Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
gospel, ебачиште низаедно форумско, малку ли ти беа комшиките, па сеа и на машки почна да навалуваш!???:pos:

Јас мислев ако те „чеша газето“ БОКИ 13 ќе го исчешаше...:pos: ХАХАХАХАХА

Јас барем бев „ ебачиште“, ама не како тебе „ ДАВАЈГАЗИШТЕ “ :pos: хахаха
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Јас барем бев „ ебачиште“, ама не како тебе „ ДАВАЈГАЗИШТЕ “ :pos: хахаха
Аааааа, и машки Те „занимале„, значи....:pos:
Ајде, трк пак на исповест.

--- надополнето ---

Одговарам со прашања........:)Ама не би било лошо да одговориш........Колку за дополнителна информација

Добро, ама темава е наменета за прашања до атеистите, а на прашања до верните, веќе имам дадено доста одговори.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Како Ви успева да ги чувате Вашите умови од вакви и такви индоктринации? Ај што ние, верните, имаме „испрани„ умови, имаме, ака како ги чувате Вашите умови од разно-разни, вакви и такви влијанија?
Па со критичко размислување, бе Мики. Тоа ти е, отприлика вака:

Ако Весна ти каже нешто за Петар (нешто што тебе може да ти е битно), ти прво ќе ја ислушаш Весна, па ќе размислиш дали Весна некогаш претходно те заебала, па ќе го прашаш Петар (директно или одоколу) што мисли он за тоа што си чул, па ќе пробаш да најдеш некој трет, кој го знае Петар (и Весна - уште боље), ќе пробаш и од него да дознаеш нешто и на крај ќе ги употребиш своите аналитички и интуитивни вештини за да донесеш конечен суд дали тоа Весна што ти го кажала држи вода или не.

Некритички би било вака: Весна ти каже нешто за Петар, а ти: (1) ќе и' поверуваш, пошто веруваш во Весна, или (2) Нема да и поверуваш, пошто веруваш у Петар. Отприлика, вака пластично и поедноставено, тоа е некритичко размислување. Нема анализа, нема интуиција, нема вклучување трета страна, нема објективност... и, најважно, нема развој во твојот светоглед. Се останало исто за тебе. Не си пораснал ама баш ич.

Ако сакаш, може и без примери и без џвакање да ти објаснам, ама мислам дека тоа потешко ќе го прочиташ - многу ќе ти биде долго и ќе има поголем број повеќесложни зборови од немакедонско потекло.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Аааааа, и машки Те „занимале„, значи...
Скраја да е ...чувал Господ од таа беља... Како викаат: кој мрда со опашката или кој го чеша „ газето“...Тој нека му ја мисли.

Ајде, трк пак на исповест
Ајде, ајде....те чека попот под петрафил да му клекнеш :pos:.....ваша пракса е тоа.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Ако сакаш, може и без примери и без џвакање да ти објаснам, ама мислам дека тоа потешко ќе го прочиташ - многу ќе ти биде долго и ќе има поголем број повеќесложни зборови од немакедонско потекло.
Да бевте толку паметни (или ние толку глупави) како што ете сметаш, досега ќе не убедивте дека сме во заблуда ние верниците.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Прашање:

Зошто е толку многу поголем бројот на верници (не само Христијани него сите теисти), а толку мал бројот на атеисти? Можно ли е скоро цел свет да биде во заблуда?
 
F

FallenHypaspist

Гостин
Религијата претставува филозофија поткрепена со институција и норми (yeah, right), но ограничена во концептот, затворена за толкување, догматична по природа, која недвосмислено и бесрамно лаже дека креатор на светот е божество (божества) кое ја контролира судбината на човекот. Најди некоја таква филозофија (што не е религија), жити све!

Со векови теистите се обидуваат да ја направат религијата нешто што не е. Најпрвин, по подемот на ренесансата почнаа да ја маскираат како филозофија. После, со напредокот на науката почнаа да ја маскираат во наука. Се прашувам во што ќе се обидат да ја маскираат следно.

Не се во еден кош. Консултирај филозофи за да чуеш колку e гласнa нивната смеа по ова прашање. Впрочем, зошто би постоела гранка на филозофијата која се нарекува Филозофија на религиите ако се исто?!?

Религијата е скарана со здравиот разум. ЈХИ религија, на пример, беспоштедно и бесрамно тврди дека светот е создаден за 6 дена; дека чобекот е направен од кал; дека жената е направена од ребро; дека лавот пасел трева; дека земјата има рабови и дека ја носат китови; дека Браман го редел универзумот слегувајќи по лотосово стебло (ОК, ова е Хинду, ама guess you get the point); дека е праведно да ја здробиш од карпа главата на детето на својот непријател; дека кога ќе умреш, ако си добар ти ќе идеш у вечен рај, а ќерка ти, која ти е све на светот, ќе иде иу вечен пекол ако не верува!!!

Те молам кажи ми како се овие работи логични и каде е тука здравиот разум?!?

За егото си у право. Срам ми е, ама тоа ми е - не е лесно да се расправаш со некој кој те прави будала при здрав разум. Ќе рипне и ќе грмне... шо ќе праиш.

--- надополнето ---

Друже, линкот ти е за да не мора да идеш до библиотека. Линковите се за да прочиташ нешто ново и да не поистоветуваш работи кои не се исти. РЕЛИГИОЗНОСТ е различно од СПИРИТУАЛНОСТ. Ти си теист. Јас сум атеист. СРАМОТА Е јас да ти го објаснувам ова!!!

Спиритуалност: an ultimate reality or transcendent dimension of the world; an inner path enabling a person to discover the essence of his or her being, or the “deepest values and meanings by which people live.

Религиозност: having or showing a belief in and veneration for God or a divine power, especially as it is reflected in the practice of religion

За спиритуалност не ти треба Бог и верба. Ти треба увид и свесност за себе, ама и многу повеќе од тоа - за се' друго во овој универзум. Како што читам мислења од теистите, повеќето се некако изнасекирани со тоа што ќе се случи со нив самите откога ќе умрат! Слабо некако ја спомнуваат планетата, животните, екологијата, вселената... Они (повеќето, не сите, нели) би отишле, ако може, на вечно гезме со Исус... а кој не пазел - нека гори!
Религијата претставува филозофија поткрепена со норми и институција, значи филозофијата е составна компонента на религијата, доколку во религијата не би се содржала филозофијата, религијата не би ни постоела. Доколку таа филозофија не е поткрепена со институција и норми, фала богу дека ќе си остане ''филозофија'', не значи ако постојат две посебни гранки дека тие немаат ништо заедничко, ко да си рекол дека историјата и археологијата немаат ништо заедничко.. и историчарите би се смееле на аехеолозите во поглед на тоа.

Тоа што велиш дека ограничува,затвара и тд е само нејзината погрешна претстава од страна на институцијата, секако поради желбата за моќ и контрола.
А пак самата гледна точка дека тоа што го пишува во светите книги е нешто ''буквално'', е крајно нелогично. Такви длабоки дела, такви осмислени дела.... буквални, никако, не. Значи кал, сигурно не значи кал, реброто сигурно не е ребро, лотосовото стебло сигурно не е стебло.... се е тоа семиотика, тука не работи таква плитка логика. А кога сме веќе и кај филозофијата, која е логиката за што ти знам какви ентитети, зли и добри, шетаат околу нас невидливи и се хранат од нашите емоции, изградени сме од светлина, и кога ќе се усовршиме во сонцето ќе ојдеме.... е де...која е логиката во Толтечката филозофија ондак :( ....

Сакав да кажам дека религијата не е ништо што пере мозок, ограничува,ослепува. Туку веќе институцијата која стои зад неа, полн џеб охохо, толку народ во мои раце охохо, контрола охохо... о ти је ... да не е била таа религија искористена за истиснување на други религии или пак за политички, воени, та и еконосмки подеми, нема да е била тоа што е сега, тоа што институцијата сака со сила да те убеди дека тоа е така како што таа ти го цитира, иако воопшто не е .. .... религијата е многу чисто нешто, но во валкани раце ... :smir:
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Да бевте толку паметни (или ние толку глупави) како што ете сметаш, досега ќе не убедивте дека сме во заблуда ние верниците.
:) Абе зашто се местиш така...

Ако во чашата собира 250ml, не можеш да ставиш пола литар, па да се убиеш.

Толку собира.

--- надополнето ---

Прашање:

Зошто е толку многу поголем бројот на верници (не само Христијани него сите теисти), а толку мал бројот на атеисти? Можно ли е скоро цел свет да биде во заблуда?
Заради тоа што нивата е долга и има уште многу камења за чистење и земја за орање. Некои се понапред, а некои поназад со земјоделието. Еве Примери за тие понапредните:

Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Не а? Абе можеби ќе еволуира чашата, ќе се зголеми нели така велевте вие.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не а? Абе можеби ќе еволуира чашата, ќе се зголеми нели така велевте вие.
Не. Чашата не може да еволуира. Еволуира само живиот свет.
Ти викам ја толку собира... ;)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Па со критичко размислување, бе Мики. Тоа ти е, отприлика вака:

Ако Весна ти каже нешто за Петар (нешто што тебе може да ти е битно), ти прво ќе ја ислушаш Весна, па ќе размислиш дали Весна некогаш претходно те заебала, па ќе го прашаш Петар (директно или одоколу) што мисли он за тоа што си чул, па ќе пробаш да најдеш некој трет, кој го знае Петар (и Весна - уште боље), ќе пробаш и од него да дознаеш нешто и на крај ќе ги употребиш своите аналитички и интуитивни вештини за да донесеш конечен суд дали тоа Весна што ти го кажала држи вода или не.

Некритички би било вака: Весна ти каже нешто за Петар, а ти: (1) ќе и' поверуваш, пошто веруваш во Весна, или (2) Нема да и поверуваш, пошто веруваш у Петар. Отприлика, вака пластично и поедноставено, тоа е некритичко размислување. Нема анализа, нема интуиција, нема вклучување трета страна, нема објективност... и, најважно, нема развој во твојот светоглед. Се останало исто за тебе. Не си пораснал ама баш ич.

Ако сакаш, може и без примери и без џвакање да ти објаснам, ама мислам дека тоа потешко ќе го прочиташ - многу ќе ти биде долго и ќе има поголем број повеќесложни зборови од немакедонско потекло.
Благодарам за Вашиот исцрпен одговор, кој ни оддалеку не соодветствува на поставеното прашање.
Но во право, си: кој колку пораснал, толкав и таков одговор и може да даде на поставено прашање.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Заради тоа што нивата е долга и има уште многу камења за чистење и земја за орање.
Епа ајде веќе долго време чакам да не разубедите. Ајде почни со орањето да те видам до кај ќе стигнеш. А свесен си дека со вакви изјави си ги вреѓаш предците свои? Ако не твоите родители, тогаш бабите/дедовците твои итн. Оти сигурно сите во твојата фамилија не сте атеисти од секогаш? А може ти и си крстен како бебе, и твоите се венчани во црква.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Ај едно прашање до атеистите.
Дали човекот се раѓа табула раса ?
Tabula rasa is the epistemological theory that individuals are born without built-in mental content and that their knowledge comes from experience and perception. http://en.wikipedia.org/wiki/Tabula_rasa
 
Не е до тоа колку време чекаш. Ако сакаш нешто да научиш не треба да чекаш. Треба да учиш и да размислуваш. треба да читаш и да прашуваш, да критикуваш и да браниш.
Орањето е долг и напорен процес. Затоа јапонците и данците на сликата погоре имаат такви напредни општества. Затоа Ирак, Афганистан и Руанда се такви какви што се.

Со моите изјави не ги вреѓам своите предци (уште помалку своите родители - атеисти). Тие толку можеле да знаат. Баба ми немала телефон, интернет и мобилен. Немала книги, допир со наука и современи откритија. Нејзе у IV одделение никој не и' предавал биологија и никој објаснил како се развива животот на земјата (ТЕ).

Ти имаш пристап до све ова, а пак се понашаш како да живееш во 1834 година некаде во Свирипичино.

Не е до тоа кој колку знае, туку до тоа кој колку се труди да разбере. Ти, очигледно, не се трудиш многу. Затоа и не се разбираме.

--- надополнето ---

Ај едно прашање до атеистите.
Дали човекот се раѓа табула раса ?
Tabula rasa is the epistemological theory that individuals are born without built-in mental content and that their knowledge comes from experience and perception. http://en.wikipedia.org/wiki/Tabula_rasa
Јас мислам дека уште пред да се роди, фетусот во утробата има искуства. Така, технички одговорено, човекот не се раѓа како табула-раса, пошто веќе имал искуства во матката.
Ако прашуваш дали има судбина, предодреденост и сл. Тоа прашање би добило поинаков одговор...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom