Уау, пцовки до сите, да умрат, автобусот да им се превртел. Па до вчера не навивавте за нив?
Ако сте фанови, сте со клубот и во добро и лошо. Ако го сакате клубот, ги сакате трофеите, победите, бодовите но тие не доаѓаат секогаш. Треба да се знае тоа. Наивно е да се мисли дека тимот е перфектен и да се величаат сите кога се победува, а да им се посакува смрт на истите тие играчи кога тимот губи. Сезоната уште од старт беше жртвувана, Морати уште од крајот на трансфер периодот ја изгуби титулата во Калчото. Лигата на Шампиони никогаш не била приоритет на Интер, океј можеби само лани но таа дојде поради Мурињо. А Триплете наскоро со ваква политика на клубот во скоро време, далеку. Далеку од вид. Мотивацијата кај играчите, бедните говори на Бенитез за фудбалот и нивните кариери, немањето конкуренција за одредени позиции, игрите на агентите на суперѕвездите во тимот, долгата ланска сезона се си се насобра. Не е само Шалке, Шалке е капката што ја прелева чашата. Беше и Јувентус и Милан и Удинезе и утакмиците кога бевме надиграни од тимови како Болоња, Киево, Сиена. Ехе, биле и петарди биле и 6:0, ама барем се имало мотивација кај играчите, желба, глад. Денес ништо од тоа нема. Морати треба да размисли за неговата политика кон клубот во последнава сезона, дали навистина се жртвуваше шампионски тим за стадион и правилото што стапува на сцена од 2012 или веќе нема желба кај него да го надградува клубот и врвот на Интер во неговата династија е веќе достигнат. Треба свежина.