Има ефект, кај тебе предизвикува смеење, кај некои други стравопочит, но во секој случај ефект има на сите. Само пред да се насмееш повторно, размисли дека се смееш на нешто што е факт многу помоќно од нас и премногу комплексно за да можеме да го објасниме. Наречи го бог или хакер од некоја напредна цивилизација, наречи го природа или универзум, сеедно ... а преданијата можеби се погрешни поради преводот, можеби се погрешни кога ги читаме денес во Македонија, но точни за даденото време и место каде настанале, тоа барем засега неможеме да го негираме исто како што и неможеме да го потврдиме. Најголемите умови се смеат на овие прашања од немоќ да дадат одговор, а не затоа што се смешни. Сепак, секој има право да се насмевне и да си го направи денот убав наместо да се заглавува во глупави лавиринти на незнаење каде ќе се осети немоќен и премногу мал.