Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 јуни 2007
Мислења
1.505
Поени од реакции
1.302
Ок значи твоето мислење дека е само дамка која случајно изгледа како иконата на СВ.Петка светица чиа црква ја посетувала и се молела мајка му на детето за да оздрави откако не можеле лекарите ништо да направат
Во ред фала на одговорот !!!
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Повели и друг пат. :)
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Имам уште едно прашање.
Што ве тера вас на таков чекор како атеизмот?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556

Ако ти текнува, отприлика, на тоа што тебе те натерало да престанеш да веруваш во Супермен или Дедо Мраз, тогаш тоа е тоа, горе-доле. За мене, барем.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Ако ти текнува, отприлика, на тоа што тебе те натерало да престанеш да веруваш во Супермен или Дедо Мраз, тогаш тоа е тоа, горе-доле. За мене, барем.
Да, супермен е филмски лик, карактер, не е необјаснета појава, не е никаква мистерија, како за разлика од Господ, со кој секој човек на планетава е запознаен како таков.
Не дека ви ги успорувам вашите ставови, океј, секој човек си има свое право и избор во што ќе верува, но секој од вас како поединец, без разлика на вера, сигурно бар еднаш бил во црква.
А зошто е тоа така, ако не верувате?

Не дека јас сум религиозен до тој степен да секоја недела одам во црква, но ме бунат вашиве ставови, па затоа прашав.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.447
Поени од реакции
5.130

Знаеш што е проблемот?
Господ го создал човекот.
Господ ја создал Земјата.
Господ го создал Универзумот.
Ти веруваш во тоа?
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Знаеш што е проблемот?
Господ го создал човекот.
Господ ја создал Земјата.
Господ го создал Универзумот.
Ти веруваш во тоа?
Секој мора да верува во нешто.
Искрено ја немам читано библијата, за да знам што е се напоменето.
Но, верувам дека постои Господ, како натприродна појава.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.447
Поени од реакции
5.130
Секој мора да верува во нешто.
Искрено ја немам читано библијата, за да знам што е се напоменето.
Но, верувам дека постои Господ, како натприродна појава.
ОК, верувај во Господ. Но не верувај во глупостите што ги пишува во книги како Библијата, куранот и други.
Ниту е логично, ниту е можно да ги напикаш сите животни во 1 дрвен брод. Ниту па е можно целата вселена да е дадена само на нас. (ние ќе си ја освоиме :vozbud:)
Биди критичен, размислувај логички, тоа е се. Па после верувај во што сакаш. :)
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Секој мора да верува во нешто.
Искрено ја немам читано библијата, за да знам што е се напоменето.
Но, верувам дека постои Господ, како натприродна појава.
За почеток, можеш да ја прочиташ Библијата. Еве одличен сајт. Ептен лесно се чита и има многу интересни приказни: http://www.mkbible.net/

Точно е дека е убаво да веруваш во нешто, но мислам дека е голема грешка да веруваш во нешто што не си го проверил.
Човештвото „познава“ повеќе од 5.000 Богови и, не, не сите се познати „како таков“ - сите тие се разликуваат во нешто, како што се разликуваат народите кои ги измислиле.

Тоа што јас сум бил во Црква не значи дека верувам дека постои господ. Јас одам во кино, па секап не верувам дека постои светот од Аватар.

Тоа „натприродна појава“ мислам дека треба да си го додефинираш, пошто ако ти значи „старб ел дедо со брада кој те гледа да не згрешиш“, тогаш то му доџе као лош Дедо Мраз и е инфантилно. Од друга страна, ако господ за тебе се необјаснетите феномени со кои се среќава човековиот ум, тогаш зошто тоа го викаш Господ, кога религиите прилично прецизно, секоја од нив, го опишува пластично (и различно) својот Бог.

Од 20.000 божества во човековата историја, зошто мислиш дека праавославниот бог е единствен и вистински. Зошто мислиш дека тој „Бог“ би чекал 5 милијарди години (колку што постои земјата) за да ја направи очигледната грешка креирајќи човек од чие ребро направил жена која за 15 минути го заебала мужот и покажала дека господ е несовршен и несезнаен иако така го пишува?

Христијанството е преполно со инфантилни контрадикторности. Можеби пред 2000 години тие можеле да поминат кај народот кому му била сервирана оваа вера, но денес сето тоа е навистина смешно и проѕирно.

Срдечно те охрабрувам да ја прочиташ книгата. Каков верник си инаку ако не знаеш што пишува внатре?
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Секој мора да верува во нешто.
Искрено ја немам читано библијата, за да знам што е се напоменето.
Но, верувам дека постои Господ, како натприродна појава.
А зошто мора секој да верува во нешто ?
За да не падне кулата од карти, на која столбови и се верувањата можеби.
 
С

сашенко

Гостин
А зошто мора секој да верува во нешто ?
За да не падне кулата од карти, на која столбови и се верувањата можеби.
Абе тоа мора да верува можеш и поинаку да го сватиш..јас верувам во себе.Дури и да не веруваш во некое божество мораш да веруваш во себе нели?Имам доверба во себе, верувам во своите правила, се слушам себе си и мојата интуиција и тоа ме води напред.Верувам во своите способности.Ако не верувам во себе џабе постојам.Мора да веруваш во нешто - верувај во себе-сам свој бог
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
За почеток, можеш да ја прочиташ Библијата. Еве одличен сајт. Ептен лесно се чита и има многу интересни приказни: http://www.mkbible.net/

Точно е дека е убаво да веруваш во нешто, но мислам дека е голема грешка да веруваш во нешто што не си го проверил.
Човештвото „познава“ повеќе од 5.000 Богови и, не, не сите се познати „како таков“ - сите тие се разликуваат во нешто, како што се разликуваат народите кои ги измислиле.

Тоа што јас сум бил во Црква не значи дека верувам дека постои господ. Јас одам во кино, па секап не верувам дека постои светот од Аватар.

Тоа „натприродна појава“ мислам дека треба да си го додефинираш, пошто ако ти значи „старб ел дедо со брада кој те гледа да не згрешиш“, тогаш то му доџе као лош Дедо Мраз и е инфантилно. Од друга страна, ако господ за тебе се необјаснетите феномени со кои се среќава човековиот ум, тогаш зошто тоа го викаш Господ, кога религиите прилично прецизно, секоја од нив, го опишува пластично (и различно) својот Бог.

Од 20.000 божества во човековата историја, зошто мислиш дека праавославниот бог е единствен и вистински. Зошто мислиш дека тој „Бог“ би чекал 5 милијарди години (колку што постои земјата) за да ја направи очигледната грешка креирајќи човек од чие ребро направил жена која за 15 минути го заебала мужот и покажала дека господ е несовршен и несезнаен иако така го пишува?

Христијанството е преполно со инфантилни контрадикторности. Можеби пред 2000 години тие можеле да поминат кај народот кому му била сервирана оваа вера, но денес сето тоа е навистина смешно и проѕирно.

Срдечно те охрабрувам да ја прочиташ книгата. Каков верник си инаку ако не знаеш што пишува внатре?
Toa што пишува во неа, можеби се чини неверојатно, незнам пак ќе кажам, не сум ја прочитал.
А на прашањето каков верник сум ако не сум ја прочитал, ќе ти одговорам со тоа дека
Читањето на библијата и одењето во црква те прави верник, колку што стоењето во гаража те прави кола.

А зошто мора секој да верува во нешто ?
За да не падне кулата од карти, на која столбови и се верувањата можеби.
Не мора верување да значи дека треба да биде упатено кон некој друг.
На крај краева треба да веруваш во себе, за да постигнеш некоја цел во животот.
Значи сепак, сите ние веруваме во нешто.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Toa што пишува во неа, можеби се чини неверојатно, незнам пак ќе кажам, не сум ја прочитал.
А на прашањето каков верник сум ако не сум ја прочитал, ќе ти одговорам со тоа дека
Читањето на библијата и одењето во црква те прави верник, колку што стоењето во гаража те прави кола.
Епа затоа неможеш да сватиш зошто неверуваме во неа! Затоа што не си ја прочитал! Земи прочитај ја, па ќе видиш зошто неверуваме во таа збирка еврејски народни приказни.
Еве ти го дејствието најкратко објаснето што може, само во пет точки:
1. Бог го создава човекот без сознание за добро и зло!
2. Му забранува да го спознае доброто и злото!
3. Кога луѓето сепак го одкриваат ги казнува, иако незнаеле што значи погрешно а што исправно!
4. Поради тоа што дознал што е добро а што зло, човекот е казнет да страда и со мака да ја обработува земјата од која е земен и поради овој "грев" сите луѓе кој се раѓаат после тоа автоматски се грешни!
5. За да ги спаси луѓето од овој "грев", бог се праќа самиот себеси на самоубиствена мисија за да ги спаси луѓето од самиот себеси, на тој начин што ќе го прифатат како единствениот пат и вистина!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom