- Член од
- 15 октомври 2010
- Мислења
- 835
- Поени од реакции
- 155
И, уште не разбираш? Така им било кажано и тие ете го почитуваат кажаното. Од следниов цитат појасно неможе да бидеТи одговорив, не јаделе бидејќи така им било кажано.
А жената и рече на змијата: "Ние јадеме род од секое дрво во рајот; - само од родот на она *дрво среде рајот, - рече Бог, - не јадете и не се допирајте до него, за да не умрете!"
Ја, додека не дошла сатаната тие си го почитуваат кажаното, и не јадат од плодот, значи знаеле па дури и го цитираат кажаното од Бог. Како што ги правиш ти дека ништо не знаеле, дека биле дебилни, тие би требало да си јадат од плодот и покрај кажаното од Бога, и без да чекаат сатаната да им каже, оти по твое кажаното од Бога за нив немало никакво значење. Ама ете не било така, ептен добро биле свесни, та дури и го цитираат кажаното, а и свесни се дека не треба да јадат оти ќе има последици ако го прекршат зборот. Така да Ева свесно го прекршува Божјиот збор, свесна дека со тоа ќе трпи последици, ама ете потпаднала под влијание на сатаната.