Прашања до атеистите

  • Креатор на темата Креатор на темата Дмт
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
не гледам како ова дава одговор на прашањето, ако нешто те интересира за христијанството бујрум на таа тема прашај си, а не сеа топката да си ја префрламе.

Зошто генерализираш, не го прават сите тоа а и не гледам каква врска има тоа со атеизмот и (не)постоењете на господ...
 
Коледе е паганска традиција, нема врска со христијанство

Јас сум лично атеист, и немам ништо против традиционализмот (имиња, слави, свадби и крштевки по 500 души, празници) но не се молам во црква до Бог за да му даде 5% раст на БДП-то во Македонија и да се намали невработеноста на неверојатни 31%.
да но паганизмот е религиска традиција. малце контрадикторно не?
 
да но паганизмот е религиска традиција. малце контрадикторно не?

Кога напиша религија јас помислив дека мислиш на доминантната религија кај нас зошто Коледе го слават многу верници од Христијанска вероисповед иако е пагански празник. Без разлика мислам дека продаваш демагогија во моментов, крајна линија колку верници од паганска вероисповед има во Македонија ако веќе цепидлачиме?
 
-Зошто сите атеисти се верници за само 1 или 2 дена во годината?
(мислам на Бадник кога е лапачката и на Коледе коа се пали оганот и се пеат мрсни песни)

И верниците се верници пар дена у годината. Ги гледам околу мене.

Јас на Бадник седам со моите дека ми е кејф што сме заедно. На овој најпагански од сите „христијански“ празници јас си проаѓам пријатно со блиските. Во ниту еден момент не упатувам молитва кон господ, ниту коленичам на било кој начин.

Исто и за Велигден, Исто и за св.Трифун (мојот омилен празник)

Овие три, кои ги споменувам, според мене, немаат ама баш ништо со христијанството, освен, можеби, темата која ја „покриваат“. Според мене, тоа се калакурница од измешани пагански ритуали и обичаи кои се толку симпатични и рустични што о мене будат подеднакво романтични и пријатни чувства - фарбање јајца (?!?), криење паричка (?!?), чифт-тек со костените (?!?), вртење трипути околу масата (?!?), палење оган пред зграда (?!?) (?!?-ниту едно од оие нема никакви допирни точки со христијанстото)...

Мене ми е мерак дека сум со луѓе кои ми се блиски, пријатни и расположени.

Не се молам за ништо - само сум благодарен дека сме заедно.

Од разговорите и печатоците кои ги имам од овие 35-6 години, мислам дека и сите околу мене го чуствуваат истото. Слабо слушам молитви и слабо гледам крстење, коленичење, богосилење или било што во врска со христијанството.

Што знам, може кај тебе е друкше...

--- надополнето ---

да но паганизмот е религиска традиција. малце контрадикторно не?

Но христијанството е многу јасно по прашање на паганството и паганските ритуали, малце контрадикторно не?
 
Да не беше паганството немаше да постои христијанството, исламот итн..не постои христијанство и ислам, постои само злоупотребено паганство!
 
Јас сум лично атеист, и немам ништо против традиционализмот (имиња, слави, свадби и крштевки по 500 души, празници) но не се молам во црква до Бог за да му даде 5% раст на БДП-то во Македонија и да се намали невработеноста на неверојатни 31%.

Па и да се молиш не за 5 , туку и за 35% раст на македонската економија, таа твоја прозба ќе нема од кого да биле услишана. Црквата не познава таков тип молитва, освен ако Ти лично, имаш некоја таква?...
 
Коледе е паганска традиција, нема врска со христијанство

Јас сум лично атеист, и немам ништо против традиционализмот (имиња, слави, свадби и крштевки по 500 души, празници) но не се молам во црква до Бог за да му даде 5% раст на БДП-то во Македонија и да се намали невработеноста на неверојатни 31%.
без разлика. Доколку е (или си) атеист би требало да не ги почитува ниту паганските празнувања. Паганството исто се потпира (најчесто) врз богови, а атеизмот мислам дека не признава ни бог ни богови што значи не би требало да ги почитува ниту овие празници (што не значи дека има забрана :) ). А за верниците христијани и паганството...кратко и јасно сум против палење, играње и пиење. А не е добро и што дел од свештенството го охрабрува овој обичај како дел од православието. МПЦ генерално е против прослава на Бадник на ваков начин, а дел од свештениците продолжуваат со оваа практика.
МПЦ ПРОТИВ ПРОСЛАВА СО ПАГАНСКИ ОБИЧАИ
линк-прашање
http://preminportal.com.mk/content/view/3127/127/

Него имаше една wicca низ македонските форуми, имаше интересни дискусии.
 
Оти чуствувам дека сите ја промашија поентава за што пишував или пак прават свесна манипулација.

Да не ВИКАМ ќе болдирам

Атеистите не одат на Коледе, Божиќ или Водици зошто веруваат или го почитуваат празникот туку за да се нагнетат како стоки или да гледаат сеир како се тепаат за крстот кој да го фати.(пример во Берово)
 
Се извинувам Виндфакер, искрено не те сфатив

фарбање јајца (?!?), криење паричка (?!?), чифт-тек со костените (?!?), вртење трипути околу масата (?!?), палење оган пред зграда (?!?)
вонземјена претстава за верниците -да одат наведнати глави, со вкрстени раце и цел ден да се молат со кандило??? :) Тоа го прават монасите. Сигурно во животот на христијанинот има и радост, забава, хоби, игри чиф тек...можи некому ќе му текне да не укори и за тоа што користиме возило.

Ради спомнувањето пагани, обичаи, сили...дали може некој што знае пример каде се фарбале јајца во предхристијанско време (кај паганските обичаи) или каде играле со костени? и ако имало, со која цел било тоа? Додуша глупо е у оваа тема да прашувам за пагани.
 
Што бара чеканов во карпа стара 100 милиони години ?
http://www.disclose.tv/action/viewphoto/25489/100_MILLION_YEAR_OLD_HAMMER/
100_MILLION_YEAR_OLD_HAMMER
 
Што бара чеканов во карпа стара 100 милиони години ?
http://www.disclose.tv/action/viewphoto/25489/100_MILLION_YEAR_OLD_HAMMER/
100_MILLION_YEAR_OLD_HAMMER

Еве, прочитај си:
http://paleo.cc/paluxy/hammer.htm

--- надополнето ---

без разлика. Доколку е (или си) атеист би требало да не ги почитува ниту паганските празнувања.

Јас, како атеист, ги почитувам и уживам во сите дружби и собиранки на мојот народ - сиот фолклор и обичаи, ги обожавам црквите и манастирите како архитектура и живописите внатре, како ументност и културно богатство и наследство.

Паганството, за мене, е славење на природата и како такво ми е најмерачко од сите теистички фурки. Радо вртам лепче, скокам преку оган (добро, не баш у последно време), се коцкам и пијам на 14-ти, се кршам со јајца (ОК, не се мијам со црвено) и на галичка свадба играм оро цела ноќ по тоа ладното додека зурли пиштат ко луди, а на попот му се насмевнувам искрено, без цинизам.

Христијанството е конструирана религија на која и се придодадени сите овие пагански ритуали за да биде поприфатлива и полесна за голтање од народот кому му била институционално сервирана. Христијанството е првата религија во светот која е наменски создадена, политички мотивирана и институционално ширена. Таа е најопресивната и најкрвавата религија позната на човештвото до ден денес. У последно време Исламов нешто пушта рогови, па се такмичи со Христијанството во тоа кој е погаден, подиксриминатор и поопресивен кон своите поданици, а секако и оние кои тоа не се.

Кога би ги снемало овие три варијанти на едно исто мучење (јудео-христијанско-исламската), светот навистина би бил прекрасно место за живеење!

Мое мислење, нели.
 
Ова не знаев дека Исус бил политичар :toe:...
Инаку под паганизам се подразбираат политеистичките религии, идолите, тотемите кои се божествени фигури или незнам шо, така да, само се трудиш најдобро што можеш да си атеист.
Јас иако сум христијанка, сепак прекршувам некои христијански правила, но се трудам да си останам доследна на верата, барем имам храброст да си признаам.
И уште една работа, не можете да ја обвинувате религијата за некаква штета, додека таа е злоупотребувана од оние лица кои демек и служат, а уствари ја користат за нив како ќе им се сака.
 
само се трудиш најдобро што можеш да си атеист.

Атеистот не се труди да биде атеист. Атеистот е атеист. Атеистот не може да прекрши правила затоа што во атеизмот нема правила. Кога некој атеист ќе почне да се сомнева дека можеби постои бог (баш би сакал да најдам некој ваков) тогаш тој повеќе не е атеист. А верниците ако прекршат некое правило тоа ги прави помалку верници од другите? Или тука и трудот се зема во предвид, кој повеќе се труди да остане доследен?

не можете да ја обвинувате религијата за некаква штета, додека таа е злоупотребувана од оние лица кои демек и служат, а уствари ја користат за нив како ќе им се сака.

Додека постојат религии и вери, ќе постојат и атеисти. Додека постојат религии и вери, ќе постојат и „будали“ шти ќе ги злоупотребуваат. Е сега дали се тие будали, или оние кои слепо им веруваат... јас би рекол овие вторите
 
Ова не знаев дека Исус бил политичар :toe:...
Инаку под паганизам се подразбираат политеистичките религии, идолите, тотемите кои се божествени фигури или незнам шо, така да, само се трудиш најдобро што можеш да си атеист.
Јас иако сум христијанка, сепак прекршувам некои христијански правила, но се трудам да си останам доследна на верата, барем имам храброст да си признаам.
И уште една работа, не можете да ја обвинувате религијата за некаква штета, додека таа е злоупотребувана од оние лица кои демек и служат, а уствари ја користат за нив како ќе им се сака.

Исус, другарице, везе нема со христијанството. Не знам каде си го чула/прочитала Исус да збори за било што што христијанството збори. Исус за себе си викал дека си е евреин, дека господ му е Јахве, јасно кажал ДЕКА НЕ Е ДОЈДЕН ДА МЕНУВА ЗАКОНИ или да воведува нови религии. Екплицитно си вика дека он е дојден да си стане ЦАР на евреите (да, си пишува во Писмото), што и било негово наследно право.

Политичарот, во случајов не бил Исус (иако и он имал слична намера, мада немал баш некој добро издржан план) туку Царот Константин. Мислам дека нема да ти се наљути попот ако прочиташ нешто за востаноувањето на христијанството како „државна“ религија на Римското царство. Ќе ти се разјаснат работи.

Верата е интимна работа која, барем според зборовите кои писмото му ги припишува на Исус, треба да се практикува интимно, во својот дом, далеку од очите на јавноста. Верата не се покажува во црква, не се покажува на плоштад, со верата не се цртаат слики и не се наплаќаат пари.

Религијата, од друга страна, е збир на догми и ритуали кои по својата природа се ограничувачки и имаат за цел да ги покорат и водат поданиците низ лавиринтите на лажни ветувања и подли закани. Религијата е таа која гради цркви, црта слики, ствара идоли, лажно ветува, краде пари од народот и ги условува со закани за вечен пекол.

Исус, другарице, никаде не споменува рај или пекол. Религијата од тоа живее и на тоа се стрви. Срамота.

Јас немам апсолутно ништо против твојата верба и интимни убедувања. Мене ми се гнаси од лагите со кои религијата го држи во незнаење простиот народ и не му дозволува да стане самостоен и одговорен за своите постапки и својата и иднината на своето потомство.

Тоа што на Цар Константин му требал идол на кого ќе му ја накалеми својата новокомпајлирана религија е сосем друг муабет. Ако си навистина посветен христијанин, мислам дека треба да прочиташ нешто и за крпењето на таа религија.

Вербата не можам да ја обвинувам за злосторствата, НО можам со мирно срце да ја обвинам Религијата за Босна, за 60 години Израел и Палестина, за 9/11, за средниот век, Индонезија, крстоносните војни, за уништувањето на 4000 години стари артефакти во Афганистан.

Кога религијата не би постоела, верувам дека и сите овие гнаси кои се случиле, немало да се.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom