Прашања до атеистите

  • Креатор на темата Креатор на темата Дмт
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Мики, сабајлево проба да „докажеш“ дека Алах или Зевс не постојат. Ти оставив простор и ти се гордееше и ликуваше со своето дело. Идентичното такво дело вратено до тебе, но со замена Јахве, го отфрлаш како нонсес.
.

Dback, па ја батка, веќе Ти ги посочив основните одлики, а воедно, и разлики меѓу двата споменати лика од една страна, но истовремено посочив дека мојот Бог е целосен опозит на тие двајца, па и за тоа можам да пишувам ама некако не Ти е по кеифот....

Она кое Ти го наведе е саде обична замена на имињата од двата лика со ликот од Јахве, и згора на све, убеден си дека си ме побил, иако она кое го пишуваш, а веќе Ти реков, е само Твое алфабетско непознавање на ликот Божји Неговите атрибути.
 
Е јак ти е „доказов„ од Епикур...Вакви финти има користено и Тома Аквински ама Тома пак ја „оплеска„ работата....

Да се повикаше на став од будист, будистот ќе ти одговореше дека Буда постои, како што еден муслиман би Ти одговорил дека постои Ахал и тн....Што значи дека, „..од погрешни претпоставки, се извлекуваат погрешни заклучоци...„, разбираш...

Но, за да докаже дека Бог не пости, потребни се средства и методолигија со придружен речник, со кои и би можел нешто да докажеш. Вака, Ти преостанува или да се повикуваш на тоа што рекол Јанко и Петко, или до бесконечност да го преповторуваш оној, веќе историски став, демек, Бог не постои...

Вака, пак останувам без потребните докази за Божјото непостоење.

Зошто треба атеистот да докаже дека господ не постои. Товарот на докажување паѓа на тој што дава некое тврдење. Јас тврдам дека постои невидлив црвен еднорог со шарени крилја и носи црна маица од металика. Викаш дека не постои? Докажи... Според тебе ова автоматски го прави моето тврдење точно зошто неможе да се докаже дека јас не сум во право. Зошто колку "докази" има за твојот бог толку има и за Алах, Зевс, Посејдон, Јупитер, Амон Ра и така натака. Ако идеме по тоа тогаш постојат сите имагинарни ликови а и секој бог од почетокот на човечката цивилизација зошто нивното непостоење неможе да се докаже.

А и најинтересното е што непостоењето т.е апсурдноста, контрадикторноста и нелогичноста на постоење на еден бог е лесно да се докаже но проблемот е што верниците никогаш нема да го прифатат. Што и да им се покаже и докаже секогаш ќе извадат нешто ново.

А ти продолжи да веруваш дека ова е само тест од Господ и дека тој горе ќе те награди за твојата неуморна битка по интернет форумите со злобните атеисти.
 
Ајде сега, те молам, престани да ја труеш темата со едни исти, сто пати одговорени прашања. Ако сто пати прашаш, а одговорот не ти се допаѓа, не значи дека ќе се смени. Знаеш, вистината е таква, не дискриминира по верска припадност, како што ти правиш: „Мојот бог е стварно Бог, а туѓите богови се глупи и лажни.“ Срамота е, како мало дете резонираш.

Воопшто не е битно дали нечиј одговор ми одговара или не, битно е тоа што сеуште не гледам одговор, а се чини, дека таквата ситуација ќе потрае....
 
Dback, па ја батка, веќе Ти ги посочив основните одлики, а воедно, и разлики меѓу двата споменати лика од една страна, но истовремено посочив дека мојот Бог е целосен опозит на тие двајца, па и за тоа можам да пишувам ама некако не Ти е по кеифот....

Она кое Ти го наведе е саде обична замена на имињата од двата лика со ликот од Јахве, и згора на све, убеден си дека си ме побил, иако она кое го пишуваш, а веќе Ти реков, е само Твое алфабетско непознавање на ликот Божји Неговите атрибути.

Те молам, порекни ги сите тврдења за Јахве кои ги направив со замена.
 
Чек, чек...па овде верните ги прашуваат атеистите, а не обратно...

Но за Божјите атрибути, за тоа-потоа.
 
Воопшто не е битно дали нечиј одговор ми одговара или не, битно е тоа што сеуште не гледам одговор, а се чини, дека таквата ситуација ќе потрае....

За да го добиеш одговорот, треба да ги отвориш очите и да гледаш и да ги одзатнеш ушите и да слушаш.

religion-religion-christianity-mormon-demotivational-poster-1251419350.jpg
 
Зошто треба атеистот да докаже дека господ не постои.
Оваа тема ти е копија на прашања за христијаните и прашања за муслиманите. Тие теми од прашања (пример зашто и колку дена се држи столица за починат човек кај муслиманите...зашто и како да се прекрстиме, пред или по влегување во дворот на црквата...и така натаму) прераснаа во побивања на Бог, Алах, христијанството и муслиманството и постојано барање докази. Ист случај со оваа тема, затоа и не е за чудење да се бара доказ дека светот не е создаден од Бог туку е циклус, спирала, мултиверзум... :)
Зашто на пример "се знае се" за досега 11-те димензии (според ??? теорија не се сеќавам), но не се знаело за постоење на планета на крајот од нашиот систем или за сончевата бура , % на откриени предели и истражени места посебно во водните басени...сеуште многу ствари не се знаат дури ни за нашиот систем ни за нашата планета.
Од друга страна статијата на кајгана вели дека еден човечки мозок има огромен потенцијал...дали и дали е искористен и за што. Дали сме сигурни и врз која основа се докажани теориите за макро и микро еволутвните процеси во вселената...ако не го знаемариме фактот дека оваа вселена е можеби мултивселена дали и тогаш ќе важат овие теории за настанок на светот?
 
Оваа тема ти е копија на прашања за христијаните и прашања за муслиманите. Тие теми од прашања (пример зашто и колку дена се држи столица за починат човек кај муслиманите...зашто и како да се прекрстиме, пред или по влегување во дворот на црквата...и така натаму) прераснаа во побивања на Бог, Алах, христијанството и муслиманството и постојано барање докази. Ист случај со оваа тема, затоа и не е за чудење да се бара доказ дека светот не е создаден од Бог туку е циклус, спирала, мултиверзум... :)

Епа, Лурц, оваа тема ни е за да не се осеќаме као милитанти-фундаменталисти по претходните две што ги спомна. Мислам дека тука можеме со мирна душа да си кажеме се' што не' стиска. Мене ми се свиѓа, да ти кажам. Би сакал да има повеќе теисти - не само Мики, Аполон и Аце (Аце е топ!), ама тоа е...

Ти, што викаш ;) Има или нема? :D
 
Еве го ова како дел од горниот пост...се надевам ќе можеш да докажеш дека постои буум, наместо Бог и божја сила.

Зашто на пример "се знае се" за досега 11-те димензии (според ??? теорија не се сеќавам), но не се знаело за постоење на планета на крајот од нашиот систем или за сончевата бура , % на откриени предели и истражени места посебно во водните басени...сеуште многу ствари не се знаат дури ни за нашиот систем ни за нашата планета.
Од друга страна статијата на кајгана вели дека еден човечки мозок има огромен потенцијал...дали е точно и дали е искористен и за што, да им веруваме на збор :) запази го зборот веруваме, се надевам дека е многу битен во овој подфорум.
Дали сме сигурни и врз која основа се докажани теориите за макро и микро еволутивните процеси во вселената...ако не го знаемариме фактот дека оваа вселена е можеби мултивселена дали и тогаш ќе важат овие теории за настанок на светот? Верувам дека е така, дека светот настанал од едно ништо без време, материја, енергија...дека од каша настанал првиот микроорганизам со органели, јадро, ципа...инаку ќе сум добиел единица во школо :)

Што се однесува до теисти-атеисти, мене ми се исти...не ми се одбивни иако не ми се истомисленици...али сите сме различни, Бог така сакал...со која цел, не знам.
 
Зашто на пример "се знае се" за досега 11-те димензии (според ??? теорија не се сеќавам), но не се знаело за постоење на планета на крајот од нашиот систем или за сончевата бура , % на откриени предели и истражени места посебно во водните басени...сеуште многу ствари не се знаат дури ни за нашиот систем ни за нашата планета.
Од друга страна статијата на кајгана вели дека еден човечки мозок има огромен потенцијал...дали е точно и дали е искористен и за што, да им веруваме на збор :) запази го зборот веруваме, се надевам дека е многу битен во овој подфорум.
Дали сме сигурни и врз која основа се докажани теориите за макро и микро еволутвните процеси во вселената...ако не го знаемариме фактот дека оваа вселена е можеби мултивселена дали и тогаш ќе важат овие теории за настанок на светот?

Што се однесува до теисти-атеисти, мене ми се исти...не ми се одбивни иако не ми се истомисленици...али сите сме различни, Бог така сакал...со која цел, не знам.

Епа, другар, теист ;) за 11-те димензии не се знае - се претпоставува и се гради теорија. Истата се толкува и се обезбедуваат посредни докази. Нема да најдеш ниту еден научник кој ќе каже дека оваа теорија е проверено докажана и издржана.

Еволуцијата, од друга страна е докажана со Генеолошкото дрво на животот на земјата и е поткрепено сите генетски и фосилни наоди. Теоријата на Еволуција е потврдена и проверена емпириски. Еволуцијата не се занимава со настанокот на животот.

И за крајот... како може да ти се неистомисленици и атеистите и теистите... тоа се, pretty much сите луѓе, нели? Мислам, или веруваш во постоење на Бог или го порекнуваш. Не верувам дека постои трето.
 
Нема да најдеш ниту еден научник кој ќе каже дека оваа теорија е проверено докажана и издржана.
.

И сега DBack, попут Тебе, и ја би требало оваа Твоја генијална мисла да ја „турам„ за свој потпис, не?
:pos:

Чекај бе човек, дека ти ојдеа то истражувањето, па размислувањето, па заклучувањето...а? Чие е сега „салтово мортале„, мое?
 
Епа, другар, теист ;) за 11-те димензии не се знае - се претпоставува и се гради теорија. Истата се толкува и се обезбедуваат посредни докази. Нема да најдеш ниту еден научник кој ќе каже дека оваа теорија е проверено докажана и издржана.

Еволуцијата, од друга страна е докажана со Генеолошкото дрво на животот на земјата и е поткрепено сите генетски и фосилни наоди. Теоријата на Еволуција е потврдена и проверена емпириски. Еволуцијата не се занимава со настанокот на животот.

И за крајот... како може да ти се неистомисленици и атеистите и теистите... тоа се, pretty much сите луѓе, нели? Мислам, или веруваш во постоење на Бог или го порекнуваш. Не верувам дека постои трето.
Види, кај мене не постои нетрпеливост кон секој што ќе го спомене или порекне Бог, тоа е негово мислење, не можам сите да ги сметам за прости или да им се подбивам дека немаат ок мислење ако не ми се истомисленици. Газење на неистомисленик или верник во друга вера доведува голем % до војни, крв и страдање, а не заради Буда Исус или Милошевиќ.

Инаку како теисти ги сфаќам и другите вери, другите религии...

Што се однесува до еволуцијата, дадов линкови кои ги отфрли како невалидни заради не знам...бекграундот на авторите (мада сите беа професори од факултети и музеи антропологија и археологија). И тие се исто докази нели?

Теоријата на Еволуција е потврдена и проверена емпириски. Еволуцијата не се занимава со настанокот на животот.
Како е потврдена емпириски, дали може накратко постапката?
А за преодот од неживо во живо исто ме интересира, без разлика што не е дел од еволуцијата на видовите, истата е дел од еволуцијата на универзумот :)

Еве на пример би сакал да знам за обидите да се створи жива материја од нежива во лабораториски услови -дали е успеано и во кој степен, според условите за кои претпоставуваат дека постоеле???
 
Што ја спречува една машина случајно настаната на планетава земја да направи хара кири.
 
Што ја спречува една машина случајно настаната на планетава земја да направи хара кири.
Не осеќа потреба, нема грижа на совест, нема совест, нема грижа :)
шега...ќе чекам да кажеш

Мене ме интересира нешто да кажам поопипливо :) како е можно да не ја забележале можеби најголемата планета во нашиот соларен систем
http://kajgana.com/nauka/otkriena-mozebi-najgolemata-planeta-vo-soncheviot-sistem

истовремено откривајќи многу нешта кои се случиле пред милиони години или на оддалеченост од стотици/илјадници светлосни години (која оддалеченост во крајна рака претставува повторно минато). Интересен е и феноменот на поврзаност на оддалеченоста со случувања во минатото -дали сме ние за истите ѕвезди (кога оттаму некој не набљудува)иднина и дали може да не види пошто сме иднина? Или тие не не гледаат? Интересни се овие поврзаности на оддалеченоста на светлосно тело (, ѕвезда, простор) и време па ако може некој...или ова е прашање за во подфорумот наука и технологија. Без да се потсмевам некому, овој феномен е интересен од разни аспекти...
 
Феномен за кого како. :)
Планетите што се откриваат околу другите ѕвезди се откриваат со посебни методи. Како на пример блокирање на светлината на ѕвездата од планетата. И така, најголемиот број планети откриени околу други ѕвезди кружат на мала оддалеченост од матичната ѕвезда. Во најголем број од случаите, планетите се наоѓаат поблиску отколку што Меркур се наоѓа до Сонцето. Плус планетите се масивни.
Проблемот што досега не е откриена таа масивна планета околу Сончевиот систем, е недостатокот од рефлектирана светлина и недостатокот од други тела во нејзина близина со чија помош би се сомневале во нејзиното постоење.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom