Дали може некој линк до идеите водилки по кои се раководат сатанистите? Закони, заповеди, норми и слично. Некое сиже, убедувања, постапки во одредени случаи, поуки... од книгата по која се раководат сатанистите.
Деветте сатански изјави
1. Сатаната претставува неограничена жед, наместо апстинирање!
2. Сатаната претставува витална егзистенција, наместо спиритуални празни соништа!
3. Сатаната претставува неизгнасена мудрост, наместо лицемерно самоотфрлање!
4. Сатаната претставува добробите кон оние кои го заслужуваат тоа, наместо љубов потрошена на невредните!
5. Сатаната претставува одмазда, наместо свртување на другиот образ!
6. Сатаната претставува одговорност кон одговорните, наместо грижа кон психичките вампири!
7. Сатаната го претставува човекот како уште едно животно, понекогаш подобар, а почесто полош од оние животни кои одат на сите четири нозе, кој заради својот "божествен спиритуален и интелектуален развој" постанал најзлобното животно од сите!
8. Сатаната стои позади сите таканаречени гревови, доколку тие водат до физичка, ментална или емоционална гратификација!
9. Сатаната е најдобриот пријател кој го имала црквата, одржувајќи ја сево ова време во бизнис!
http://www.churchofsatan.com/Pages/NineStatements.html
Единаесетте Сатански правила на Земјата
1. Не давајте совети или мислења освен ако не ви бараат!
2. Не ги кажувајте својте проблеми на другите освен ако не сте сигурни дека сакаат да ги чујат!
3. Кога сте на туѓ имот, почитувајте ги правилата кои владеат таму или во спротивно немојте да бидете таму!
4. Ако некој на вашиот имот ви прави проблеми, третирајте го сурово и без милост!
5. Немојте сексуално да се наметнувате ако предходно не сте добиле сигнал за парење!
6. Не земајте тоа што не е ваше, освен ако не претставува терет на другата личност која очајно сака да се ослободи од него!
7. Признајте ја моќта на магијата ако успешно сте ја употребиле за да ги остварите своите желби. Ако ја порекнете моќта на магијата одкако успешно сте ја призивале, ќе изгубите се што сте стекнале со неа!
8. Не приговарајте за ништо што лично не ве засега!
9. Не правете им зло на мали деца!
10. Не убивајте не-човечки животни, освен ако сте нападнати или за храна!
11. Кога одите на отворена територија не сметајте никому. Ако некој на вас ви смета замолете го да престане, ако не престане уништете го!
http://www.churchofsatan.com/Pages/Eleven.html