Како прво ИЗВРШНАТА ВЛАСТ не смее да има никакви влијание врз правосудството....

Ама апсолутно никаква....:nenene:
Судскиот буџет треба да биде независен,односно да се префрлаат пари со секој годишен ребаланс на буџетот....
Со буџетот да раководи тело избрано од редот на судиите,и за чија работа ќе бидат одговорни само пред судскиот совет...ни пред министри,ни пред премиер....
Не да се чека како досега од министерство за правда,па да имаме блокирани сметки....да се чека министерот да потпиши....

Судската власт мора да биди АПСОЛУТНО НЕЗАВИСНА во сите сегменти....
Друго...
Да се искорени партиското аминување на судиите,односно нивно разрешување во оној момент кога нема да играат по нотите на големи партиски ГЛАВУЧИ....
Трето...
Да се искорени непотизмот,односно туркање на свои деца во судските фотељи,појава која не престанува да зема замав,не само од судиските редови,туку и од останатите правосудни органи....:kesa:
Да се оценуваат кандидатите за судии по квалитет...не по принципот КОЈ ИМА ПОВЕЌЕ И ПОЈЈАКИ ВРСКИ....
Треба да се заостри дисциплината...да се внимава повеќе на пристрасноста на судиите,нивното се понеетичко работење....
Да се забрза применувањето ан начелото на економичност во постапката,начело кое е премногу запоставено,посебно во кривичните постапки....
Има некои најави,дека од јуни,со влегувањето во сила на измените на ЗПП,ќе се забрза граѓанската постапка..односно многу побрзо ќе завршуваат парниците,се со една цел..да се добие побрза,поефикасна примена на законот..
Со ова индиректно ќе се удри и на селекција на адвокатите...
Какви индијанци има од адвокати,тоа чудо нешто...бараат се и сешто,само да ја кочат постапката,да се одложи рочиштето,да лапнат шо повеќе трошоци.....:kesa:
Дали има издржаност на предлозите,барањата ги боли...А и судиите им угодуваа многу...

Кој пријател со судија,кој заедно играл фудбал,кој од исто село.....и поврзани се како свински црева....:nesvest:
Сега ако се обвистини ова со измените..со самото поднесување на тужбата,ќе треба да се предложат сите можни докази,сведоци,вештачења итн....
Во подоцнежните рочишта нема да биди дозволено поднесување на нови предлози....
Нешта шо ја кочеа работата на судовите и го преплавија судот со еден куп предмети...
Мора да се исчисти старото ѓубре,за да тргни работата напред...:star:
Ако не се промени нешто со вакво темпо со кое се движи правосудството...тешко на народот....:locked: