Tomasino
За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
:nesvest:Утопија, во капиталистички систем на управување и демократија секоја власт треба и мора да биде контролирана од другата. Зошто постојат парламентарни избори ? Власта е таа која е одговорна за системот на владеење, за правосудството во целина, а ако го злоупотребува е тогаш на избори ќе биде казнета. Не е дозволено еден сегмент од власта да се затвори во себе и да владее сама за себе. Проблемот е во нарушениот интегритет и фашистичкиот систем на владеење каде се остваруваат само лични интереси и селективно се гони криминалот кој ќе покаже непослушност. Не се согласувам се тезата за „чистење на старото ѓубре“, такво нешто непостои, тоа се научени фрази на недораснати лицемери на кои секогаш некој друг им е крив за сопствената немоќ. Кадри се создаваат и градат, и од нив се учи,а не се !чистат„-почитувај ги тие што се пред тебе за да заслужиш да бидеш почитуван. Македонија е мала земја, и нормално е секој со секого да се познава. Родбинството не смее да биде пречка за нечија кариера, нормално е од едно здраво образовано семејство да произлезат добри и учени деца. Во Америка сенатори се раѓаат, сенаторски фамилии има, а ние се заглавивме во непотизмот. ГЛУПОСТИ интегритет градете, а не кој на кого му е сват. Напуштете ги погрешните шеми на однесување и размислување, и еднаш за секогаш не дисциплинирање туку меѓусебно контролирање со правни механизми.
Баш напротив Судската власт мора да биди одделена и независна од Извршната власт..
Не е утопија тоа.....
Тоа го предвидел и Уставотворецот,ама џабе кога се само букви испишани на хартија...
Не смее бре Судска власт да биди контролирана:nenene:....посебно не од некоај партија во извршна власт....тоа во никој случај не смее да значи дека можат судиите да прават шо сакаат.....
Дека народот ја има власта не се лажи...
Кој народ,кога народот гласа на избори,дава подршка на некоја партија,а таа партија наместо да ги штити интересите на луѓето кои ја донесле таму,таа врши притисоци врз судството се со цел да си ги исперат матните зделки..
Тоа не е контрола,тоа се вика ПРИТИСОК....
А сведоци сме на ова веќе 20 години, и за жал оваа тенденција ќе продолжи и понатаму.....
Властите можат да соработуваат меѓу себе,мора да има хармонија....но не смее највисоката власт(во случајот кај нас извршната)во целост да доминира врз судската власт....
Апсолутно забрането во сите демоктатски држави....
Не смее и некое политичарче да ја кочи работата на судот,зошто ЌЕ СЕ ЛУТЕЛ ШЕФОТ....:helou:
Денес во Македонија е бетер од фашизам...
Ај кажи ми процес во кој е осуден некој политичар кој се сомничи за злоупотреба на функција и за криминал?Ниеден.....
Зошто е така,зошто владата го тегни за уши судството,не смеат да писнат судиите,ако се пожалат за нешто ОДМА ЌЕ ЗАИГРА ГОЛЕМАТА РАКА И ЌЕ ТЕГНЕ ЗА УШИ..:nesvest:
Ќе фрчат откази...
Ја спомнуваш Америка?
Точно е дека голем број на судиии доаѓаат од тие елитни семејства,не реков дека тој тн.непотизам не можи да биди и позитивен...
Друга приказна е тоа...
Но системот на американското правосудство е тој шо ја прави државата да биди голема и демоктратска.....
Судот е институција таму,не дека и таму нема корупција и сл...има секаде...
Но судската заштита шо им ја дава Судот на граѓаните е на највисоко ниво....ако си виновен ќе одговараш,па ако треба биди и the fucking president od USA(аферата Вотергејт)...
Затоа се голема држава...и се таму кај шо се..
А кај нас какви одлуки се носат:?Зошто не можи да се одржи едно судење како треба на малиот милион арамии?
Зошто власта е длабоко навлезена во судството и го држи во своите канџи...
Како функционира правдата за ситните џепчии,крадци...
За да се спречи ова,мора чистење и менување на некои работи,пред се во законот за судовите...
Вака не можиме да тераме натаму...
Кога веќе ја земаме Америка за пример да завршам со нив..
Фасциниран сум од тој систем кога порота од обични граѓани ја имаат моќта да бидат делители на правдата...
Судијата таму има само процесни овластувања....
Е тоа е чарето за кај нас...
Ако не,ќе си тераме вака до недоглед...со еден куп судии на кои им се црвени ушите од тегнење и кои не смеат да донесат одлука без притисок.....
Далеку од ова дека сите судии работат вака,но сепак грото судии работат под страшен притисок...
А за да се искорени тоа мора да се тргнат чичковците во скапи костуми(тн политичари) надвор од судтвото..и да ги остават луѓето во тогите да си ја вршат работата...