- Член од
- 15 декември 2010
- Мислења
- 197
- Поени од реакции
- 87
По неколкугодишно двоумење, Македонија е на чекор да ја прифати поканата за учество во изградбата на нуклеарната централа „Белене“ во соседна Бугарија. Останува уште да се допрецизираат модалитетите за учество, количеството на закупена енергија, начинот на плаќање и слично, дознаваме од официјални извори.
Владата побарала и дополнителни информации за предвидената сопственичка структура во „Белене“ и за учеството на руски и други партнери во проектот. Дипломатски канали од Софија за „Нова Македонија“ потврдуваат дека добиле сигнали за учество на Македонија во овој проект, кон кој веќе се придружија Србија и други земји од регионот.
Од Владата ваквите информации ниту ги потврдуваат ниту ги демантираат.
- Сé уште се прават анализи и се разгледуваат сите можни опции. Се надеваме дека наскоро ќе се донесе одлука - изјави портпаролот на Владата Мартин Мартиновски.
Во меѓувреме, бизнис-секторот недвосмислено бара вклучување на земјата кон „Белене“, како најисплатлива варијанта за долгорочно решавање на проблемот со недостиг од електрична енергија.
Томе Костадиновски, стопанственик и експерт за енергетика, смета дека би било одлично доколку се приклучиме кон „Белене“.
- На тој начин ќе обезбедиме најевтина струја, што поволно ќе влијае врз стопанство и сите потрошувачи - вели Костадиновски.
Некои од политичките партии и еколошките здруженија во земјава, исто така, сметаат дека многу подобра варијанта е да се закупи енергија во „Белене“ отколку да се гради сопствена нуклеарна централа во Мариово до 2025 година, која, освен финансиски главоболки, ќе ни донесе и проблеми со депонирање на идниот нуклеарен отпад. Во меѓувреме, во Бугарија засилено се одвиваат активностите за изградба на нуклеарната централа. Очекувањата се првиот енергоблок да се заврши за 59 месеци, додека вториот 12 месеци подоцна. Во однос на сомневањата за безбедноста на нуклеарката, бугарските експерти најавија дека централата ќе биде со највисоки светски стандарди за безбедност. Реакторното одделение може да издржи удар на 400-тонски патнички авион од типот „боинг 747“ без никакви последици, тврдат тие.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2911910483&id=10&setIzdanie=22202