитализам) која претставува сериозна закана за западот и се надевам дека нема да ја покорат со својата геј политика за соработка (која моментално го затупува човештвото).
 
Човештвото стана толку алчно што само се проголта. Затоа секој ден има нова револуција,Кина почна пред време да гуши собири,она ќе биде последната алка. Влади паѓаат како круши, царства и империи со милиони на сметки се протерани од својот гладен народ. Доста му е на човештвото од магли и приказни. Или ќе биде за секого демократија и можност или за никого. Незнам како ќе се нарекува новиот систем,но овој почна да се руши карта по карта.
Се разбира ние само гледаме :)
 
леандра??????? сепак загреби подлабоко......под глазурата :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom