Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.432
Поени од реакции
5.128
Прецизирај го прашањево...Вака, можеш да ми подметнеш било што, кое владиката можеби и го кажажл а јас по автоматизам, некритички, би го прифатил, ако одговорам афирмативно на прашањево.
Општо мислам, (да не мислиш дека ќе те зафркнам со тоа што владиката има речено дека еволуцијата е вистина, а со тоа и потеклото на човекот) дали му веруваш?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А кој треба да ги прави за да бидат меродавни?!
Лично, не сум поклоник на науките, не сум научник по професија, мојата професија е уметничка, така да мене лично, апсолутно не ме „занима„ кој е меродавен...Пречестите промени и автокорекции кои се случуваат во науките, само покажуваат дека нити една наука не може да ни понуду ниту една конечна/трајна вистина!

--- надополнето ---

Абе врти како ќе вртиш, науката ја побива библијата! !

Напротив: здравите науки, ја потврдуваат Библијата, а Библијата ја побиваат саде неверниците...и никако да ја до-побијат!
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Причам ти причу...Во 19-от век, проценките почнаа со некои 40 мил. години, за да пораснат денес до фантастични 4,5 милј. години! За едно 100 г. од денес, ќе имаме уште поголема старост од Земјава...

Причаш ти причу адавно, ама причава бајата ти е! Радиометриското датирање е докажано и признаено, прецизно и точно ја посочува староста на земјата а таа е 4,5 милијарди години.
Со која метода „е побиено„?
Добро бре човек! Што се правиш со сила мутав?! Па растенијата неможат да преживеат без сончева светлина!! Како може првин тие да се создале?! Што тресеш глупости?
Со која научна метода е докажзана еволуцијата и од кога тоа, еволуцијата стана наука?
Преку методите кој ти ги кажав и на почетокот: Набљудување и мерење! Докази имаш колку сакаш, од генетски, фосилни...па се до живи примери на организми кој еволуирале во последниве неколку векови.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Општо мислам, (да не мислиш дека ќе те зафркнам со тоа што владиката има речено дека еволуцијата е вистина, а со тоа и потеклото на човекот) дали му веруваш?
1. Владиката, ако мислиш на Г.Г. Стефан, не е владика туку архиепискот-главен епискот, контролор на точното спроевудвање на учењето од Црквата во Црквата.
2. Г.Г. Стефан никогаш нема кажано афирмација за еволуцијата, освен ако нешто си извадил од контекст (како она со мајминуте...).
3. Да, имам ДОВЕРБА во архепископот. Не верувам во архиепискотпот, оти Г.Г. Стефан е очигчедно битие-не верувам во на кое го гледам, туку верувам во она кое не го гледам и на кое се надевам.

--- надополнето ---

Радиометриското датирање е докажано и признаено, прецизно и точно ја посочува староста на земјата а таа е 4,5 милијарди години.
Уффф, која сигурност е ова...А со некоја друга метода, ќе се добие поинаков резултат, така?

--- надополнето ---

Па растенијата неможат да преживеат без сончева светлина!! Како може првин тие да се создале?! Што тресеш глупости?
Да, Бог промислил прво да настанат растенијата. Во времето кога нстанале, немало Сонце, но имало „светлина„. Така, паѓа Твојата „теза„ дека растенијата не можат да живеат без светлост...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Лично, не сум поклоник на науките, не сум научник по професија, мојата професија е уметничка, така да мене лично, апсолутно не ме „занима„ кој е меродавен...Пречестите промени и автокорекции кои се случуваат во науките, само покажуваат дека нити една наука не може да ни понуду ниту една конечна/трајна вистина!

Ако не те занима зошто постави прашање? И никој тука нерече дека постои апсолутна, конечна и неменлива вистина! Тоа го тврди религијата а не науката.
Напротив: здравите науки, ја потврдуваат Библијата, а Библијата ја побиваат саде неверниците...и никако да ја до-побијат!
И кој се тие "здрави науки" жити се?! Дај просветлиме да видам кој се и како тоа ја потврдиле библијата?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Набљудување и мерење! Докази имаш колку сакаш, од генетски, фосилни...па се до живи примери на организми кој еволуирале во последниве неколку векови.

Какво црно набљудување, кога еволуцијата е приоцес кој трае бааааавно, доооолго, беееесцелно, непредвидливо...Кој е тој кој ќе доживеее толкава старост, за да може да ги докаже тиај баааавни процеси?

Она кое Ти го нарекуваш „доказ„, не е екслузива на еволуцијата, оти истите тија доказио се доказ дека некој ги створил, и истте тија докази за докажуваат точноста од Божјата креација.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Уффф, која сигурност е ова...А со некоја друга метода, ќе се добие поинаков резултат, така?

Да, ако те ангажираме тебе, тогаш ќе испадне дека е 8000 години стара, со најточната метода во универзумот - библијата!
Да, Бог промислил прво да настанат растенијата. Во времето кога нстанале, немало Сонце, но имало „светлина„. Така, паѓа Твојата „теза„ дека растенијата не можат да живеат без светлост...
:aplauz::aplauz::aplauz:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И кој се тие "здрави науки" жити се?! Дај просветлиме да видам кој се и како тоа ја потврдиле библијата?
Еве, „чак„ и јас почнав со „..линкови...„ (ха-ха-ха!) па немој да ми речеш дека не сум дал одговор...

Читај и учи!

http://www.pravoslavna-srbija.com/Pravoslavlje/Bog i nauka/BOGinauka.htm
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.432
Поени од реакции
5.128
1. Владиката, ако мислиш на Г.Г. Стефан, не е владика туку архиепискот-главен епискот, контролор на точното спроевудвање на учењето од Црквата во Црквата.
2. Г.Г. Стефан никогаш нема кажано афирмација за еволуцијата, освен ако нешто си извадил од контекст (како она со мајминуте...).
3. Да, имам ДОВЕРБА во архепископот. Не верувам во архиепискотпот, оти Г.Г. Стефан е очигчедно битие-не верувам во на кое го гледам, туку верувам во она кое не го гледам и на кое се надевам.
Е ова ми требаше. Стефан е очигледно битие.
1. Тогаш зошто веруваш во неочигледни битија? Битија кои не се докажани дека постоеле?
2. Верувај ти на тоа што не го гледаш, а не на тоа што го гледаш. Тоа е само уште еден доказ дека ти си слеп, дека слепо веруваш во бабини деветини.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Какво црно набљудување, кога еволуцијата е приоцес кој трае бааааавно, доооолго, беееесцелно, непредвидливо...Кој е тој кој ќе доживеее толкава старост, за да може да ги докаже тиај баааавни процеси?
.
Прво самиот кажуваш дека науката ти е непознаница, дека не си упатен, а од друга страна негираш и тропаш глупости и се бламираш!
Еволуцијата трае баааааавно и дооооолго за оние организми кој се репродуцираат бавно и носат мал број единки во едно поколение! За останатите чиј животен век трае кратко, а репродуцираат голем број единки во една генерација, еволуцијата се одвива побрзо! Плус, има голем број фактори кој ја условуваат еволуцијата, како животната средина, природни грабливци, ресурси на храна итн!
Она кое Ти го нарекуваш „доказ„, не е екслузива на еволуцијата, оти истите тија доказио се доказ дека некој ги створил, и истте тија докази за докажуваат точноста од Божјата креација.
Ако ова не е доказ, тогаш што е?
http://forum.kajgana.com/showthread.php?30360-%D0%9A%D1%80%D0%B5%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC-%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8-%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%BB%D1%83%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC&p=4007455&viewfull=1#post4007455
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.432
Поени од реакции
5.128
Уффф, која сигурност е ова...А со некоја друга метода, ќе се добие поинаков резултат, така?.
Зошто се правиш наудрен?
Убаво ти ја имам објаснато методата за мерење на староста со радиоактивните елементи.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Ај едно прашање, малку brainstorming за сите.
Господ не се појавува што не се појавува од X причини, ама што го спречува ѓаволот да се појави на сред плоштад и да почне да прави ѓаволштини?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
ама што го спречува ѓаволот да се појави на сред плоштад и да почне да прави ѓаволштини?
Заклучоков Ти е крајно наивен, а еве зашто.

1. Ѓаволот има Божјо допуштање, за тоа до која мерка може да ги мајтапи луѓето.
2. Ѓаволот има свои слуги на Земјава, кои непрекидно му служат (на ѓаволот) и кои денес до таа мерка станаа безобразни, што не ја ни кријат својата улога-станаа очевидни.
3. Ѓаволови слуги се сите оние кои лажат, кои чинат чудеса, и тоа онака, јавно, и чија јавност можеме да ја видиме со посредство од медиумите.
4. И конечно, како што вели еден од Светите Оци: да можеме ние луѓето да ги видиме демоните со телесни очи, би збудалеле од стравот кој би го доживеале од таа гледка!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Зошто се правиш наудрен?
Убаво ти ја имам објаснато методата за мерење на староста со радиоактивните елементи.
Секој здраворазумен научник-истражувач, ќе рече дека научните вистини, кои се тековно важечки, ај што се проемнлви-се променливи, туку тие тековно важечки вистини се само заклучоци врз онова од досегашните испитувања и сознанија и тековно приментетите методи и уреди за испитување.

За ралика од нив, форумов е полн со фаци, кои ги земаат научните сознанија (не „вистини„!), џоа се апсолитни вистини...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom