Исто ко да е све исцитирано, од што е прекрасно напишано
WOW! Па ја, изгледа, во приватниот живот сум Секуларен Хуманист!
Моето друго јас, моето форумско его,
очигледно е Милитантен атеист.
...а пошто е ова форумот:
На овој форум пишуваат неколку (самосвесни) подли продавачи на догми и пропаганда мајстори. И се' додека тие се овде и отворено шират извртени, фалични толкувања на светот и ветуваат нешто за што јас знам дека е невистина, јас ќе останам во обид да дадам поинаква - рационално, емпириска, неретко и утилитаристичка - перспектива на конкретното прашање.
Како непоправлив хипих во душа, јас имам огромна почит према неприкосновената слобода на личниот избор. Но, од друга страна, како даскал, знам дека товарот на знаењето лежи на плеќите на оној кој знае - не на оној кој сеуште не дознал. Блажени се оние кои не знаат, а клети оние кои знаат, а не кажуваат.
Прерано ли е, се прашувам. Со се' поголемата слобода на достапност на информацијата (главно мислам на интернет), наместо да се радувам на иминентниот крај на цензурата, јас сум преплашен од моќта на религиозната Христијанско-Исламска пропаганда која ги масакрира умовите на неуките, неинформираните и емоционално ранливите. Клипчињата им се кратки и лесно сварливи, а зборовите слатки и заводливи. Пленот, нели, ранлив и неук. Лешинари.
Јас се сеќавам на време, пубертет и адолесценција, кога сериозно поголемиот дел од луѓето околу мене беа Секуларни Хуманисти (cudos-и за тебе). Мене ме вади од памет апокалиптичниот бран на религиознизирање (ваљда) што брише концепти, умртвува ментална иницијатива и отупува луѓе. Зборувам за Македонија.
Луѓето имаат право на избор, секако. А оние кои знаат повеќе имаат обврска да ги информираат другите, за да овие направат поинформиран избор.
Нека го разбере светот и универзумот и нека се посвети на религија - немам апсолутно никаков проблем со тоа.
Никогаш не би му зборувал на некого што не сака да ме слуша, поготово за ставови, вредности и убедувања.
Среќа што е ова форум.
--- надополнето ---
Потписот е сарказам. Јас го напишав, со саркастична намера да ја
исмеам фразата во која очигледно не верувам и ја сметам за смешна. Иронијата во себе не мора да содржи презир или потсмев, едноставно укажува на неконгруентност помеѓу очекуваното и добиеното. Провери си ги дефинициите, пошто одамна било шесто, а сега плус имаш интернет:
http://en.wiktionary.org/wiki/sarcasm и
http://en.wiktionary.org/wiki/irony
За тоа со научниците, смешно е и доста со мерење. Ко у маало, коа некој се фали дека братучед му завршил факултет. Што е битно дали бил агностик, атеист или џедај? Религиозен не бил и цел живот пишувал против религијата. Можеше барем првиот пасус да го прочиташ, ама изглеа не ти се кликна.
Као да нешто ќе смени во светот денес тоа што Никола Тесла бил според некои православен христијанин. Погледни ги статистиките во светот
денес и забележи колку од научниците веруваат во Господ.
Доста со наука? ОК. Ајде тогаш со рацио. Може? Или, еве, ти бирај со што.