Реформи во правосудството во Република Македонија- ваши идеи и предлози

  • Креатор на темата Креатор на темата POWER-MKD
  • Време на започнување Време на започнување

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Нашиот правосуден систем горе-доле знаеме (или мислиме дека знаеме) како функционира. Познати се случаите на корупција во судството, монтирани процеси, подмитливи судии, за кои неколку пати судии беа и суспендирани.

Да не разглобуваме политики, кој е каков е, што правел и што прави...давајте ваши предлози, да речам, реални, остварливи планови, стратегии со што би придонеле за подобрување на ситуацијата на глобално ниво во цела Македонија, за да не личиме на Заир и Сомалија :).
 
Реформите во судството се бајка кај нас и се доаѓа до заклучок дека треба првин да се реформира поимот реформи во судството и понатаму се објаснува се со песната:

 
Реформи во судството може да направат само т.н. политичари, кои треба да донесат закон за милиони евра оштета за секој притворен човек кој невин лежел во затвор ! Па ќе видите тогаш како судиите ќе пазат да не прават криминални зделки со криминалните групи и политицките партии, кои ги нарачуваат по потреба апсењата и притварањата.
Но, ова нема да се случи бидејќи народот овдека е ропски настроен и милува да биде офца. Ние како народ им дозволуваме на политичарите да не третираат нас граѓаните како робови.
Доколку сакате да ги читате моите постови на блогерај, еве ви ја мојата адреса, http://indijanec.blog.mk/2011/02/28/177979-iljadi-pretstavki-prateni-a-na-prashanjata-odgovor-nema/.
 
Епа моето мислење не е баш оригинерно мое, комбинација од некои решенија во системи каде функционира. Значи првенствено мора да се зајакне независноста на цел правосуден систем, не само кај судиите, туку и кај обвинители и истражни судии (иако ќе ги снема последниве со новите измени). За да се случи тоа, а да не станат посебен издвоен клан, мора да ги контролира судскиот совет (или друг измислен орган, сеедно), ќе се утврдат механизми како да иде тоа, ненајавена да биде контролата да речеме, да не може судија што сака да прави, може и скришно контролор да присуствува на рочишта, како и да е, тоа детално ќе си се разработи. Тука би додала дека доколку некој судија има притисок од политичките елити, тоа фино лепо си го пријавува во судскиот совет, кој што во ваков случај би требало да има некои посебни овластувања, дали да се покрене постапка, да се казни тој што вршел притисок, или слично (ќе се најде соодветна форма што постепено ќе придонесува за намалување на притисоците и зголемување на вербата во судството).
Во однос на подмитливоста, за да се реши овој најголем проблем, прво мора да им се зголемат платите на вработените во правосудството, еве кај судија еден пример, тој зема плата 1.000 евра (за наши услови добра ама недоволна за таа функција) и има милионски случај и му дава некој мито од 50 или 100 илјади евра, само човек со надчовечки вредности нема да ги земе, а ако тој зема солидна плата, и под претпоставка дека ќе функционира конторолата од судскиот совет, нема да сака да си ја ризикува кариерата земајќи мито. А за најсигурно да се реши проблемот е воведување на порота, значи судијата си го води случајот, ама на крај поротата донесува одлука, (ова кај кривични предмети), нешто како во Америка што е, ама тоа повлекува многу промени што не сум баш убедена дека би можеле кај нас да се спроведат, сепак се работи за сосема друг систем, а и менталитет на нацијата.
Значи како заклучок, сметам дека најбитно е поголема организираност и независност на судството, и казни за вршителите на притисоци за кои судиите и останатите работници во правосудството би имале начин како да пријават, а да бидат заштитени. Малце утописки ама човечки е да се надеваме :icon_cool
 
најпрво нешто што треба да се направи е а си отиде оној маневски.. после се друго !!!!!!1
 
Пак клучниот збор е илустрацијата...има многу правници кои напредувале во кариерата заради својата послушност,всушност кога ке размислам клучните луѓе во правосудството се такви,оние што се квалитет најчесто се маргинализирани...
 
Тука би додала дека доколку некој судија има притисок од политичките елити, тоа фино лепо си го пријавува во судскиот совет, кој што во ваков случај би требало да има некои посебни овластувања, дали да се покрене постапка, да се казни тој што вршел притисок, или слично (ќе се најде соодветна форма што постепено ќе придонесува за намалување на притисоците и зголемување на вербата во судството).
Во однос на подмитливоста, за да се реши овој најголем проблем, прво мора да им се зголемат платите на вработените во правосудството, еве кај судија еден пример, тој зема плата 1.000 евра (за наши услови добра ама недоволна за таа функција) и има милионски случај и му дава некој мито од 50 или 100 илјади евра, само човек со надчовечки вредности нема да ги земе, а ако тој зема солидна плата, и под претпоставка дека ќе функционира конторолата од судскиот совет, нема да сака да си ја ризикува кариерата земајќи мито. А за најсигурно да се реши проблемот е воведување на порота, значи судијата си го води случајот, ама на крај поротата донесува одлука, (ова кај кривични предмети), нешто како во Америка што е, ама тоа повлекува многу промени што не сум баш убедена дека би можеле кај нас да се спроведат, сепак се работи за сосема друг систем, а и менталитет на нацијата.
Значи како заклучок, сметам дека најбитно е поголема организираност и независност на судството, и казни за вршителите на притисоци за кои судиите и останатите работници во правосудството би имале начин како да пријават, а да бидат заштитени. Малце утописки ама човечки е да се надеваме :icon_cool
Тоа в.в јавувањето, т.е пријавувањето од страна на судиите во судскиот совет дека некој од власта му врши притисок, мислам дека нема никогаш да се случи, тоа го имам и слушнато од судијата кај што идев на пракса. Човекот си рече- Нема шанса ак на пр. се работи за клевета јас да смеам да пресудам контра Груевски на пр. или на некој што е на власт. После тој коментар залудно е се.
Ја би додал во сиве овие "наши реформи" кои ги планираме на форумов, и тоа да татини и мамини лиглиња, размазени дечиња да немаат право да се запишат на Академија за судии и ЈО, барем додека заврши мандатот на нивните родители, бидејќи до логика, по секако ти е влагаат пред сите други :). фала.
 
Да се исфрлат сите судии од работа што нивните деца или внуци или било кој од фамилијата е адвокат.
Е тоа е на прво место, па после се друго.
 
Да се исфрлат сите судии од работа што нивните деца или внуци или било кој од фамилијата е адвокат.
Е тоа е на прво место, па после се друго.
Ова ке ти падне на .....уставен :icon_bigg
 
Знам дека ќе падне, бидејќи како мене мисли целата држава.

Како може мајками да е судија а јас адвокат и случајот што јас треба на клиентот да му го средувам се случува во судот каде што работи мајками, не само одлагање на случајот ма и 100 пати ќе побаци жената на противникот додека се реши случајот.
 
Тоа в.в јавувањето, т.е пријавувањето од страна на судиите во судскиот совет дека некој од власта му врши притисок, мислам дека нема никогаш да се случи, тоа го имам и слушнато од судијата кај што идев на пракса. Човекот си рече- Нема шанса ак на пр. се работи за клевета јас да смеам да пресудам контра Груевски на пр. или на некој што е на власт. После тој коментар залудно е се.

Епа тоа е најгорливиот проблем, во принцип не треба воопшто да го интересира кој е човекот, дали е премиер или земјоделец, доколку ги има елементите на кривично дело, ТРЕБА да одговара, само согласно судијата што ти кажал можеме да идеме и да правиме харикири на плоштад :icon_lol:

--- надополнето ---

Знам дека ќе падне, бидејќи како мене мисли целата држава.

Како може мајками да е судија а јас адвокат и случајот што јас треба на клиентот да му го средувам се случува во судот каде што работи мајками, не само одлагање на случајот ма и 100 пати ќе побаци жената на противникот додека се реши случајот.

Добро, доколку е судијка мајка ти, а ти адвокат, таа во никој случај нема да биде судија во случајот (ќе биде изземена), е сега ти алудираш и на тоа дека само ако работи во судот, ќе има влијание. Во сегашново судство кај нас за жал е така, ама доколку би било стварно независно судството, кај што ќе има орган кој би контролирал, не би имало никаков проблем. :smir:
 
Епа тоа е најгорливиот проблем, во принцип не треба воопшто да го интересира кој е човекот, дали е премиер или земјоделец, доколку ги има елементите на кривично дело, ТРЕБА да одговара, само согласно судијата што ти кажал можеме да идеме и да правиме харикири на плоштад :icon_lol:


За ова ќе треба Хитлер да го воскреснеме :). Кај нас недоволно е изградена свеста за вакви работи. Луѓето кои се поставени на тие функции немаат осет, немаат чуства за непристрасно работење. Се мислам дека најголем удел овде има психологијата и менталитетот, за жал.
 
Како прво ИЗВРШНАТА ВЛАСТ не смее да има никакви влијание врз правосудството....:tapp:
Ама апсолутно никаква....:nenene:
Судскиот буџет треба да биде независен,односно да се префрлаат пари со секој годишен ребаланс на буџетот....
Со буџетот да раководи тело избрано од редот на судиите,и за чија работа ќе бидат одговорни само пред судскиот совет...ни пред министри,ни пред премиер....
Не да се чека како досега од министерство за правда,па да имаме блокирани сметки....да се чека министерот да потпиши....:tapp:
Судската власт мора да биди АПСОЛУТНО НЕЗАВИСНА во сите сегменти....
Друго...
Да се искорени партиското аминување на судиите,односно нивно разрешување во оној момент кога нема да играат по нотите на големи партиски ГЛАВУЧИ....
Трето...
Да се искорени непотизмот,односно туркање на свои деца во судските фотељи,појава која не престанува да зема замав,не само од судиските редови,туку и од останатите правосудни органи....:kesa:
Да се оценуваат кандидатите за судии по квалитет...не по принципот КОЈ ИМА ПОВЕЌЕ И ПОЈЈАКИ ВРСКИ....
Треба да се заостри дисциплината...да се внимава повеќе на пристрасноста на судиите,нивното се понеетичко работење....
Да се забрза применувањето ан начелото на економичност во постапката,начело кое е премногу запоставено,посебно во кривичните постапки....
Има некои најави,дека од јуни,со влегувањето во сила на измените на ЗПП,ќе се забрза граѓанската постапка..односно многу побрзо ќе завршуваат парниците,се со една цел..да се добие побрза,поефикасна примена на законот..
Со ова индиректно ќе се удри и на селекција на адвокатите...
Какви индијанци има од адвокати,тоа чудо нешто...бараат се и сешто,само да ја кочат постапката,да се одложи рочиштето,да лапнат шо повеќе трошоци.....:kesa:
Дали има издржаност на предлозите,барањата ги боли...А и судиите им угодуваа многу...:tapp:
Кој пријател со судија,кој заедно играл фудбал,кој од исто село.....и поврзани се како свински црева....:nesvest:
Сега ако се обвистини ова со измените..со самото поднесување на тужбата,ќе треба да се предложат сите можни докази,сведоци,вештачења итн....
Во подоцнежните рочишта нема да биди дозволено поднесување на нови предлози....
Нешта шо ја кочеа работата на судовите и го преплавија судот со еден куп предмети...
Мора да се исчисти старото ѓубре,за да тргни работата напред...:star:
Ако не се промени нешто со вакво темпо со кое се движи правосудството...тешко на народот....:locked:
 
Бидејќи незнаев каде да го ставам, еве овде, а и онака е навидум реформа во судствово (ако треба модераторе слободно премести го).
Се работи за известување од Министерство за правда за добивање општи правни информации од судовите, како и примерок од судски одлуки, преку овластени лица за тоа од судовите наброени во табелата подоле. Би требало да биде позитивна промена, сепак ќе зависи од овластените лица највеќе, јас на пример знам дека тој за Основен суд Скопје 1 не знае главата каде му е од работа, и како би стигнал и ова да го средува, ама ете, да не збориме пред време.

Известување од &#1.jpg
 
Како прво ИЗВРШНАТА ВЛАСТ не смее да има никакви влијание врз правосудството....:tapp:
Ама апсолутно никаква....:nenene:
Судскиот буџет треба да биде независен,односно да се префрлаат пари со секој годишен ребаланс на буџетот....
Со буџетот да раководи тело избрано од редот на судиите,и за чија работа ќе бидат одговорни само пред судскиот совет...ни пред министри,ни пред премиер....
Не да се чека како досега од министерство за правда,па да имаме блокирани сметки....да се чека министерот да потпиши....:tapp:
Судската власт мора да биди АПСОЛУТНО НЕЗАВИСНА во сите сегменти....
Друго...
Да се искорени партиското аминување на судиите,односно нивно разрешување во оној момент кога нема да играат по нотите на големи партиски ГЛАВУЧИ....
Трето...
Да се искорени непотизмот,односно туркање на свои деца во судските фотељи,појава која не престанува да зема замав,не само од судиските редови,туку и од останатите правосудни органи....:kesa:
Да се оценуваат кандидатите за судии по квалитет...не по принципот КОЈ ИМА ПОВЕЌЕ И ПОЈЈАКИ ВРСКИ....
Треба да се заостри дисциплината...да се внимава повеќе на пристрасноста на судиите,нивното се понеетичко работење....
Да се забрза применувањето ан начелото на економичност во постапката,начело кое е премногу запоставено,посебно во кривичните постапки....
Има некои најави,дека од јуни,со влегувањето во сила на измените на ЗПП,ќе се забрза граѓанската постапка..односно многу побрзо ќе завршуваат парниците,се со една цел..да се добие побрза,поефикасна примена на законот..
Со ова индиректно ќе се удри и на селекција на адвокатите...
Какви индијанци има од адвокати,тоа чудо нешто...бараат се и сешто,само да ја кочат постапката,да се одложи рочиштето,да лапнат шо повеќе трошоци.....:kesa:
Дали има издржаност на предлозите,барањата ги боли...А и судиите им угодуваа многу...:tapp:
Кој пријател со судија,кој заедно играл фудбал,кој од исто село.....и поврзани се како свински црева....:nesvest:
Сега ако се обвистини ова со измените..со самото поднесување на тужбата,ќе треба да се предложат сите можни докази,сведоци,вештачења итн....
Во подоцнежните рочишта нема да биди дозволено поднесување на нови предлози....
Нешта шо ја кочеа работата на судовите и го преплавија судот со еден куп предмети...
Мора да се исчисти старото ѓубре,за да тргни работата напред...:star:
Ако не се промени нешто со вакво темпо со кое се движи правосудството...тешко на народот....:locked:
Утопија, во капиталистички систем на управување и демократија секоја власт треба и мора да биде контролирана од другата. Зошто постојат парламентарни избори ? Власта е таа која е одговорна за системот на владеење, за правосудството во целина, а ако го злоупотребува е тогаш на избори ќе биде казнета. Не е дозволено еден сегмент од власта да се затвори во себе и да владее сама за себе. Проблемот е во нарушениот интегритет и фашистичкиот систем на владеење каде се остваруваат само лични интереси и селективно се гони криминалот кој ќе покаже непослушност. Не се согласувам се тезата за „чистење на старото ѓубре“, такво нешто непостои, тоа се научени фрази на недораснати лицемери на кои секогаш некој друг им е крив за сопствената немоќ. Кадри се создаваат и градат, и од нив се учи,а не се !чистат„-почитувај ги тие што се пред тебе за да заслужиш да бидеш почитуван. Македонија е мала земја, и нормално е секој со секого да се познава. Родбинството не смее да биде пречка за нечија кариера, нормално е од едно здраво образовано семејство да произлезат добри и учени деца. Во Америка сенатори се раѓаат, сенаторски фамилии има, а ние се заглавивме во непотизмот. ГЛУПОСТИ интегритет градете, а не кој на кого му е сват. Напуштете ги погрешните шеми на однесување и размислување, и еднаш за секогаш не дисциплинирање туку меѓусебно контролирање со правни механизми.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom