Дефинитвно психа е чоеков. Пробува да "продаде" идеа на западот како тој се борел против Ал-Каеда за да го мислат добар и да му дозволат да остани на власт. Инаку најдолгодоишен Африкански владател е Гадафи. Туку муабетов ми е новинариве го цедеа со прашањава поради масакрите што ги нарача типов, макар што многу поморално ќе беше да го прободеа со нешто на лице место и да му заштедеа на човештвото едно езеро крв. Тираните не се новост на човештвото, но и не треба да бидат во вести во 2011, не треба да постојат. Главната империја моментално треба да работи на Pax Americana и под хитно да превземе нешто. Е сега по весниците пишува дека западот ќе воведе no-fly зона за Либија. Финтава е западот не е заинтересиран да го запре крвопролевањето, туку да ги тилтова шансите на крвопролевачите, т.е наредните 10.000 жртви Гадафи игра зо хендикеп - без авијација. Можеби по разумно е западот да примени блиско-источна тактика за проблемот и да испрати 2 авиони да го разнесат Гадафи и да заштедат неколку илјади луѓе. Сигурно убивањето не е ок, ама на вага со заштедите во животи ? Не верувам дека ќе биди проблем експерти да потврдат дека е луд-налудничав и дека ќе се бори до крај.
Било како овие популарниве востанија на Блискиот Исток е прашање како ќе завршат. Проблемот таму е што има многу племиња/кланови и многу поделби, во услови на нестабилност, или сами или во алијанси различни факкции ќе пробуваат да дојдат до власт на Блискиот Исток. Во Египет видовме дека ништо не се смена, само името на диктароторт-директорот од ЦИА. Дали тоа беше се што луѓето бараа во протесите? Дали ќе имплементираат демократија во Египет? И крај краева и ако имплементираат демократија што ќе мислат/сакаат/гласаат луѓето од Египет, Тунис, Либија ???? Дали ќе имаме само промена на владетели, или пак Република со демократија - не знам, но знам дека целиот Блиски исток најдобар просперитет имаше во времето на Муслиманскиот Калифат, во еден систем на децентрализарно владеење, пазарна економија и сл. слободи (мн послободно од европа каде што ги печевме научниците). Да не забораваме дека Европа тонеше во мрак, а муслиманска Кородоба(Шпанија) беше најсветлиот град во Европа. Колку е реалистично сите овие популарни револуции да завршат во формирање муслимански калифат не знам, можеби ќе бидат Републики.Како и да е светот на пат за 3та светска војна. Условите моментално гео-политички и економски во светот укажуваат на идеална почва. Главната сила и чувар на мирот само што не банкротирала а револуциите веќе почнаа. Замислете колку ќе биди понапнато во светот после драстичното намалување на америкаското полицирање на светот. Всушност еве примери од претходната банкротирана империја: Индија-Пакистан нуклеарен конфилкт , Мугабе-Зимбабве - хуманитрана катастрофа, Камбоџа злосторства против човештвото ?... И други.. Целава финта е што распадот на империја се создава вакум и се нарушува балансот-на-силите и почнува војна. Финтата е дали како Британија, и Америка ќе има наследник кој што ќе се погрижи за мирот на местата каде што Америка ќе си оди.
И не заборавајте, Гадафи дојде на власт под комунистичко-социјалистички претекст.