Религијата претставува филозофија поткрепена со институција и норми (yeah, right), но ограничена во концептот, затворена за толкување, догматична по природа, која недвосмислено и бесрамно лаже дека креатор на светот е божество (божества) кое ја контролира судбината на човекот. Најди некоја таква филозофија (што не е религија), жити све!
Со векови теистите се обидуваат да ја направат религијата нешто што не е. Најпрвин, по подемот на ренесансата почнаа да ја маскираат како филозофија. После, со напредокот на науката почнаа да ја маскираат во наука. Се прашувам во што ќе се обидат да ја маскираат следно.
Не се во еден кош. Консултирај филозофи за да чуеш колку e гласнa нивната смеа по ова прашање. Впрочем, зошто би постоела гранка на филозофијата која се нарекува Филозофија на религиите ако се исто?!?
Религијата е скарана со здравиот разум. ЈХИ религија, на пример, беспоштедно и бесрамно тврди дека светот е создаден за 6 дена; дека чобекот е направен од кал; дека жената е направена од ребро; дека лавот пасел трева; дека земјата има рабови и дека ја носат китови; дека Браман го редел универзумот слегувајќи по лотосово стебло (ОК, ова е Хинду, ама guess you get the point); дека е праведно да ја здробиш од карпа главата на детето на својот непријател; дека кога ќе умреш, ако си добар ти ќе идеш у вечен рај, а ќерка ти, која ти е све на светот, ќе иде иу вечен пекол ако не верува!!!
Те молам кажи ми како се овие работи логични и каде е тука здравиот разум?!?
За егото си у право. Срам ми е, ама тоа ми е - не е лесно да се расправаш со некој кој те прави будала при здрав разум. Ќе рипне и ќе грмне... шо ќе праиш.
--- надополнето ---
Друже, линкот ти е за да не мора да идеш до библиотека. Линковите се за да прочиташ нешто ново и да не поистоветуваш работи кои не се исти. РЕЛИГИОЗНОСТ е различно од СПИРИТУАЛНОСТ. Ти си теист. Јас сум атеист. СРАМОТА Е јас да ти го објаснувам ова!!!
Спиритуалност: an ultimate reality or transcendent dimension of the world; an inner path enabling a person to discover the essence of his or her being, or the “deepest values and meanings by which people live.
Религиозност: having or showing a belief in and veneration for God or a divine power, especially as it is reflected in the practice of religion
За спиритуалност не ти треба Бог и верба. Ти треба увид и свесност за себе, ама и многу повеќе од тоа - за се' друго во овој универзум. Како што читам мислења од теистите, повеќето се некако изнасекирани со тоа што ќе се случи со нив самите откога ќе умрат! Слабо некако ја спомнуваат планетата, животните, екологијата, вселената... Они (повеќето, не сите, нели) би отишле, ако може, на вечно гезме со Исус... а кој не пазел - нека гори!