Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
хехе, ќе му кажиш в лице на некого од моиве комшии? абе немој, кај ќе те спасуваме...
или едно е форум друго реалност? две лица на иста личност, таков став е чуден.
Трпеливост бате, толерирање на туѓите верувања и идеи кои немаат ништо зло по тебе...тоа е клучот за ненасилство. Секое негирање на лично чувство (и за и вон религија) води кон реакција на лицето кому тоа го негираш. Реакција од игнорирање на недоличностите кои ги изговараш против него преку отпор и контрирање до насилство кое го гледаме секојдневно. Ова негирање на лични чувства и карактеризирање на личностите врз база на вера... дури и во некоја француска или шведска паланка ако им ги наметнуваш твоите ставови нема да помине без реакција.
Затоа и не го правам тоа во приватниот живот.

А, да, едно е форум и друго е реалност. Ако не беше така, ниту ти немаше тука да бидеш Лурц, нели?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Ок, ти имаш две страни...
Ако не беше така, ниту ти немаше тука да бидеш Лурц, нели?
јас немам проблем ни тука со другите религии ни реално пошто не ги негирам нивните чувства...едино ако сакаат да негираат нешто без везе па..., без разлика верници неверници. Дволичноста во однос на религиите не ми е омилена.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ок, ти имаш две страни...
И ти ги имаш. Една ти е Лурц. За другата - не знам, ниту ме интересира.

Околу проблемот со другите религии... Мислам дека или лажеш, или се лажеш :)

Едно е да не го кофронтираш проблемот, а сосем друго е да го немаш. Ако не веруваш во Алах или Брама, тоа значи дека не ги прифаќаш. Ти мислиш дека не ги негираш нивните чувства, но тоа не е баш вистина, нели? Ти единствено не го комуницираш твоето негирање. Тоа не значи дека не негираш.
 
Член од
30 март 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
ateistite go vodat celiot svet momentalno.....ke dojde vreme na duhovnoto mislenje kad tad,a sea za sea ostajte gi neka si teraat po svoe se vide do kade dojde nivnoto mislenje i negiranje i do kade go donesoa svetot.Zatoa zapamtete samo edno....na site ke vi bide sudeno!!!!MUAHHAHAHAHAHAHAHAHA
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
хехе, ќе му кажиш в лице на некого од моиве комшии? абе немој, кај ќе те спасуваме...
или едно е форум друго реалност? две лица на иста личност, таков став е чуден.
Трпеливост бате, толерирање на туѓите верувања и идеи кои немаат ништо зло по тебе...тоа е клучот за ненасилство. Секое негирање на лично чувство (и за и вон религија) води кон реакција на лицето кому тоа го негираш. Реакција од игнорирање на недоличностите кои ги изговараш против него преку отпор и контрирање до насилство кое го гледаме секојдневно. Ова негирање на лични чувства и карактеризирање на личностите врз база на вера... дури и во некоја француска или шведска паланка ако им ги наметнуваш твоите ставови нема да помине без реакција.
Зошто и ти не се придржуваш на болдираното???
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Зошто и ти не се придржуваш на болдираното???
Кон она болдирано за кое везден читам разни нискости и зборови на нетрпеливост и ароганција? Реков поред болдираното и ова
едино ако сакаат да негираат нешто без везе па...
згора на тоа самото болдирано ако добро го прочиташ
Секое негирање на лично чувство (и за и вон религија) води кон реакција на лицето кому тоа го негираш.
кога "ќе изумрат" нациите и религиите, тогаш друго ќе збориме. Сега за сега националното и религиозно чувство се лични чувства пред законот. Секое нивно негирање во светот води кон деструкција и раздор, зло.
ќе забележиш дека реакциите се соодветни на стотина страни испишани од нерелигиозните членови ... пребарај ги темиве да видиш инфантилност и прост колку се употребува во однос на христијаните. Ако има виша мисија да разубеди некого, ок...но виша мисија со вакви средства е невкусно и дава соодветни реакции кај другите членови. Имаше тема и поклоници на Ниче, како да им наметнам мислење дека бил пијаница и шизофреничар и дека умрел во лудница? Не, имал придонес во историјата, луѓе го проучуваат и го користат во своите убедувања...зарем имам такво право, ако сум ничим изазван?
Не знам што е нејасно...или само да се праша?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
ќе забележиш дека реакциите се соодветни на стотина страни испишани од нерелигиозните членови ... пребарај ги темиве да видиш инфантилност и прост колку се употребува во однос на христијаните. Ако има виша мисија да разубеди некого, ок...но виша мисија со вакви средства е невкусно и дава соодветни реакции кај другите членови. Имаше тема и поклоници на Ниче, како да им наметнам мислење дека бил пијаница и шизофреничар и дека умрел во лудница? Не, имал придонес во историјата, луѓе го проучуваат и го користат во своите убедувања...зарем имам такво право, ако сум ничим изазван?
Не знам што е нејасно...или само да се праша?
ти стварно не читаш или???
Нас не бесеа на плоштади, бевме наркомани, педери, потекнуваме од дисфунционални семејства, сме неписмени, појма немаме од животот....и уше милион навреди? И очекуваш да не реагираме на тоа?

Каде беше тогаш да реагираш на такви постови?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
ти стварно не читаш или???
Нас не бесеа на плоштади, бевме наркомани, педери, потекнуваме од дисфунционални семејства, сме неписмени, појма немаме од животот....и уше милион навреди? И очекуваш да не реагираме на тоа?
отидовме вон тема...
реагирате...но реагирате лично кон тие членови или вака се пуштате дузина кон секој што ќе се изјасни за рисјанин и ќе проба да полемизира со верување против верување? Се ми се чини нервозите од тие неколку членови ги намалувате со непристојни зборови врз секој што е против вашето мислење. На почетокот не знам дали била кокошката или јајцето, но во продолжение...ако те бесел некој црнец, сите црнци би те беселе? Не го генерализирај проблемот и не го екстраполирај врз цела популација заради погрешниот примерок.
Посмешно ми е што и еден сатанист и еден заратустријанец се запнаа против рисјаните...како да истите се атеисти :)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
отидовме вон тема...
реагирате...но реагирате лично кон тие членови или вака се пуштате дузина кон секој што ќе се изјасни за рисјанин и ќе проба да полемизира со верување против верување? Се ми се чини нервозите од тие неколку членови ги намалувате со непристојни зборови врз секој што е против вашето мислење. На почетокот не знам дали била кокошката или јајцето, но во продолжение...ако те бесел некој црнец, сите црнци би те беселе? Не го генерализирај проблемот и не го екстраполирај врз цела популација заради погрешниот примерок.
Посмешно ми е што и еден сатанист и еден заратустријанец се запнаа против рисјаните...како да истите се атеисти :)
Велиш не генерализирај, ај погледни си го болдот? Не е генерализација?
Ако и некаде спорам, е за нечиј став, не искажувам лични навреди ако претходно тој не ме навредил мене.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Велиш не генерализирај, ај погледни си го болдот? Не е генерализација?
Ако и некаде спорам, е за нечиј став, не искажувам лични навреди ако претходно тој не ме навредил мене.
Не генерализирам. Неколкумина се одлични во ваквиот непочитувачки однос. Не знам зашто ти се препознаваш во нив.
во ред...
Само дебили без школо и акл можат да поверуваат во инфантилната логика на креационистот кој верува во еднорози и левијатани и мисли дека кенгурите скокале од остров до остов за да стигнат до Австралија.

Колку дебилно!
не знам у ствари зашто праша и ми натураш генерализации за моите постапки. Сакаш полемика за моите постапки? Сакаш да ги извадиме сите религиски постови од 2-3 атеисти, еден сатанист и истите од другите членови од почеток или само онака...колку да нападнеш?
Дај те молам, едно што ќе не избришат, друго не мислам дека нивото на муабет треба да се спушти на ниво на лични навреди. Барем ние немаме некои поголеми конфронтации во тој стил.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Па ваљда дека бил наци, а и ради него погинале многу луѓе.Првите работи на кои ми текна.
Онтопик: Кој бил интересот од крстоносните војни?Те молам Лурц, просветли ме.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Па ваљда дека бил наци, а и ради него погинале многу луѓе.Првите работи на кои ми текна.
Онтопик: Кој бил интересот од крстоносните војни?Те молам Лурц, просветли ме.
Не знам, ти си помлад, повеќе се сеќаваш на школските часови. Според тебе не бил материјален интерес?
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Не знам, ти си помлад, повеќе се сеќаваш на школските часови. Според тебе не бил материјален интерес?
Па не баш, Првата Крстоносна војна почнала на повик на Алексеј Први, императорот на Византија, за да им се помогне во нивната војна со неверниците.Папата Урбан Втори потоа во познатиот собир во Клермон го извикал уште попознатото DEUS IO VULT, што во превод би значело, Господ тоа го бара/посакува.По пат до Светата Земја, крстоносците масакрирале едно чудо евреи.За зверствата во Ерусалим и Антиох да не почнувам подобро, ќе се засрамат христијаните.
Туку ајде да ја оставиме Првата, дали знаеш нешто за детските крстоносни војни, дали во нив имало некој интерес?

And leave that patronizing tone aside, will you?
 
Не ги оставај. овие масакри која им била крајна цел? Доминација на територија и грабање богатства во царштината? Во име на исламот, османлиите доминирале на огромни територии. Англиските и француските "христијански" војски опљачкале големи територии, убиле многу народ.

Од друга страна дали потезите на советскиот сојуз се навистина засновани на социјалистичките принципи, задругарството и колку што се сеќавам рамноправната поделба на средствата за работа? Дали шпанците ги колонизирале јужноамериканските области за да ги похристијанчат или да го соберат богатството, да ги преземат териториите и да раководат со ресурсите? Тоа што христијанството (или друга вера) е злоупотребено во име на нешто, не значи дека самото христијанство е зло.
Еве најблизок пример е ЈБ Тито. Што мислиш за него и неговот владеење?

Ако човек убие во име на љубовта, дали љубовта е виновна за убиството?

Сите убиства имаат тежина. Ниту византиските походи, ниту српскитеи хрватски, ниту ватиканските и англиските, ниту советските, јапонските кон Манџурија, првата и втората световна, виетнамските, корејските, ирак и иран...ниту сиријците...ништо не ги пере од одговорноста. Но тоа не значи дека религиите ги натерале да ги извршат злосторствата (со најверојатно одреден процент да). Треба да се бара причината во грамзивоста и желбата за моќ, доминација кај самите луѓе. Тргни од таа и слични тези и ќе видиш дека причините за сите неволји се воглавно тие.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom