Ферги рекол пред мечот дека на Бербатов не му било добро цел ден. Не ни беше баш најдобра играта, заслужија бод Њукасл.
Него овие играчиве на Арсенал на Твитер ми се смех

, прво тој голманот пољакот му се смее на Кол, после некоја недела тој прави грешка против Бирмингем. Кога ни даде 3 гола Кајт, РвП вика well done Kuyt

- ќе скопчате што се случи во саботата.
Сега викаат thank you Newcastle.... ако продолжат да киксаат и вино и погачи да носат на нашите противници џабе ќе е
А, Арсенал - Њукасл како заврши на СЏП?
Прилично одличен натпревар денеска, отворен фудбал, шанси на двете страни, возбудувања, само изостанаа головите, ама јбг... Да погодеше Чичарито во првите минути ќе ги отворевме како паштети... Руни сам пред гол, Гигс одлична замисла, но слабо прецизен... кога нема да постигнеш гол од такви 100% шанси, се знае што следува во најчест случај... Смолинг денеска беше перфектен, освен кога задоцни за момент (кој можеше скапо да не чини), кога Ловенкрандс биеше со глава, и кога направи еден наивен фаул во првото полувреме врз Амеоби... средината не ми се допадна, ниту Керик, ниту пак Андерсон... Гигс ми изгледаше нервозен, ретко го гледам таков, а и приметив денеска дека скоро секоја топка кога ќе ја прими, гледа каде е Хавиер и праќа пас кон него... дури подобро решение ќе беше да изиграше со Нани кога направија контра, тој го избра потешкиот начин и ја даде кон Хавиер...
Следен натпревар, да се повтори играта од денеска, да се отстранат тие недостатоци во играта и грешките, и со подобра реализација да се совлада Евертон, чекор по чекор, па потоа ќе му ја мислиме и на Шалке и на Арсенал, се по ред

GGMU
Имам некоја замерка денеска за судењето. Приметив дека на два-три пати не беше досуден очигледен офсајд од играчите на Њукасл, а едната беше и добра шанса за гол на Амеоби... потоа, не беа досудени неколку ситни фаули и за двата тима, а можеби имаше пенал за Јунајтед кога со рака во првото полувреме играше Енрике мислам... додека режисерот на неколку пати ја повтори снимката кога Андерсон "го фаулираше" Ловенкрандс, но според мене тука не стануваше збор за пенал... тоа е тоа, од прилика
