Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
MIKI1;4095680[SIZE=4 напиша:
Во ред, ќе докажам,[/SIZE] но од моево тригодишно учество на форумов, можам да забележам дека постојат фаци, на кои штом им посочиш доказ, тие истите фаци, пак се „вадат„ на своето неверување па наспроти посочениот доказ, бараат „..и други докази...„...А бараат и докази за докажување на доказите...

Кога ќе биде тоа? Не ми треба мене доказ за доказот, обичен и уверлив доказ е сосема доволен. Само кажи кога и каде ќе докажуваш, да не случајно бидам зафатен па да го пропуштам доказот! :)
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Во ред, ќе докажам, но од моево тригодишно учество на форумов, можам да забележам дека постојат фаци, на кои штом им посочиш доказ, тие истите фаци, пак се „вадат„ на своето неверување па наспроти посочениот доказ, бараат „..и други докази...„...А бараат и докази за докажување на доказите...

--- надополнето ---



Признавам-вакво побивање, ни Кант не би направил...
Ако де, ајде конечно да ги видиме тие докази. Но внимавај не е доказ библијата.
Не вади збор (не реченица туку збор) изваден од контекст, Нема .... докази од твоја страна.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Тоа што повеќе книги биле напишани за Зевс а не за Исус, само по себе не е ниакков доказ дека Зевс е вистински Бог, а дека Исус Е нешто „послаб„ од Зевс.

Зевс е дел од староелниската митологија, што значи дека Зевс е „литеаратурен„ лик, кој, заедно со својата блудна фела, наводно, живеел на Олимп. Сето тоа е показател дека и Зевс, како и било кој друг идолопоклонички бог или богови, се дел од овој, нашиот Свет. За разлика од сите тие идоли, Христос не е од овој Свет, туку Христос Е овоплотен Бог, Кој на Земјава дојде за да не повика на покајаниже и да не покани во Неговто Царство Небесно.

Ни Зевс ни Амон Ра не ни понудија таква спасоносна понуда....
За зевс постојат хрмови, статуи, олтари....кој и ден денес можат да се видат, допрат, посетат. За Исус постојат само четири книги! Кој е сега "литературен" лик?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Тоа што повеќе книги биле напишани за Зевс а не за Исус, само по себе не е ниакков доказ дека Зевс е вистински Бог, а дека Исус Е нешто „послаб„ од Зевс.
АХА, сега е појасно. Ако има напишано за Исус, тогаш е вистина, ако пишува за Зевс не е. Многу јак доказ...... многу......

Христос не е од овој Свет, туку Христос Е овоплотен Бог, Кој на Земјава дојде за да не повика на покајаниже и да не покани во Неговто Царство Небесно.
Вели кој??? Библијата? Некој доказ дека тоа е вистина? Или пак ќе се повикаш на Евангелијата?
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Ајде сега, Ти, како нерелигозен, напрај „корекции„ во нашиот теизам...
Религијата пред се учи на морал.Голем дел од текстовите во Библијата,Куранот и светите писма на останатите религии преку метафора не учат на морал и морални вредности.Сето тоа е кажано преку митовите и легендите запишани таму.Лесно може да се забележи дека тие митови и легенди се превземени и изменети од некој постари религии меѓутоа тие текстови преку метафора не учат на морал.И басните се поучни па немора да значи дека животните навистина зборуваат.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Кажи ми еден доказ еден дека постои бог?
.
1. Поредокот кој постои во Вселената, а кој (поредок) е спознатлив само за разумни битија, како што е човекот. кој разумноста ја „наследува„ од својот разумен Творец.
2. „Се што е створено, има свој Творец„-Законот на здравиот разум и на природната креација.
3. Совеста-тоа е гласот Божји во сите нас.
4. Разумното одвојување на доброто од злото, на праведното од неправедното.
5. Барање на повисока смисла во своето/нашето постоење, освен грубиот материјализам и механицизам, кои сами по себе се бесмислени.
6. Искуственото сознание дека „нешто„ може да настане само од „нешто„, како и здраворазумскиот заклучок дека тоа ретроспективно барање на причината и последицата, не може да оди историски „на назад„ до недоглед., туку дека има своја причина „во почетокот„.
7. Искуствата од душите од луѓето во т.н. „клиничка смрт„.
8. Искуствата од луѓето кои се вратиле од сигурна смрт, а кои со духот го виделе духовниот Свет.
9. Неможноста од „научно„ побивање и „научно„ докажување за Божјото постоење.
10. Вродената религиозност кај родот човечки, својствен и за паганите но и за верните од сите времиња, до ден-денес.
11. Вродената идеја за Бога, забележана во истражувањата од еден од најпознатите атеисти од поново време, а тоа е многу фалениот Фројд.

Врв на сите докази, се поедините подвижници, кои се удостоиле да Го видат Бога, како што Ти ги гледаш твоите домашни.

Намерно не ги посочувам материјалните докази, оти се релативни и менливо-минливи категории, кои до сега не ни понудија трајни вистини.

Ете, Ти посочив дузина докази, кои се вградени во секого од нас, а Ти за возврат, докажи ми дека Бог не постои.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Еве неколку причини да не ги речам докази дека исус (да бе, со мала буква) не постои

- Вашиот бог не оставил никакви физички докази кои укажуваат на негово постоење
- Сите богови низ историјата се измислени вклучувајќи го и вашиот
- Исто така ни едно "чудо" на исус нема физички докази, само пишан материјал кој е лага
- Воскреснатиот исус на никој му се нема појавено, пак ќе речам фактот дека исус воскреснал е ПИШАНО друго нема
- Огромни трагедии се случуваат секојдневно пример Холокаустот, СИДА и сл. а бог го нема никаде да спречи такво нешто

Штета е тоа што од сите религии што постоеле христијанството успеало да се пробие.. пу јазк, перење мозоци ах

--- надополнето ---

1. Поредокот кој постои во Вселената, а кој (поредок) е спознатлив само за разумни битија, како што е човекот. кој разумноста ја „наследува„ од својот разумен Творец.
2. „Се што е створено, има свој Творец„-Законот на здравиот разум и на природната креација.
3. Совеста-тоа е гласот Божји во сите нас.
4. Разумното одвојување на доброто од злото, на праведното од неправедното.
5. Барање на повисока смисла во своето/нашето постоење, освен грубиот материјализам и механицизам, кои сами по себе се бесмислени.
6. Искуственото сознание дека „нешто„ може да настане само од „нешто„, како и здраворазумскиот заклучок дека тоа ретроспективно барање на причината и последицата, не може да оди историски „на назад„ до недоглед., туку дека има своја причина „во почетокот„.
7. Искуствата од душите од луѓето во т.н. „клиничка смрт„.
8. Искуствата од луѓето кои се вратиле од сигурна смрт, а кои со духот го виделе духовниот Свет.
9. Неможноста од „научно„ побивање и „научно„ докажување за Божјото постоење.
10. Вродената религиозност кај родот човечки, својствен и за паганите но и за верните од сите времиња, до ден-денес.
11. Вродената идеја за Бога, забележана во истражувањата од еден од најпознатите атеисти од поново време, а тоа е многу фалениот Фројд.

Врв на сите докази, се поедините подвижници, кои се удостоиле да Го видат Бога, како што Ти ги гледаш твоите домашни.

Намерно не ги посочувам материјалните докази, оти се релативни и менливо-минливи категории, кои до сега не ни понудија трајни вистини.

Ете, Ти посочив дузина докази, кои се вградени во секого од нас, а Ти за возврат, докажи ми дека Бог не постои.

И што посочи? Посочи искуства на верници кои бла бла бла... лично искуство? или слабо годинава... тебе ти има ли здраво направено господ?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
1. „Се што е створено, има свој Творец„-Законот на здравиот разум и на природната креација.
2. Совеста-тоа е гласот Божји во сите нас.
3. Разумното одвојување на доброто од злото, на праведното од неправедното.
4. Барање на повисока смисла во своето/нашето постоење, освен грубиот материјализам и механицизам, кои сами по себе се бесмислени.
5. Искуственото сознание дека „нешто„ може да настане само од „нешто„, како и здраворазумскиот заклучок дека тоа ретроспективно барање на причината и последицата, не може да оди историски „на назад„ до недоглед., туку дека има своја причина „во почетокот„.
6. Искуствата од душите од луѓето во т.н. „клиничка смрт„.
7. Искуствата од луѓето кои се вратиле од сигурна смрт, а кои со духот го виделе духовниот Свет.
8. Неможноста од „научно„ побивање и „научно„ докажување за Божјото постоење.
9. Вродената религиозност кај родот човечки, својствен и за паганите но и за верните од сите времиња, до ден-денес.
10. Вродената идеја за Бога, забележана во истражувањата од еден од најпознатите атеисти од поново време, а тоа е многу фалениот Фројд.

Врв на сите докази, се поедините подвижници, кои се удостоиле да Го видат Бога, како што Ти ги гледаш твоите домашни.

Намерно не ги посочувам материјалните докази, оти се релативни и менливо-минливи категории, кои до сега не ни понудија трајни вистини.

Ете, Ти посочив дузина докази, кои се вградени во секого од нас, а Ти за возврат, докажи ми дека Бог не постои.
Десетте примери кој ги наброја не го посочуваат јудео-христијанско-исламскиот бог! Тие како прво се претпоставки а не докази, второ и да ги земеме како докази, можат подеднакво да важат и за Буда, Браман, Зевс, Тор....за било кој бог! Ти тврдеше дека имаш доказ дека баш Исус е вистинскиот а другиве се измислени, а во овие десет точки кој ги наведе јас негледам доказ кој го фаворизира Исус. Било кој од твоиве тврдење може да биде аргумент...еве на пример за Браман - Хинду Апсолутот од кој настанало се!:toe:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
За зевс постојат хрмови, статуи, олтари....кој и ден денес можат да се видат, допрат, посетат. За Исус постојат само четири книги! Кој е сега "литературен" лик?

Не „набадај„ произволности....

Тоа што за Зевс постојат скулптури, тие скулптури се сами по себе доказ дека Зевс е измислен лик. Да беше Зевс жив бог, досега ќе го видевме.

За Христа постојат дводимензионални икони и фрески, па и храмови, кои го посочуваат Неговото неприпаѓање на материјалниов Свет, како опозит на скулптурите Зевсови, кои се тродимензионални и кои покажуваат дека Зевс е идолатриски лик од овој Свет. Но, за Христа, псотојат и сведоци, кои можат Христа да Го видат и слушнат. Не постои истириски запис дека некој и некогаш го видел Зевс, наспроти евангелските записи од очевидците Христови.

--- надополнето ---

Десетте примери кој ги наброја не го посочуваат јудео-христијанско-исламскиот бог! Тие како прво се претпоставки а не докази, второ и да ги земеме како докази, можат подеднакво да важат и за Буда, Браман, Зевс, Тор....за било кој бог! Ти тврдеше дека имаш доказ дека баш Исус е вистинскиот а другиве се измислени, а во овие десет точки кој ги наведе јас негледам доказ кој го фаворизира Исус. Било кој од твоиве тврдење може да биде аргумент...еве на пример за Браман - Хинду Апсолутот од кој настанало се!:toe:
Ако Ти самиот ставиш знак за „=„ меѓу Христа и Буда, тогаш самиот за себе ќе бидеш во право, но нема да бидеш во право и за верните. Верните ги знаат битните и суштинските разлики меѓу вистинскиот Бог и лажните богови-идоли.

Затоа, по кој знае кој пат пишувам-на оне кои не веруваат, ниту еден доказ не им е доволен...
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Не „набадај„ произволности....

Тоа што за Зевс постојат скулптури, тие скулптури се сами по себе доказ дека Зевс е измислен лик. Да беше Зевс жив бог, досега ќе го видевме.

За Христа постојат дводимензионални икони и фрески, па и храмови, кои го посочуваат Неговото неприпаѓање на материјалниов Свет, како опозит на скулптурите Зевсови, кои се тродимензионални и кои покажуваат дека Зевс е идолатриски лик од овој Свет. Но, за Христа, псотојат и сведоци, кои можат Христа да Го видат и слушнат. Не постои истириски запис дека некој и некогаш го видел Зевс, наспроти евангелските записи од очевидците Христови.
Баш така, да беше исус бог до сега ќе го видевме... Арно рече професорката пред некој ден, господе помогни ми да верувам во тебе :tapp:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Баш така, да беше исус бог до сега ќе го видевме... Арно рече професорката пред некој ден, господе помогни ми да верувам во тебе :tapp:

Убо кажала професорката, исто како и таткото на бесомачното момче, кој, гледајќи Го Христа, Му рече: „...Верувам Господи, помогни му на моето неверие,,,,„ (Марко, 9.24)

Сеа е твојот ред за покајание... :tapp:

--- надополнето ---

е. пу јазк, перење мозоци ах



Живо ме „занима„, како изгледа „неиспраниот„ мозок. Хммммм, веројатно има непријатна миризба, ако не е тазе „испран„, разбираш...

Сакаш да кажеш дека до Тебе не „стигнало„ никакво „перење„ оти си јаааааако отпорен?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не „набадај„ произволности....Тоа што за Зевс постојат скулптури, тие скулптури се сами по себе доказ дека Зевс е измислен лик. Да беше Зевс жив бог, досега ќе го видевме.
А Исус као секој ден у град го гледаме нели!?:pos:
За Христа постојат дводимензионални икони и фрески, па и храмови, кои го посочуваат Неговото неприпаѓање на материјалниов Свет, како опозит на скулптурите Зевсови, кои се тродимензионални и кои покажуваат дека Зевс е идолатриски лик од овој Свет. Но, за Христа, псотојат и сведоци, кои можат Христа да Го видат и слушнат. Не постои истириски запис дека некој и некогаш го видел Зевс, наспроти евангелските записи од очевидците Христови.
Значи тоа бил доказот?! Што христос бил на дводимензионални икони а зевс на тридимензионални скулптури?!:uvo:
Знаеш ли колку "сведоци" има во душевните болници кој можат да видат вонземјани, богови, ѓаволи......?
Ако Ти самиот ставиш знак за „=„ меѓу Христа и Буда, тогаш самиот за себе ќе бидеш во право, но нема да бидеш во право и за верните. Верните ги знаат битните и суштинските разлики меѓу вистинскиот Бог и лажните богови-идоли.
А тие битни и суштински разлики се.......?:toe: Нели имаше докази некој, за тоа служат доказите, за да се разграничи кога двајца секој за себе се во право, доказот служи да се разреши дилемата!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А тие битни и суштински разлики се.......?:toe: Нели имаше докази некој, за тоа служат доказите, за да се разграничи кога двајца секој за себе се во право, доказот служи да се разреши дилемата!
Врати се на темата и дај одговори на моите прашања, оти темава ионака е наменета за атеистите, не е за верните.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom