Па не баш, Првата Крстоносна војна почнала на повик на Алексеј Први, императорот на Византија, за да им се помогне во нивната војна со неверниците.Папата Урбан Втори потоа во познатиот собир во Клермон го извикал уште попознатото DEUS IO VULT, што во превод би значело, Господ тоа го бара/посакува.По пат до Светата Земја, крстоносците масакрирале едно чудо евреи.За зверствата во Ерусалим и Антиох да не почнувам подобро, ќе се засрамат христијаните.
Туку ајде да ја оставиме Првата, дали знаеш нешто за детските крстоносни војни, дали во нив имало некој интерес?
And leave that patronizing tone aside, will you?
Не ги оставај. овие масакри која им била крајна цел? Доминација на територија и грабање богатства во царштината? Во име на исламот, османлиите доминирале на огромни територии. Англиските и француските "христијански" војски опљачкале големи територии, убиле многу народ.
Од друга страна дали потезите на советскиот сојуз се навистина засновани на социјалистичките принципи, задругарството и колку што се сеќавам рамноправната поделба на средствата за работа? Дали шпанците ги колонизирале јужноамериканските области за да ги похристијанчат или да го соберат богатството, да ги преземат териториите и да раководат со ресурсите? Тоа што христијанството (или друга вера) е злоупотребено во име на нешто, не значи дека самото христијанство е зло.
Еве најблизок пример е ЈБ Тито. Што мислиш за него и неговот владеење?
Ако човек убие во име на љубовта, дали љубовта е виновна за убиството?
Сите убиства имаат тежина. Ниту византиските походи, ниту српскитеи хрватски, ниту ватиканските и англиските, ниту советските, јапонските кон Манџурија, првата и втората световна, виетнамските, корејските, ирак и иран...ниту сиријците...ништо не ги пере од одговорноста. Но тоа не значи дека религиите ги натерале да ги извршат злосторствата (со најверојатно одреден процент да). Треба да се бара причината во грамзивоста и желбата за моќ, доминација кај самите луѓе. Тргни од таа и слични тези и ќе видиш дека причините за сите неволји се воглавно тие.