MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
DBack,Интелектуален мрак, бе, Мики. Ис-то ко што е у твојата глава сеа у моментов.
Во средниот век во Европа христијанството насилно ја криело СВЕТЛИНАТА НА ЗНАЕЊЕТО. Затоа се вика мрачен. Затоа што ПРОСВЕТЛУВАЊЕТО било забранувано од Црквата поради страв од губење на моќта и влијанието кои бесправно ги узурпирала.
Мрачно било дека на целиот народ му се темнело од забраните, манипулациите, малтретирањата и масакрите на Црквата.
Мрачно било затоа што не било дозволувано да се учи, знае и трага.
Мрачно било дека Црквата го терала човекот да живее како во соба без прозорци и без фенери. Во темницата на незнаењето.
Нешто као ти што живееш денес, на пример.
очигледно е дека уживаш во упатување навреди кон поедини членови нод форумов, но моето прашање не беше насловено како „...Ајде DBacк, навредувај ме до бесконечност...„ туку беше поставено како барање атеистички став за категоријата „мрачен„, која редовно му се „лепи„ на средновековието.
Но добро, на форумов било кој може да „опне„ глупост-и да остане жив.
А од ова кое го напиша, забележувам Твоја алфабетска неписменост од историјата, така немој, не се мачи и понатаму да одговараш, оти очигледно е дека немаш што да кажеш.
Да бидам појасен (за разлика од Твојата празнотија):
- средновековието нема интелектиуален мрак
-„знаењето„ е менливо-минлива категорија
-манипулациите се најизразени токму денес, во обем поголем од било кога претходно
-според Тебе, „мрачно„ било затоа што користеле фенери (!!!)
-според Тебе, во среновековитео, луѓето „не знаеле„ (!!!???), барем да ни кажеше што не знаеле...
Значи, пишуваш постови, кои се обична збирка од „набадања„ и кои ни во лудило не кореспондираат со она кое дури и световната наука (историјата и историјата на уметностите!) ни го кажува!
Но јасно е дека за Тебе, историските факти, кои не одговараат на Твоите предубедувања, не се точни, така?
Дотолку потешко по фактите...Оти лесно се побиваат со нивна проста негација, не?