Не, на мојот избор влијае(ше) само „јас„, а влијанието (без никакоов притисок...) беше од еден мој професор, Бог да му даде долг живот и здравје. А што се однесува до набројаните, тие се речиси без исклучок противници на мојот верски избор.
Дури би рекол дека сум страшно задоволен оти поверував и оти сега сум дел од Црквата Христова, иако цел мој живот (би) можел да ми помине во бесцелен атеизам, без никаков осет за тоа што ме чека после овоземниот живот. Можам само да им заблагодарам на моите љути противници (на родителите..) кои сепак ме крстиле, како и на мојот покоен кум, кој ми додели име, како и на Црквата, во која сум крстен во Христа Богочовекот.