Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Свест, душа, дух.

Свеста е збир на психички функции во еден момент и сознание за себе и за околината. Психичките функции се резултат на работата на одделните центри во мозкот. Секој центар, врши посебна улога и функција. Според истражувањата, современиот човек користи само 10ина проценти од центрите, што значи дека има потенцијал за откривање на нови способности и состојби на свеста.

Духот и душата во ништо не се разликуваат од свеста. Духот, всушност, е измислица. Имено, Душата се асоцира со онаа во жив човек мирјанин, додека духот е измислена градација во религиите (иста како онаа свештеник/светец - човек/мирјанин) и се асоцира со Духот Божји, духот на некој светец и сл.

Кога наредбите што ги даваат мозочните центри до одделните мускули и органи од телото, минуваат низ нас, најмалите и најфини нервни завршетоци реагираат на ваквите импулси на молекуларно ниво, кои како повратна информација до центарот за дразба во мозокот, создаваат илузија за постоење на нешто, еве, конкретно, во нашите гради. Кога мозочните центри ќе престанат да работат, прекинува течењето на импулси, нервните завршетоци не регистрираат ништо, соодветно: нашата перцепција за душата ја снемува, бидејќи не функционираат ниту праќачите на импулси, ниту примачите и центрите во мозокот кои ја обработуваат дразбата.
Нели свеста не беше алгоритамска ?
Ако не е алгоритамска тогаш е или рандом или не е од овој свет.
Неможе да постои вештачка интелигенција(од типот за која ти овде кажуваш)
end of line
Ова е у контекст на филозофско или научно дефинирање на свеста.
Инаку кога станува збор за мене лично јас знам кој сум.
Ама со цел да се доближат и другите до реализацијата(вистината) пожелно е да се средат вакви хипотези на време.

--- надополнето ---

Една друга работа ме интересира мене.
Како е можно човек да бега од вистината со вакви самоубиствени мисли.
Само мисли се не се секирајте. :)
Инаку имам идеја кој би можел да биде крив за ова, ама не е религијата :)
Тоа у што се крстите е, образованието науката.
Од таму ви е жеелбата за самоубиство(и тоа на секаков план).
 
L

Liberation

Гостин
Темава се вика прашања до атеистите. Ти ме демантираш а на твоја страна сум.
Е де, па нема да е прв пат меѓусебе да се демантирате.

Проблемот со вас теистите е што се спротиставувате на се’ што не мисли како вас. Ваквото однесување ви е условено од страв од вашето табу “бог не постои“, па соодветно, во минатото теистите и религиозните, со алчната намера да дојдат до “вечен живот“ правеле работи во име на бог, а на штета на луѓето (оние кои не мислеле како нив).

Овде морам да кажам, иако не сум атеист, дека вториве немаат ваков страв и табу, па затоа не реагираат исто како вас кога некој мисли различно од нив. Затоа еден атеист никогаш нема да крене рака на еден теист само заради неговата филозофија (овде не мислам на Комунистите, тие се систем на верување со концизни правила кои ги нема кај атеистите), бидејќи тој е ослободен од стравот, дејствува многу порационално и секогаш е отворен за нови размисли.

Теистите гледаме како се однесуваат

--- надополнето ---

Нели свеста не беше алгоритамска ?...
Јас овде си кажувам свој став, од атеистички аспект, иако не сум тоа.
Свеста за мене е збир на одделни, кратки и јасни функции на конкретните центри во мозокот. Колку повеќе центри се активни во моментот, толку на повисоко ниво е свеста.
Другите не знам како ја дефинираат свеста, впрочем, секој атеист има слобода да си ја толкува на свој начин.

Кои самоубиствени мисли? Не те разбрав баш :)
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
"You can only lose something that you have , but you cannot lose something that you are ."
Тогаш што можеш да изгубиш ?
Телото....да, тоа сите го знаат, а бидејки телото не е само тело туку тело-ум и двете можеш да ги изгубиш.
Душата....викаат религиите дека може(пеколот), јас незнам ама еве да претпоставиме дека може.
Што ќе остане од тебе ?
Не ми е јасно нешто а гледам дека си доста начитан па може ќе ми објасниш.
Што се случува со свеста на оние што се во длабока кома, на оние што се приклучени на апарати за одржување на живот и кои што само вегетираат???
 
Има случаи кога лица во кома, биле сосема свесни: слушале, разбирале, размислувале. Доказ плус за алгоритмиката: едни центри работат, други не.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Има случаи кога лица во кома, биле сосема свесни: слушале, разбирале, размислувале. Доказ плус за алгоритмиката: едни центри работат, други не.
Човечката свест е само едно ниво! Постојат многу нивоа на свеста и таа неможе да се ограничи на мозокот, затоа што постојат форми на живот кој немаат мозок, како инсектите на пример.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Човечката свест е само едно ниво! Постојат многу нивоа на свеста и таа неможе да се ограничи на мозокот, затоа што постојат форми на живот кој немаат мозок, како инсектите на пример.
не знам англиски, ќе сакаш да ми го преведиш линкот?
http://insects.about.com/od/morphology/ss/internalanatomy_2.htm
 
L

Liberation

Гостин
Човечката свест е само едно ниво! Постојат многу нивоа на свеста и таа неможе да се ограничи на мозокот, затоа што постојат форми на живот кој немаат мозок, како инсектите на пример.
Немаат мозок, ама имаат нервни центри /ганглии мислам беа/.
Според мене, по соодветно е да се рече степен на свест, кој зависи САМО од бројот на поединечни центри кои се активни.
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
115
Поени од реакции
2
Еве уште нешто да ви кажам што пишува во Точно Изложување на Православната Вера:
Дека Телото и душата пак се создадени истовремено, а не прво едното а потоа дргото, како што празнослови Ориген.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
не знам англиски, ќе сакаш да ми го преведиш линкот?
http://insects.about.com/od/morphology/ss/internalanatomy_2.htm
Хехе, на сликата е посочен мозок под број 5, но колку има врска тој "мозок" со човечкиот не треба да ти преведувам, верувам дека и сам знаеш. Што е со микроорганизмите? Каде е нивниот мозок? Ниедна научна студија или експеримент не одкриле кој центар во мозокот ја "произведува" свеста. Има еден експеримент каде на мозок од глушец му горат делови од мозокот за да одкријат кој дел е одговорен за свеста, но без успех! Заклучокот е дека сите центри се подеднакво заслужни за постоењето на свеста.

--- надополнето ---

Немаат мозок, ама имаат нервни центри /ганглии мислам беа/.
Според мене, по соодветно е да се рече степен на свест, кој зависи САМО од бројот на поединечни центри кои се активни.
Според мене нервниот систем има функција на детекција на свеста, а не на нејзино креирање.
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Е де, па нема да е прв пат меѓусебе да се демантирате.

Проблемот со вас теистите е што се спротиставувате на се’ што не мисли како вас. Ваквото однесување ви е условено од страв од вашето табу “бог не постои“, па соодветно, во минатото теистите и религиозните, со алчната намера да дојдат до “вечен живот“ правеле работи во име на бог, а на штета на луѓето (оние кои не мислеле како нив).

Овде морам да кажам, иако не сум атеист, дека вториве немаат ваков страв и табу, па затоа не реагираат исто како вас кога некој мисли различно од нив. Затоа еден атеист никогаш нема да крене рака на еден теист само заради неговата филозофија (овде не мислам на Комунистите, тие се систем на верување со концизни правила кои ги нема кај атеистите), бидејќи тој е ослободен од стравот, дејствува многу порационално и секогаш е отворен за нови размисли.

Теистите гледаме како се однесуваат

--- надополнето ---

Јас овде си кажувам свој став, од атеистички аспект, иако не сум тоа.
Свеста за мене е збир на одделни, кратки и јасни функции на конкретните центри во мозокот. Колку повеќе центри се активни во моментот, толку на повисоко ниво е свеста.
Другите не знам како ја дефинираат свеста, впрочем, секој атеист има слобода да си ја толкува на свој начин.

Кои самоубиствени мисли? Не те разбрав баш :)
Па како што гледам и атеистите не се согласуваат по сите прашања. А несогласувањето на религиите не го измисливме овде на форумов. Тоа доаѓа од погрешно толкување и злоупотреба на религиите ама тоа е друго прашање. И атеизмот не треба да биде решение. Тие верници шо им наштетувале на атеисти не се верници. Нели христијанството не учи да го сакаме и душманот. Исламот во превод значи мир. Нити словените дошле овде во име на Перун. Ни Османлиите во Константинопол во име на Алах. Крстоносците тргнале на ерусалим од истите причини што Американците тргнаа на Багдад. Првиве се вадеа со Господ, а вториве со антитероризмот .
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Не ми е јасно нешто а гледам дека си доста начитан па може ќе ми објасниш.
Што се случува со свеста на оние што се во длабока кома, на оние што се приклучени на апарати за одржување на живот и кои што само вегетираат???
Ништо не се случува, исто како и во длабок сон.
Свеста функционира како огледало. Ако нема што да рефлектира самата неможе да се рефлектира.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Па како што гледам и атеистите не се согласуваат по сите прашања.
Атеистите имаат само едно прашање за сложување и тоа е единственото нешто по што се идентификуваат.

Прашањето е: Дали постои Бог? Сите атеисти се едногласни по истото. Одговорот на секој атеист е истиот: Бог не постои! Нема несогласувања.

Немој да се обидуваш да шпекулираш, пошто пак ќе ти се смееме.
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
115
Поени од реакции
2
Еве уште нешто за Атеистите кој не веруваат во вакви чуда

Ништо не се случува, исто како и во длабок сон.
Свеста функционира како огледало. Ако нема што да рефлектира самата неможе да се рефлектира.
Свеста е производ од телото, душата и духот. Кога телото е во кома, свеста живее во душата. Душата не умира. Така да кога телото ќе биде во кома, свеста работи зошто е составен дел и од душата која е жива. Еве еден пример:

Кога биле луѓе во кома и кога се разбудиле тие опишуваат како биле во некој свет каде што се можело да се претпостави од верниците дека станувало збор дека бил виден од нивна страна и рајот и пеколот. Често пати тие објаснуваат дека се работело како гледале некоја светлина која едноставно му подавала рака да се спасат. Откако му била подадена рака тие веднаш се врајќале во нормала односно се разбудувале од кома.
Одттука можи да се забележи следново:
Дека телото секогаш е свесно кога ќе се случи и тој период од нивниот живот - комата. Зависи и од меморијата на човекот колку можи и да ја зачува.
Атеистите не можат да кажат нешто во врска со ова зошто нивното верување е дека Свеста може да се изгуби за време на кома.
 
L

Liberation

Гостин
Не дека атеистите не можат да кажат ништо во врска со ваквата состојба, туку нивното толкување не е толку едноставно како тоа на теистите.

Состојбата на кома не е една. Има состојба на кома, каде лицето не може да ги отвори очите, да придвижи делови од телото или да зборува, бидејќи повредени се центрите за моторика за специфичните органи. Тоа не значи и дека таквото лице не може да слуша и да разбира што се случува околу него, под услов овие центри да не претрпеле повреда. Ако и тие центри не функционираат, тогаш има кома на основните функции. Но ако и центарот за регулирање на дишењето или работата на срцето откажат, тогаш настапува смрт.

Се’ зависи од тоа колку и кои центри запреле со нормална работа.

Светлината... тоа е механизам на определени мозочни центри кои на таков начин го штитат телото од стрес. Психичката победа над смртта (светлина, пружена рака...) го смирува телото, како предуслов за побрзо закрепнување. Тие искуства на ваквите пациенти, не се ништо повеќе од состојбата на сон / сонување.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom