Според мене Македонците од дијаспората не треба да имаат право на глас.
Не ми е логично да една етничка група која одавно ја има напуштено матрицата и не учествува општествениот живот во истата, да има право на глас а со тоа и да влијае врз политичкиот живот во државата.
Се' додека одлуките на политичките власти влијаат на статусот и животот на таа група, се' дотогаш тие имаат неоспорено право да се вклучуваат во политичкиот и општествен живот на својата матична држава.
Голем дел од македонската дијаспора во Македонија имаат оставено имоти. Сите одлуки на државата, како законите за денационализација, легализација, даноци и сл. ги засегаат и нив.
Секоја одлука за оданочување на дејностите влијае на можноста за инвестирање на Македонците од Дијаспората.
Секоја одлука на Владата за промена на името на државата, ги загрозува и нивните права за идентитет и директно го дефинира нивниот статус во странската држава.
Поради овие основни работи твоето мислење и не држи вода.
--- надополнето ---
ХММММММММ Државјанството да го сочува од трета земја, која ете не ја чуствува како своја или пак да се бори во вооружен конфликт за својата му родна грутка од каде што потекнува хмммммммммммм тешко прашање, или пак не барем за патриот кој сака политички да влијае во таја земја за која што не сакал да се бори е мало морген бре друже, и со братми потекнуваме од иста куќа ама тој нема никакво право на глас сега овде си заминал си отишол толку од неговата приказна, јас реков немм против д гласаат нека гласаат ама нека дојдат овде да гласаат а не преку оеани да ми одлучува за мојата судбина.
Што си се уфилмал со ова “одлучува за мојата судбина“ никако не можам да разберам.
Како одлучува за ТВОЈАТА СУДБИНА?
Секој одлучува сам за СЕБЕ, така и ти.
Тоа што ти фураш филм демек Македонците кои престојуваат или живеат во странство по дефолт треба да имаат спротивни ставови од твоите не значи дека се пресудни за твојата судбина човече.
Поентата не е да го сочува “државјанството“ од другата земја, туку да го изгуби сето она кое го спечалил работејќи во таа земја, имот, фирми, работа итн.
Затоа тоа не е само прашање на “патриотски порив“ кога татковината повикува, а нивниот допринес во одбраната на земјата другите земји го имаат регулирано на многу успешен и цивилизиран начин.
Најдобар пример Хрватската Дијаспора за време на југословенската војна. Доволно е парите наменети за билет за Македонија со кој би дошле да се борат да ги уплатат во еден заеднички фонд од кој ќе се финансира вооружувањето и сл. работи.
Зарем Евреите низ светов се непрознатливи патриоти и не работат на својата кауза со тоа што не се фронтот во Палестина?