Прашања до атеистите

  • Креатор на темата Креатор на темата Дмт
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Епа, колега, welcome to the club!
Зошто мислиш дека не си атеист?
Па не сум :toe: Не верувам во монотеистичките концепти, но верувам дека субјектот може да влијае на реалноста на начини кој немаат рационални - логички објаснувања. Верувам во тоа, затоа што имам такви искуства.
 
Па како овој твој став се коси со тврдењето дека не постои бог или божества?

Зарем мислиш дека феномените за кои имаш непоколебливи докази пред самиот себе се косат со атеистичкото тврдење?
 
Па како овој твој став се коси со тврдењето дека не постои бог или божества?

Зарем мислиш дека феномените за кои имаш непоколебливи докази пред самиот себе се косат со атеистичкото тврдење?
Јас атеизмот го сметам како многу повеќе од само негирање на бог или божества. Атеизмот негираше се што е метафизичко или можеби грешам?
 
Јас атеизмот го сметам како многу повеќе од само негирање на бог или божества. Атеизмот негираше се што е метафизичко или можеби грешам?
Атеизмот е тврдење дека не постјат Божества, богови - антропоморфизирани или персонализирани во било што.

Науката не негира метафизика, туку едноставно (засега) не располага со механизми или инструменти со кои би можела да ги стражува. Ова, сека се побрзо се менува.

Постојат многу спиритуални атеисти.
 
Како и да е, јас не се замарам толку многу со терминологијата, но сепак ме интересира дали и останатите атеисти го делат твоево мислење. Според мене атеизмот не ја признава метафизиката, но можеби грешам.
 
Ајде да ги чуеме :)
 
Сосем е нормално што науката нема објаснување за некои работи. Поточно што се уште не нашла објаснување. А и работи кои допрва ќе се откриваат. Но дали тоа значи дека постојат Богови?
Или пак дека необјаснетите НЛО феномени (како што некои преферираат да ги наречат) се дело на вонземјани?

Тоа е проблемот, човекот мора некако да си објасни па макар и лажно. Оттаму доаѓаат и сите богови, а во последно време и вонземјани.
 
-Нели сме доволно големи да имаме замислени пријатели? :)
-Зашо верувате во глупостите што лаже Библијата?
-Работите дека сме настанеле од мајмуни и дека Земјата ја створил вашиот бог за 6 дена нели е смешно?
 
Смешно е пријателе и секогаш кога ги читам тие што го пишуваат тоа се смеам. И се чудам како се уште може да има ефект она што било напишано пред 2 милениуми за тогашни цели...
 
Смешно е пријателе и секогаш кога ги читам тие што го пишуваат тоа се смеам. И се чудам како се уште може да има ефект она што било напишано пред 2 милениуми за тогашни цели...
Има ефект, кај тебе предизвикува смеење, кај некои други стравопочит, но во секој случај ефект има на сите. Само пред да се насмееш повторно, размисли дека се смееш на нешто што е факт многу помоќно од нас и премногу комплексно за да можеме да го објасниме. Наречи го бог или хакер од некоја напредна цивилизација, наречи го природа или универзум, сеедно ... а преданијата можеби се погрешни поради преводот, можеби се погрешни кога ги читаме денес во Македонија, но точни за даденото време и место каде настанале, тоа барем засега неможеме да го негираме исто како што и неможеме да го потврдиме. Најголемите умови се смеат на овие прашања од немоќ да дадат одговор, а не затоа што се смешни. Сепак, секој има право да се насмевне и да си го направи денот убав наместо да се заглавува во глупави лавиринти на незнаење каде ќе се осети немоќен и премногу мал.
 
Одговор на кое прашање? :raz:
А ни ти не ми одговори на моето (а ми личиш на верник) :icon_conf
 
Одговор на кое прашање? :raz:
А ни ти не ми одговори на моето (а ми личиш на верник) :icon_conf

Не кажав дека имам одговор, туку едноставно не се согласувам дека нечиви ставови треба да се исмеваат. А ако еден ден навистина ме видиш не само на верник, туку на Исус ќе ти личам :)
 
She believed in nothing; only her skepticism kept her from being an atheist. :pos:
 
Зошто мислите дека Господ има потреба да најде камен кој што не може да го крене, па така да ако најде не е семоќен ако не најде пак не е семоќен. И дали не е тоа прашање за да се задоволи вашето верување во неверување отколку обична логичка финта. И дали се што е логично се е исправно и вистинито или само се прифаќа тоа што одговата на атеистичкиот систем на верување во неверување.

П.С. Ми го нема Б. да го прашам а и човекот не е ист, песимизмот нихилизмот и атеизмот го отепаа, па ајде тука прашањето.
 
Чудно прашање.

Господ не постои. Но кога би постоел, би морале да заклучиме дека е релативно чуден. Ако е семоќен и целиот љубов, каков што го замислуваат евреите, христијаните и муслиманите, тогаш злото и страдањето, гладдта и злосторствата на човештвото го порекнуваат. Условувањето со вечен живот или вечен пекол, во компбинација со неговиот божествен план (судбина), го прават постоењето на овој живот бесмислен и безпредметен.

Бог кој креира се онака како што планирал нема потреба или причина да ја проверува или тестира на каков било начин својата креација. Инаку не би бил совршен, безгрешен и семоќен.

Атеизмот не е верување во неверување. Атеизмот е тврдење дека не постојат богови или божества. Стварно не разбирам како можат некои луѓе да не го разберат ова толку едноставно тврдење?!?

Бог е имислен од луѓето за да си го направат стравот од конечната смрт поподнослив. Бог е измислен за да во моментите на голема тага човекот има кому да се обрати за утеха. Господ е институционализиран во форма на религија за да им помогне на моќниците да одржат контрола врз своите поданици.

Нема ништо миракулозно или нетприродно во идејата за Бог. Поготово јудео-христијанско-исламскиот. Нема метафизика, нема некоја откачена филозофија, нема некоја посебна поука, освен можеби она што е во срцетоа на секоја друга религија: Не има го рпави на другите она што не сакаш да ти го прават тебе. Само малку извалкано со барања за коленичење, понизност и самолишување.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom