Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Мрачниот среден век е мрачен заради други причини. Религијата постоела и пред тоа и потоа и имала значајно влијание врз животот на луѓето. Развој и прогрес имало и во антиката, а тогаш луѓето биле доста религиозни. Во средниот век религијата била алатка на желните за моќ и власт. Според Библијата никој човек нема власт или сувереност над друг.
За овој твој пост морам да бидам сликовит:
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Оф мори мајко... Имаме концептуални проблеми... Критика не е исто со критичко мислење. Има два вида на критики: конструктивна и деструктивна. Втората најчесто доаѓа од незнаење и од неспремност да се промениш и прилагодиш на новото сознание. Првата е двигателот на развојот.

Науката, друже, е критичко мислење. Постојано вагање и преиспитување и не земање здраво за готово и не прифаќање врз основа на верба.

Неверувањето, како што ти милуваш, е тоа што не' турка напред. Кога не веруваш, тогаш преиспитуваш, проверуваш, се' додека не се увериш дека тоа што си го претпоставил навистина функционира или држи вода.

Тоа што им се смееле на браќата Рајт, им се смееле од страв, им се смееле од незнаење - од неспособност да ја сфатат нивната визија и цел. Такви се 90% од луѓето. Традиционални и уплашени од промени. Такви ќе бидат и во блиска иднина.

Затоа и од ова религииве нема лесен куртул...

--- надополнето ---



Ајде пак: http://en.wikipedia.org/wiki/List_of...lution_fossils
Точно имаме концептуални разлики и нема да се разбериме никогаш па и 500 поста да напишиме. Вербата фали на визијата и целта за да бидат комплетни. Религијата не го забранува она што ти го нарекуваш критичко мислење, освен кога станува збор за постоењето на Божественото.

--- надополнето ---

За овој твој пост морам да бидам сликовит:
па видиш, не е се така црно хахаха. ако земиме да разгледуваме пред средниот век. науката се развива по нагорна линија. Дали тоа значи дека влијанието на науката се намалило. Оваа илустрација не докажува ништо. Би можела да се протолкува на пример дека најголем прогрес науката има од појавата на христијанството. Па изворот на илустрацијава и дава посебна „тежина“
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Религијата не го забранува она што ти го нарекуваш критичко мислење, освен кога станува збор за постоењето на Божественото.
:D :D :D

Може, ама не може, а?

Е тоа се, друже, догма, закана и ограничувања. Јудео-христијанско-исламската религија вика слепо верувај и не ми ч'чкај у тврдењата. Ако не, ќе те здробам! ...ОК, нема ја, ама ќе видиш ко ќе умреш. Срамота! Лажги, со опашки и закани за вечен пекол.

Еве, уште малку сликичка, да не парафразирам и да не крадам туѓи зборови:
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Мрачниот среден век е мрачен заради други причини. Религијата постоела и пред тоа и потоа и имала значајно влијание врз животот на луѓето. Развој и прогрес имало и во антиката, а тогаш луѓето биле доста религиозни. Во средниот век религијата била алатка на желните за моќ и власт. Според Библијата никој човек нема власт или сувереност над друг.
Ај да видиме дали е така:
Трета книга мојсеева - Левит:
Ако сакаш да имаш свој роб или своја робинка, купувајте си роб и робинка од народите што се околу вас, од нив да си земате робови и робинки. Исто така и од децата на преселниците населени меѓу вас може да купувате, и од нивните роднини родени во земјата ваша ако ги има, и тие можат да ви бидат сопственост!
1 Timothy 6:1-2 NLT
Christians who are slaves should give their masters full respect so that the name of God and his teaching will not be shamed. If your master is a Christian, that is no excuse for being disrespectful. You should work all the harder because you are helping another believer by your efforts. Teach these truths, Timothy, and encourage everyone to obey them.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
па видиш, не е се така црно хахаха. ако земиме да разгледуваме пред средниот век. науката се развива по нагорна линија. Дали тоа значи дека влијанието на науката се намалило. Оваа илустрација не докажува ништо. Би можела да се протолкува на пример дека најголем прогрес науката има од појавата на христијанството.
Рационализација. И верниците се способни за вакво салто мортале :)
Од црно, сакаш бело да го направиш, и тоа на тема атеизам. БРАВО!

Кој не го стаи у потпис ова...
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Те читам во последнава дискусија и не ми е јасно што сакаш да кажеш... верувале па верувале.

Нормално дека верувале ама во можноста да се лета, а не дека господ ќе им го покаже начинот на кој луѓето можат да летаат.

Атеистите не се луѓе кои немаат верба туку луѓе кои не веруваат во постоењето на господ, ти го изедначуваш едното со другото.
Бинго! Призна некој конечно. Тоа во што веруваш не мора да е Господ. Како ссакаш наречи го. Ако веруваш дека Господ ќе ти го покаже патот, веруваш во Господ. Ако веруваш дека некој демон ќе ти го покаже патот, веруваш во него. Можеш да веруваш во Мајката природа. Како сакаш наречија Божествената присутност мора да биде во тебе. А оваа институционализација на религијата е друга работа. Врската со Бог е секогаш ЛИЧНА, не ти треба ни поп ни оџа.

--- надополнето ---

Рационализација. И верниците се способни за вакво салто мортале :)
Од црно, сакаш бело да го направиш, и тоа на тема атеизам. БРАВО!

Кој не го стаи у потпис ова...
Па што и да ставиш во потпис е подобро од тоа што го имаш сега. Атеизмот го браниш со Бог да чува? хахахаха значи сепак го признаваш јееееееееее 1:0 за мене

--- надополнето ---

Ај да видиме дали е така:
Трета книга мојсеева - Левит:
1 Timothy 6:1-2 NLT




1. Не ги мешај Сатриот и Новиот Завет. Старозаветните одредби се однесуваат исклучиво на јудеите,а новозаветните на Црквата Христова.
2. Ако, како што велиш, Исус дојде да го исполни Законот, а Он тоа и го стори, дај тогаш посочи, што остана „недосторено„ од Христа Богочовекот, за да може Законот старозаветен да биде сеуште важечки?

П.С. Решените за робовите не се наоѓа во некаква револуција, преку која со насилие или со државен закон ќе се укине робството. Тоа (робството) се укинува преку промена на умовите од робовладетелите.
ти одговарам со цитат
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Бинго! Призна некој конечно. Тоа во што веруваш не мора да е Господ. Како ссакаш наречи го. Ако веруваш дека Господ ќе ти го покаже патот, веруваш во Господ. Ако веруваш дека некој демон ќе ти го покаже патот, веруваш во него. Можеш да веруваш во Мајката природа. Како сакаш наречија Божествената присутност мора да биде во тебе. А оваа институционализација на религијата е друга работа. Врската со Бог е секогаш ЛИЧНА, не ти треба ни поп ни оџа.


Јас сум атеист не верувам во господ верувам во себе. И не постои некој тефтер на кој пишува дека треба да го пишам постов или не. Има разлика помеѓу верба во себе и господ, едните се викаат теисти другите атеисти. А тоа е различно од верник и неверник
 

Bolt0105

Problem?
Член од
3 декември 2009
Мислења
54
Поени од реакции
64
ај јас да ви поставам неколку прашања:
1. како е создадена цела вселена(да ако имало big bang морало и пред то да има нешто ај како ќе го објаснете ова нешто)
2. како е создаден живиот свет(не ја негирам дарвиновата теорија туку сакам да знам кој ги создал тие првите човеколики мајмуни, диносаурусите итн)
3. тоа што велите дека ако не го гледаш не треба да веруваш(пр воздух и знаеме дека постои) зошто е тогаш толку тешко да се верува во Господ?
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Бинго! Призна некој конечно. Тоа во што веруваш не мора да е Господ. Како ссакаш наречи го. Ако веруваш дека Господ ќе ти го покаже патот, веруваш во Господ. Ако веруваш дека некој демон ќе ти го покаже патот, веруваш во него. Можеш да веруваш во Мајката природа. Како сакаш наречија Божествената присутност мора да биде во тебе. А оваа институционализација на религијата е друга работа. Врската со Бог е секогаш ЛИЧНА, не ти треба ни поп ни оџа.



Еј бинго???

Не реков дека мора да веруваш во НЕКОГО или НЕШТО. Никаков Бог, демон, или апстрактен поим како Мајката природа.

За да верувам дека можам да конструирам авион не ми треба да чувствувам божевство во мене. Едноставно верувам дека летањето е возможно и толку. Гледам пречки кои изгледаат непремостливи но не губам надеж не затоа што верувам дека повисока сила ќе ми го покаже патот туку затоа што знам дека летањето е возможно и е прашање на време кога ќе успеам да го согледам решението.

Верувам дека ако напорно работам ЈАС ќе дојдам до решението. Не дека Бог ќе се смилува откако ќе ме види како се мачам или божевственото присуство во мене ќе ми го даде одговорот.

Ако божествено присуство го нарекуваш потсвесниот дел од мозокот. Оној кој може да те истрипа на толку начини што нема да можеш да разликуваш што е реалност тогаш тоа е друго. Тогаш зборуваме за иста работа само што ти сам на себе си ја објаснуваш со метафори и бајки, а јас наједноставно што можам.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Па што и да ставиш во потпис е подобро од тоа што го имаш сега. Атеизмот го браниш со Бог да чува? хахахаха значи сепак го признаваш јееееееееее 1:0 за мене
Ох, чедо верно... сарказам се вика тоа...
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
ај јас да ви поставам неколку прашања:
1. како е создадена цела вселена(да ако имало big bang морало и пред то да има нешто ај како ќе го објаснете ова нешто)
2. како е создаден живиот свет(не ја негирам дарвиновата теорија туку сакам да знам кој ги создал тие првите човеколики мајмуни, диносаурусите итн)
3. тоа што велите дека ако не го гледаш не треба да веруваш(пр воздух и знаеме дека постои) зошто е тогаш толку тешко да се верува во Господ?
1. Вселената едноставно Е, иако научниците водат доста истражувања за тоа што било пред биг бенг не е донесено крајно решение или одговор, во секој случај универзумот не е дело на господ, тоа се чисти глупости.
2. Целиот жив свет е настанат од мирко организми кои со тек на голем временски период евоулирале во тоа што сме денес.
3. Незнам за тебе ама еве еден пример кога е ладно јас го гледам воздухот има ХУ, а господ... не го гледам кога е ладно. Те молам не споредувај imaginary friends со воздухот.
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
ај јас да ви поставам неколку прашања:
1. како е создадена цела вселена(да ако имало big bang морало и пред то да има нешто ај како ќе го објаснете ова нешто)
2. како е создаден живиот свет(не ја негирам дарвиновата теорија туку сакам да знам кој ги создал тие првите човеколики мајмуни, диносаурусите итн)
3. тоа што велите дека ако не го гледаш не треба да веруваш(пр воздух и знаеме дека постои) зошто е тогаш толку тешко да се верува во Господ?
1. Настанала од енергија. Како настанала енергијата не знам и никој не знае. Ама еден ден ќе се дојде и до тој одговор.

2. Не можеш да ја негираш Дарвиновата теорија затоа што очигледно не си ја ни прочитал. Дарвиновата теорија на еволуција не е тоа дека човекот настанал од мајмун.

3. Многу глупо прашање. Физички воздухот постои. Го дишеш, стапува во хемиски реакции... едноставно е проѕирен. Никој од тие што кажал дека верува само во тоа што го гледа не мислел буквално на она што го гледа со помош на око. Туку на она што е физички присутно.
 

Ekimot

Cule
Член од
4 февруари 2010
Мислења
473
Поени од реакции
502
Ај на Миле тренд 3 тото прашање. Не можеш да веруваш во нешто што е очигледно и знаеш дека постои, глупо би било да веруваш во дрво, зошто го гледаш го пипкаш, дрво е да му е*** има една мисла на Latin: Credo ad absurdum!
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
115
Поени од реакции
2
Ќе ви кажам два случаеви кои мој верници од православна вероисповед се очевидци на тие настани за со пчелата дека знае кој е Бог, следново:
1. Од Вистинска Православна Црква на Вистински Православни Христијани во која одам јас поради тоа што сум Православен а воедно сакам да кажам дека официјалните цркви од сите држави кој се нарекуваат Православни се самите еретички тргнувајќи од фактот дека официјалните попови ја извртуваат вистинската вера и не им кажуваат на граѓаните за вистинското Православие кој го проповедале Апостолите и свештените лица од 7 те вселенски собори.

Да се навратам со примерот со Пчелата. Мојте Владици поставиле икона од Исус Христос и слика од папата, во еден пчеларник неколку пати досега. Сликата од папата ја издупчиле пчелите а иконата од Исус Христос ја украсиле со восок. Ореолот му го направиле од восок, облеката му ја украсиле со восок.

2. На една жена и изумирале пчелите. Не можела ништо да направи околу тоа па решила кога ќе ја зема причесната од Црква да не ја голта туку да ја задржи во устата и да ја истури кај пчелите. Така напраела. за една недела пчелите се подобриле и жената видела чудо кое го направиле пчелите, а тоа е:
1. Пчелите ја собрале причеста од жената што ја истурила во пчеларникот, изградиле од восок чаша и ја клале во нејзе.
2. Пчелите направиле и Црква од восок, онаква како што била жената во црквата.

Овие примери ми се како жив доказ дека има Бог а тоа е Пресветата Тројца - Отецот , Синот и Светиот Дух.

--- надополнето ---

Прочитај го извештајот за пчелата што го напишав денеска околу 23 и 45 минути.

--- надополнето ---

Прочитај го извештајот за пчелата што го напишав денеска околу 23 и 45 минути.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom