Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Која бре термодинамика? Не се глупирај. Законите на термодинамиката не важат во КВАЗАРИТЕ, ЦРНИТЕ ДУПКИ, не важат за Анти-материјата. Што докажа?
Ти глуп си или сосила се правиш глуп? Кои црни дупки те спопаднале и кои квазари, за материјата Целокупна во универзумот зборуваме.

Со кој тоа ЗАКОН е господот твој докажан?
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Ти глуп си или сосила се правиш глуп? Кои црни дупки те спопаднале и кои квазари, за материјата Целокупна во универзумот зборуваме.

Со кој тоа ЗАКОН е господот твој докажан?
Нормално кога немаш одговор го ставаш во уста Господ.

Која термодинамика има во сингуларот?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Материјата е бог. Тоа го тврдиш. Бидејки таа од нежива, мртва, бес сопствена свест, САМА еволуира во жива материја со свест, таа мора да е бог. Сепак и атеистите го потврдуват постоењето на бог.
Навистина сега се рече. Па тогаш како ќе тврдиш дека Господ Бог не постои? Тоа е Одамна докажано....
Нормално кога немаш одговор го ставаш во уста Господ.

Која термодинамика има во сингуларот?
Иста како и секаде. А кој го споменува и бог и господ секаде и кај не му е место, се гледа. 5 пати во 3 поста
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Лелееееее......со еден поп поцивилизиран муабет ќе се направи него ли овде....барем попон не сфаќа се буквално и има знаење и за Кабала и за паганизам и сите остали верувања (барем оној со кој јас сум праела муабет).
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.432
Поени од реакции
5.128
Материјата е бог. Тоа го тврдиш. Бидејки таа од нежива, мртва, бес сопствена свест, САМА еволуира во жива материја со свест, таа мора да е бог. Сепак и атеистите го потврдуват постоењето на бог.
Оф леле, со кој дискутирам.... поарно си Игорче ќе се разбериме.

Нема жива и нежива материја...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Навистина сега се рече. Па тогаш како ќе тврдиш дека Господ Бог не постои? Тоа е Одамна докажано....
Можеби зошто природните закони се конечни нели? 2+2 е секогаш 4, тука нема можеби. А постоењето на сите религии се базира НА МОЖЕБИ. Сите научници знаат дека 2+2 е 4. Сите верници си фураат свој филм, секој како ќе си посака. И каков црн закон гледаш ти во ова? Каде е конечноста? Докажи дека Бог постои преку проверлив експериментален пример (научен) и ќе поверувам. А преку цитати од библии, курани, свети писма, итн......... не.
Јас го сакам сфаќањето на Исус околу правилата на живеење, кои денес се имплементирани во законот на речиси сите земји, и немаат никаква религиозна врска, важат за сите подеднакво. Затоа не го негирам неговото постоење, но како мудар човек, а не како некаков божји син. Религијата е настаната како своевиден закон, а на неписмен тогаш народ како ќе му објасниш поинаку зошто не треба да убива, да краде итн. освен ако не го исплашиш доволно? Во недостаток на наука се јавува религија, а христијанството посебно, како религија на сиромашните, со главно мото ,,Истрпи сега, кога ќе цркнеш ќе идеш во рајска земја,,.
Тоа што бил Исус некогаш, во понова историја го имаме олицетворено во повеќе доста интелигентни диктатори. Па по таа религиска логика, Хитлер е месија за Германците.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Докажи дека Бог постои преку проверлив експериментален пример (научен) и ќе поверувам.
Сакаш научно да се докаже постоењето на Бог? Не бива, затоа што науката(најверојатно мислиш на физиката) воопшто не се занимава со прашањето дали постои Бог? Постоењето на Бог едноставно не е цел на проучување на науката. Затоа има и научници Христијани, Муслимани итн.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Сакаш научно да се докаже постоењето на Бог? Не бива, затоа што науката(најверојатно мислиш на физиката) воопшто не се занимава со прашањето дали постои Бог? Постоењето на Бог едноставно не е цел на проучување на науката. Затоа има и научници Христијани, Муслимани итн.
Па сите тие заедно не можат да се договорат, каква друга наука бараш? Не дека никој не пробал да го докаже неговото постоење, туку никој не успеал, зошто не можеш да докажеш нешто што не постои.
Но затоа науката успеала да докаже дека постоеле цивилизации многу пред библиското кажување, и исто така науката осознала други феномени кои религијата не ги осознала па накратко се служела со ,,патиштата господови се чудни,, и ,,таква била волјата господова,,.
Сепак во 21 век сме ние уште на почетокот од осознавањето на нашата природа, имаме уште многу бурек да изедеме ако тргнеме од тоа дека сеуште некои мислат дека сме единствената населена планета. Ама тоа е, на некого му е полесно да чита 1 книга и да верува во неа, отколку да ги отвори очите и да погледне дека светот и универзумот се една многу поголема книга од која човештвото има прочитано едвај неколку страни.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Ако неможе да се докаже никако тогаш проблемот е решен, не постои.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Но затоа науката успеала да докаже дека постоеле цивилизации многу пред библиското кажување, и исто така науката осознала други феномени кои религијата не ги осознала па накратко се служела со ,,патиштата господови се чудни,, и ,,таква била волјата господова,,.
Науката исто така го има кажано и следното: Omne vivum ex vivo - Луј Пастер. Односно дека животот настанува од живот. Ова ти е законот за биогенеза. Значи сите живи организми настануваат од претходни живи организми. Така науката вели дека Неможе да настане живот од нежива материја. Епа како тогаш настанал животот ако не може да настане од нежива материја?

--- надополнето ---

Ако неможе да се докаже никако тогаш проблемот е решен, не постои.
Многу работи во науката се недокажани, па сепак тоа не ги спречува научниците да не "веруваат" во нив.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Манипулацијата со извадоци на цитати е најголемиот доказ на атеистие, бидејки друг и немаат. Нјаглупата ситуација кај нив е тоа што неамат капацитет да разберат дека постои Бог, па својата реплика ја пласираат како да се портпароли на некоја политичка партија што во потполност одговара на менталниот склоп.
Прашање до нив: како размислуват, дали постои дух, духови?
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Науката исто така го има кажано и следното: Omne vivum ex vivo - Луј Пастер. Односно дека животот настанува од живот. Ова ти е законот за биогенеза. Значи сите живи организми настануваат од претходни живи организми. Така науката вели дека Неможе да настане живот од нежива материја. Епа како тогаш настанал животот ако не може да настане од нежива материја?

--- надополнето ---



Многу работи во науката се недокажани, па сепак тоа не ги спречува научниците да не "веруваат" во нив.

Прво цитираш научник од 19ти век, а второ научниците не „веруваат“, туку поставуваат хипотези и доколку се најде доказ таа хипотеза е точна.
Пример, Ајнштајн ја поставил теоријата на релативитетот математички и додека не се потврдила со доказ била само хипотеза.Значи Ајнштајн ја поставил, немал докази за тоа, ги базирал своите тврдења математички, а не со „верба“.


Не постојат духови.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Прво цитираш научник од 19ти век.
Законот важи и ден денес.

второ научниците не „веруваат“, туку поставуваат хипотези и доколку се најде доказ таа хипотеза е точна. Пример, Ајнштајн ја поставил теоријата на релативитетот математички и додека не се потврдила со доказ била само хипотеза.Значи Ајнштајн ја поставил, немал докази за тоа, ги базирал своите тврдења математички, а не со „верба“.
Гледаш што велиш овде? Дека научниците поставуваат хипотези, кои некои ќе ја прифатат, а некои не, се додека не се најде доказ. Значи нешто се прифаќа и без доказ, така?

--- надополнето ---

Не постојат духови.
Ај јас ќе речам не постојат црни дупки (Black Holes). И шо праиме?
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Законот важи и ден денес.



Гледаш што велиш овде? Дека научниците поставуваат хипотези, кои некои ќе ја прифатат, а некои не, се додека не се најде доказ. Значи нешто се прифаќа и без доказ, така?

--- надополнето ---



Ај јас ќе речам не постојат црни дупки (Black Holes). И шо праиме?

Прво: Тоа е само една изјава на Луј Пастер, не е никаков доказ, а богами ни закон.
Второ: Никаде не спомнав дека се прифаќа хипотеза без доказ.Напротив, за една хипотеза да се покаже дека е точна, потребен е доказ.
Трето: Во Ghost Hunters серијата на Дискавери, 7 сезони се отепаа да докажат дека постојат духови, ама без успех.
Црните дупки произлегуваат од теоријата на релативитетот и досега има само посредни докази(пошто нели неможат да се видат), ама сепак се докази.

Четврто: Не ми се допаѓа кога ми ги извртуваат зборовите, читај како што е напишано.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom