Новите автобуси (даблдекери, кинески и украински) во Скопје

Кои се тие некои? Дали тие кои имаат различно мислење од тебе?
Размисли со твоја глава. Те викнале таму за беспати да им направиш промоција, ти дале и еден сендвич колку да не е за џабе идењето. После до дома пак со автобус стар преку 40 години те испратиле. :)

Мореее, испран мозок ти клале у тоа главата. И пак да повторам тоа што го кажав веќе двапати: Нека има бе, нека има нови автобуси. Друг ми е муабетот мене цело ова време.

ја не ти го знам конкретниот муабет зашо не го прошитав у ниеден пост па затоа еве те молам конкретно изјави се ШТО ТИ Е МУАБЕТОТ ???

П.С да прашам нешто. пошто посабајле стварно се исполнети и дуплите автобуси а новиве (дури и дуплите) немаат толкав капацитет прашањето ми е дали ке биде поредовни овие новиве или барем да одат 2 автобуса на истарелација еден позади друг. ако има некој ваква информација нека каже.

и ште нешто. што ке се дешава со останатите стари автобуси? - не забоавајте не се сите постари од библијата ! оние краткине троа помодерни имаат уште животен циклус и океј си се тие автобуси. Ке се даваат по другиве градови или како оди процедура со нив ?

--- надополнето ---

Дали има поставено помошни излези од втор спрат?Пошо ако на прометниве станици почнат да се симнуваат луѓе у време коа има најмногу гужва,ке остане автобусот 15 мин на на една станица. :toe:

заота ако сакаш да се симнеш на автобуска ке си станеш една порано а не ко некои кои ме нервираат страшно чекаат да дојде на станица автобусит и сите да искочат и они ко супер старс допрва стануваат и последни се симињаат.. и многу пати има дешавка кај шо им затвара врата шоферов и тропаат на крај.. мизерија !
 
Значи се на се:не се возете со автобус во пензионерските денови,избегнувајте возење на кратки релации,во шпицот на денот стојте покрај врата бидејки во спротивно постои опасност да си ја утнете станицата,земајки го предвид однесувањето и културата на дел од корисниците на гратскиот сообраќаен превоз не очекувајте горниот спрат да биде во употреблива состојба со оглед дека автобусите се кршеа и под надзор на возачот а сега горе пошо никој нема да гледа ке биде уште полошо (или можда ке вработат и редари во автобусите шо и не е баш толку лоша идеја) и за крај бидете благодарни што иде лето па ке можете да си пешачите слободно. :salut:
 
Старите автобуси на кои им истекол рокот на употреба ќе бидат дадени во старо железо за рециклирање.

За горниот кат има скали на две места и напред и позади, така да не би требало да има проблеми. За секој случај поставени се три камери на горниот кат. Доколку не може шоферот да се справи со ситуацијата, постојат Алфи.
 
Денеска го потрефив даблдекерот и си го направив ќејфот. Поради гужва не се качив горе, но и доле е интересно. Со мојaта висина таман сум до плафонот, сантим пониско и не ќе можев да стојам убаво. Чудна работа, на горниот спрат полно е пензионери... Тоа не го очекував :S
 
леле како ли ја со моиве 1.90 ке се снајдам:kesa:
 
Денеска го потрефив даблдекерот и си го направив ќејфот. Поради гужва не се качив горе, но и доле е интересно. Со мојaта висина таман сум до плафонот, сантим пониско и не ќе можев да стојам убаво. Чудна работа, на горниот спрат полно е пензионери... Тоа не го очекував :S

Горниот спрат е специјално наменет за нивното височество - пензионерската ложа, долниот спрат е за нас младите :)
 
Старите автобуси на кои им истекол рокот на употреба ќе бидат дадени во старо железо за рециклирање.

За горниот кат има скали на две места и напред и позади, така да не би требало да има проблеми. За секој случај поставени се три камери на горниот кат. Доколку не може шоферот да се справи со ситуацијата, постојат Алфи.

тончи. а дали нашава влада размислувала да ги донира некаде барем оние поасалнине не тие шо се ептен ѓубриња. било каде да се донираат. а би можело и низ македонијава да се дадат каде што луѓево имаат проблеми со јавен превоз. пример 10 20 автобуси во помал град. ако им се исплати и граѓаниде задоволни и оној кој ке ги превземе тие активности
 
Мислам дека ЈСП нема ни да ги продава, ни да ги дава како старо железо, или пак да ги поклони на другите градови, туку слушнав дека тие 100-те „понови“ од Санос што се, ќе функционираат се уште во приградските линии, бидејќи единствено такви може да се искачат во планинските села, како што се на Скопска Црна Гора. Не доаѓа во предвид да отидат таму овие нископодниве или пак двокатниве. Ама ова го слушнав пред некое време, може и да смениле, не знам точно.
 
па богами добра идеа. како и да е и оние кои се подалеку од градов на планинскиве места имаат право на јавен превоз. новиве кај што нема да можат ма да сумљам у тоа дека неможеле - него гревота е да се уништуваат на сам старт за по планини. П.С скопска црна гора нема толкави успони и лоши патишта како некои други места.
 
Па не знам баш, делницата за Раштак, после Црешево, не е баш лесна за искачување. А и Сопиште натаму исто така. А инаку за уништување одма од старт на новиве и јас се сложувам, дека не треба да се користат веднаш за приградскиве линии.
 
паш сакав да ти спомнам и за сопиште :) башка дека е уџум !
 
Мислам дека ЈСП нема ни да ги продава, ни да ги дава како старо железо, или пак да ги поклони на другите градови, туку слушнав дека тие 100-те „понови“ од Санос што се, ќе функционираат се уште во приградските линии, бидејќи единствено такви може да се искачат во планинските села, како што се на Скопска Црна Гора. Не доаѓа во предвид да отидат таму овие нископодниве или пак двокатниве. Ама ова го слушнав пред некое време, може и да смениле, не знам точно.

Тие што се "понови" значи од 97-98година ќе останат да возат заедно со 300те нови додека оние буквално крнтиите ќе се даваат за старо железо. Тоа беше кажано од ЈСП уште лани и е најрационално решение.
 
тончи. а дали нашава влада размислувала да ги донира некаде барем оние поасалнине не тие шо се ептен ѓубриња. било каде да се донираат. а би можело и низ македонијава да се дадат каде што луѓево имаат проблеми со јавен превоз. пример 10 20 автобуси во помал град. ако им се исплати и граѓаниде задоволни и оној кој ке ги превземе тие активности

нее ала, ја не би прифатил таква донација за Куманово :pos: oтпад само.. во Куманово почна да се модернизира градскиот превоз, се увезоа половни автобуси од австрија, стари 3-4 години, нешто слични ккао Лазовите , ама добри се .. Скоро половина од превозот е со такви автобуси..нормално има и кршеви од Титово време, ама полека изгледа ќе се заменат
 
муабетот ми е каде што нема никакви БАРЕМ некакви да се донесат. разбираш? П.С ти бе кумановац си?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom