Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Така де така. Ама ете еден куп научници ни викаат ете така настана светот, со биг бенгот. Никој не вели можно е вака да настанал, него ни го сервираат како точно. Така да научниците "веруваат" во биг бенгот. Кога сме веќе овде, како не можете да видите дека самата теза за биг бенгот е доказ повеќе за постоењето на Бог?
Лекции по физика 101:
Ево еден пример за научно докажување.
Според Ајнштајновите пресметки му испаѓало дека вселената се шири, а според обсервациите дотогаш вселената била статична.Па Ајнштајн додал една константа во пресметките, наречена космолошка константа за да се задоволи тој услов.
Е сега, кога Хабл докажал дека вселената се шири, тие Ајнштајнови пресметки се покажале како грешни па се отфрлени, заедно со космолошката константа.
Значи и Ајнштајн не бил секогаш во право.

Според сегашниот математички модел, најверојатно постојат црни дупки и најверојатно имало Биг Бенг, ама ке потенцирам, СПОРЕД СЕГАШНИОТ МОДЕЛ!
Кога ке се појави некоја Unified Theory, моделот можда ке се смени.
Туку како ти верник олку се интересираш, отвори си ја Библијата, таму ги имаш сите одговори, можда и за релативитетот и за црните дупки, незнам, види.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Така де така. Ама ете еден куп научници ни викаат ете така настана светот, со биг бенгот. Никој не вели можно е вака да настанал, него ни го сервираат како точно. Така да научниците "веруваат" во биг бенгот. Кога сме веќе овде, како не можете да видите дека самата теза за биг бенгот е доказ повеќе за постоењето на Бог?
Никој нерекол дека биг бенгот е факт! За ова се кладам у што сакаш! Тоа е претпоставка која се темели на фактот што вселената се шири, значи секој научник ја третира како таква - хипотеза или претпоставка а не како факт или доказ.
П.С. Концепти за "бог" има колку сакаш, а за библискиот концепт, стварно негледам никаков доказ во теоријата за биг бенг!
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.432
Поени од реакции
5.128
Абе ништо не е точно за вас. Знам. Дали само фактите ги прифаќате вие атеистите? Тогаш што правиме со создавањето на живата материја од нежива? Кога, како, каде и кој го докажа тоа?
Докажано е. Создадени се јаглехидрати и други сложени молекули по вештачки пат.



А ти, лично, ја прифаќаш ли оваа теорија?
Не. Барем не во целост.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Гледам овде врие од слуги на рогатиот...
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
П.С. Концепти за "бог" има колку сакаш, а за библискиот концепт, стварно негледам никаков доказ во теоријата за биг бенг!
Како не гледаш, па Господ е иницијаторот, Он го иницијализира бенгот.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Така де така. Ама ете еден куп научници ни викаат ете така настана светот, со биг бенгот. Никој не вели можно е вака да настанал, него ни го сервираат како точно. Така да научниците "веруваат" во биг бенгот. Кога сме веќе овде, како не можете да видите дека самата теза за биг бенгот е доказ повеќе за постоењето на Бог?
Ај најди еден научник кој вика дека светот СИГУРНО настанал со Биг Бенг. Најди САМО ЕДЕН научник кој тврди дека СИГУРНО настанал од Биг Бенг.

Науката не ВЕРУВА. 100 пути ти кажаа до сеа. Не се прави со сила глуп.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.432
Поени од реакции
5.128
Како не гледаш, па Господ е иницијаторот, Он го иницијализира бенгот.
Значи ти веруваш во Биг Бенгот, иако е непотврден од науката? Цццц...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Како не гледаш, па Господ е иницијаторот, Он го иницијализира бенгот.
Охохооо, сеа Биг Бенгот го иницирал?!?!

Нели водите ги двоеше, бе ХЕРЕТИК!!! Нели тревопасни лавови создаваше и светло без сонце праеше?!?!

Сеа физичар ќе го правиш, а?
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Ај најди еден научник кој вика дека светот СИГУРНО настанал со Биг Бенг. Најди САМО ЕДЕН научник кој тврди дека СИГУРНО настанал од Биг Бенг.

Науката не ВЕРУВА. 100 пути ти кажаа до сеа. Не се прави со сила глуп.
Ти ја следиш ли дискусијата од почеток? Целиот овој муабет беше заради тоа што gade рече дека Господовото постоење не е докажано, значи Господ не постои. Епа и биг бенгот не е докажан, значи и тоа е лага. Така?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Како не гледаш, па Господ е иницијаторот, Он го иницијализира бенгот.
Во теоријата за биг бенг, земјата е создадена после 10 милијарди години од почетокот, во библијата е создадена на почетокот!
Во теоријата за биг бенг, сонцето е создадено пред земјата, во библијата е создадено после земјата.....па дури и после растенијата на земјата!
Преку ова не можеш да затвориш очи.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Значи ти веруваш во Биг Бенгот, иако е непотврден од науката? Цццц...
Реков така? Не. Едноставно биг бенгот (дали е точно или не) не е доказ за божјото непостоење, тоа сакав да кажам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom