Навистина сега се рече. Па тогаш како ќе тврдиш дека Господ Бог не постои? Тоа е Одамна докажано....
Можеби зошто природните закони се конечни нели? 2+2 е секогаш 4, тука нема можеби. А постоењето на сите религии се базира НА МОЖЕБИ. Сите научници знаат дека 2+2 е 4. Сите верници си фураат свој филм, секој како ќе си посака. И каков црн закон гледаш ти во ова? Каде е конечноста? Докажи дека Бог постои преку проверлив експериментален пример (научен) и ќе поверувам. А преку цитати од библии, курани, свети писма, итн......... не.
Јас го сакам сфаќањето на Исус околу правилата на живеење, кои денес се имплементирани во законот на речиси сите земји, и немаат никаква религиозна врска, важат за сите подеднакво. Затоа не го негирам неговото постоење, но како мудар човек, а не како некаков божји син. Религијата е настаната како своевиден закон, а на неписмен тогаш народ како ќе му објасниш поинаку зошто не треба да убива, да краде итн. освен ако не го исплашиш доволно? Во недостаток на наука се јавува религија, а христијанството посебно, како религија на сиромашните, со главно мото ,,Истрпи сега, кога ќе цркнеш ќе идеш во рајска земја,,.
Тоа што бил Исус некогаш, во понова историја го имаме олицетворено во повеќе доста интелигентни диктатори. Па по таа религиска логика, Хитлер е месија за Германците.