Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Хмммм...Све ми се чини дека си ја утнал Црквата. Каков Толедо, каков Ремс... Тоа ќе да се однесува за Римската Црква, во која Духот Свет не ја дели својата благодат уше од шизмата, така да коментаров ти е прилично неточен.
Хмм православна црква во 586 година? 655 година??
да не си утнал можда векови и години на шизмата?

Значи дали и на овие одлуки “Сам Бог, Духот Свет, е гарант за точноста“
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Точно. избрзав со годините, но не и со соборите, кои не се одржани ни во Толедо ни во Ремс, туку во Никеја, Цариград, Ефес....моја грешка. Кога се во прашање иконите, го наведов седмиот вселенски Собор во Никеја, на кој иконите се дефинитивно прифатени како неидолопклонички.

Православната Црква признава 7 вселенски Собори, а не било каков собир надвор од тоа признавање.

Не ми е познато кои се тие собори во Ремс и Толедо, но пошто е честа пракса од поединци на форумов да вадат цитати од контекст, не ме чуди и твојата намера за обвинување на Духот Свет како гарант за она кое некој и некаде го сторил, а кое не е прифатено од Црквата, туку е своеволна одлука на некој локален собир. И сега, тие одлуки ги превземаш и ги користиш како поддршка во своите/твоите ставови кон Црквата. За мене, тоа е виден штос...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Православната Црква признава 7 вселенски Собори, а не било каков собир надвор од тоа признавање.

Не ми е познато кои се тие собори во Ремс и Толедо, но пошто е честа пракса од поединци на форумов да вадат цитати од контекст, не ме чуди и твојата намера за обвинување на Духот Свет како гарант за она кое некој и некаде го сторил, а кое не е прифатено од Црквата, туку е своеволна одлука на некој локален собир. И сега, тие одлуки ги превземаш и ги користиш како поддршка во своите/твоите ставови кон Црквата. За мене, тоа е виден штос...
Aјдее сега не се признавале локални во помали градови собири али се признавале тие така поголемите... уште ќе испадне дека крштевање во мала црква не се важи само во оние големите... убајте. Значи ете не важеле тие одлуки иако донесени од страна на црковни лица епископи... бискупи зато што биле одржан далеку таму негде во Шпанија па ваљда немале дострел довде да важат.) Таму бог не присуствува ... само на големи настани и собири, одлуки на помали собори се чисто човечки?

На првиот Никејски соборот беа повикани сите бискупи и имаја право да донесат со себе двајца помошници и три РОБА За Бог, за христијанството држење на робови од страна на бискуп и христијани било нормална појава.
Еве дел од каноните на првиот Никејски сабор (од 90сет прогласени канони) : Канон 29ти - да не се клечи при молитва, Канон 53-ти за забрана на брак со неверници, Канон 52-ри, забранува пријателување и разговарање со ЕВРЕИТЕ., Канон 67-ми за забрана на држење две жени истовремено...

Значи спрема православната црква која го цени и почитува тој собор забрането е да имаш приател и да разговараш со евреин, не треба да влегуваш во брак со неверник (атеист... муслиман... будист...) а ропството е нормално и оправдано.

“Сам Бог, Духот Свет, е гарант за точноста“
 
B

Braum

Гостин
Вака: Ако некој не остане во Мене, тој ќе биде исфрлен надвор како прачката, која е исушена, - ги собираат, ги фрлаат во оган и ги горат.
Им ставате тешки бремиња на народот и со прст не сакате да ги помрднете.

Матеј: 21:25 Од каде беше Јовановото крштавање? Од небото или од луѓето?” А тие размислуваа во себе, велејќи:” Ако речеме ‘од небото’, ќе ни рече: ‘Зошто не му поверувавте тогаш?’
Мене не ми треба дозвола од некој образован Поп што знае несто за библијата па да ми кажува што да правам, Јас после моето покајание Светиот Дух ке дојде и ке ме води не ми требас ти.
Дозволата дојде од небото а не од земјата.
Секој што ке извика по Господовото Име ке биде спасен.
Значи Исус вика: Одете полагајте раци болни ке оздравуваат, изгонувајте демони, и проповедајте го Евангелието, а не се секавам да сум прочитал: Носете зејтин, палете свеки, остајте по 5 денари на света петка, света ана и ред други работи.

Пишано е: Само бог е достоен за слава.

а васите плодови кој се... де наброј ми ги. да не си помогнал на некој болен да не си го исцелил, да не сте помогнале на некое сиромашно семејство.
А не само гледаме на вестите како поповите дрзат хотели, Владиката вози џипови од 200 илјади евра, и плус обезбедуванје, верата ја ставате во лугје како прво а не во бога.
ако јас сум сигурен дека Бог ме штити нема да се шетам со обезбедуванје.

16 Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.
17 Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.
18 Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.

Не ми требас ти за да се спасам,
зошто вика по вера сте спасени, а не по знаење. колку сакаш знај за собирите и кога што се случувало
ЕДНО Е ИМЕТО КОЕ ТЕ НОСИ КАЈ СОЗДАТЕЛОТ А ТОА Е ИСУС ХРИСТОС МЕСИЈАТА И БОЖИЈОТ СИН. АЛЕЛУЈА
 
Ајдее...Ај што вадиш од контекст, па сега лепиш и ставови кои не сум ги кажал, како овој со крштевањето во „помала„ Црква.

Веќе реков: мене лично, не ми се познати средбите (соборите?) во Ремс и Толедо, но од друга страна, не велам дека не се случиле. Во ред, се случиле. Епископите од помесните Цркви можат да свикаат црковен собор за прашања кои се однесуваат на дотичната/помесната Црква, неспорно. Но, кои се и какви се тие одлуки, не смееме да судиме за нив гледано од нашево време, оти тие одлуки се донесени во даден историски момент, под дадени историски околности, кои за мене/нас не се искуствено достапни, и за мене, смешно е да ги коментирам. Во секој случај, за вселенската Црква, битни се одлуките од вселенските Собори, оти се однесуваат за целата Црква а не само за некоја помесна Црква. И пак ќе речам: вадењето одлуки од контекст, а особено манипулацијата со одредени изрази од тие одлуки, најблаго речено, е нечесна работа!

Истиот штос го применуваш и во одлуките од првиот Собор! Кога во Црквата се носи одредена забрана, или одредена обврска, тие одлуки секогаш имаат и своја мошне детаљна елаборација, која добро ја толкува одлуката! Простото наведување на забраната, на пример, забраната за немање пријател евреин или забраната за разговор со него, е само површно читање на таа одлука, зад која стои и објаснета суштина кон таа одлука. Во Црквата, ништо не се долучува површно и паушално, по принциот „....смееш ова, ама не смееш она...„, без притоа да се елаборираат таквите одлуки. Ако одлуките ги читаш површно, ќе испадне дека Црквата, т.е. нејзините верници, станале тешки човекомразци-мизантропи, што ни оодалеку не во духот од Христовото човекољубие! Така, ќе испаден дека Црквата, која е тело Христово, носи одлуки против Христа, Кој Е глава на тоа тело! Логично, би испаднало дела телото и противречи на главата, така? Човековото човекомразење против Христовото човекољубие!???

--- надополнето ---

Вака: Ако некој не остане во Мене, тој ќе биде исфрлен надвор како прачката, која е исушена, - ги собираат, ги фрлаат во оган и ги горат.
Им ставате тешки бремиња на народот и со прст не сакате да ги помрднете.

Матеј: 21:25 Од каде беше Јовановото крштавање? Од небото или од луѓето?” А тие размислуваа во себе, велејќи:” Ако речеме ‘од небото’, ќе ни рече: ‘Зошто не му поверувавте тогаш?’
Мене не ми треба дозвола од некој образован Поп што знае несто за библијата па да ми кажува што да правам, Јас после моето покајание Светиот Дух ке дојде и ке ме води не ми требас ти.
Дозволата дојде од небото а не од земјата.
Секој што ке извика по Господовото Име ке биде спасен.
Значи Исус вика: Одете полагајте раци болни ке оздравуваат, изгонувајте демони, и проповедајте го Евангелието, а не се секавам да сум прочитал: Носете зејтин, палете свеки, остајте по 5 денари на света петка, света ана и ред други работи.

Пишано е: Само бог е достоен за слава.

а васите плодови кој се... де наброј ми ги. да не си помогнал на некој болен да не си го исцелил, да не сте помогнале на некое сиромашно семејство.
А не само гледаме на вестите како поповите дрзат хотели, Владиката вози џипови од 200 илјади евра, и плус обезбедуванје, верата ја ставате во лугје како прво а не во бога.
ако јас сум сигурен дека Бог ме штити нема да се шетам со обезбедуванје.

16 Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.
17 Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.
18 Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.

Не ми требас ти за да се спасам,
зошто вика по вера сте спасени, а не по знаење. колку сакаш знај за собирите и кога што се случувало
ЕДНО Е ИМЕТО КОЕ ТЕ НОСИ КАЈ СОЗДАТЕЛОТ А ТОА Е ИСУС ХРИСТОС МЕСИЈАТА И БОЖИЈОТ СИН. АЛЕЛУЈА
Ниту си прв, а изгледа, ниту последен член на форумов, кој пишува вакви очекувани и лесно предвидливи ставови.
Биди ми поздравен.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ропството е богоугодна работа.
Така пушува во Книгата.
А Книгата е Законот.
Кој Исус дошол да го исполни до последна буква.

Излез: 21:7
Кога човек ќе ја продаде ќерка си за робинка, таа нека не се ослободува како и машките робови.

Левит: 25:44
А ако сакаш да имаш робови и робинки, можете да ги купите, и машки и женски, од народите што се околу вас.

Левит: 25:46 Нив можете да им ги предавате во наследство на вашите деца, за да ги наследат за секогаш во сопственост. Кон нив можете да постапувате како кон робови. Но кон своите браќа, Израелевите синови, никој не смее да господари со жестокост.’

Колосјани: 3:22
Робови, слушајте ги во се; своите земни господари, не за очите како оние, кои им угодуваат на луѓето, туку во простотата на срцето, боејќи се од Господа!

Излез:
12:44 Секој роб, купен за пари и обрезан, може да ја јаде!
21:2 Ако купиш еден Евреин за роб, нека служи шест години. На седмата година нека замине, без откупнина, слободен.
21:20 Ако некој го удри со стап својот роб или својата робинка па умре под неговата рака, треба да ја поднесе одмаздата.
21:26 Ако некој ги удри својот роб или својата робинка во око и го упропасти, нека го ослободат заради окото.
21:27 Ако му избие заб на својот роб - или на својата робинка - нека го ослободи заради забот.

Дали ова треба буквално да се прифати,или е подложно на толкување ?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Истиот штос го применуваш и во одлуките од првиот Собор! Кога во Црквата се носи одредена забрана, или одредена обврска, тие одлуки секогаш имаат и своја мошне детаљна елаборација, која добро ја толкува одлуката! Простото наведување на забраната, на пример, забраната за немање пријател евреин или забраната за разговор со него, е само површно читање на таа одлука, зад која стои и објаснета суштина кон таа одлука. Во Црквата, ништо не се долучува површно и паушално, по принциот „....смееш ова, ама не смееш она...„, без притоа да се елаборираат таквите одлуки. Ако одлуките ги читаш површно, ќе испадне дека Црквата, т.е. нејзините верници, станале тешки човекомразци-мизантропи, што ни оодалеку не во духот од Христовото човекољубие! Така, ќе испаден дека Црквата, која е тело Христово, носи одлуки против Христа, Кој Е глава на тоа тело! Логично, би испаднало дела телото и противречи на главата, така? Човековото човекомразење против Христовото човекољубие!???

Па кој донел одлука за забрана да се има приател или да се разговара со Евреин ? јас ли? некој атеист или некој муслиман?!! Тоа се одлуки на христијански собор кој своите одлуки гио донел по воља и желба на Бог лично. Кое оправдување би било во образоложението да не се разговара или да се нема Евреин за приател? Со кое објаснување таа забрана би станнаа племенита, човечна... во стилот на учењето на исус. Кое објаснување е да еден народ се забрани за кумуникација и приателство. Ако на некој НЕ си му ПРИАТЕЛ тогаш си му......
По таа логика ниту Павле ниту Петар ниту Јаков нити апостолите не смеат да ни бидат приатели. Сите тие се Евреи. И мајката на Исус е Еврејка. И учениците негови... се е то евреин до евреин.

Дали црквата донесе закон, канон со кој се укинува тој канон ? (за забрана да се разговара или биде приател со Евреин)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Ропството е богоугодна работа.
Така пушува во Книгата.
А Книгата е Законот.
Кој Исус дошол да го исполни до последна буква.

Излез: 21:7
Кога човек ќе ја продаде ќерка си за робинка, таа нека не се ослободува како и машките робови.

Левит: 25:44
А ако сакаш да имаш робови и робинки, можете да ги купите, и машки и женски, од народите што се околу вас.

Левит: 25:46 Нив можете да им ги предавате во наследство на вашите деца, за да ги наследат за секогаш во сопственост. Кон нив можете да постапувате како кон робови. Но кон своите браќа, Израелевите синови, никој не смее да господари со жестокост.’

Колосјани: 3:22
Робови, слушајте ги во се; своите земни господари, не за очите како оние, кои им угодуваат на луѓето, туку во простотата на срцето, боејќи се од Господа!

Излез:
12:44 Секој роб, купен за пари и обрезан, може да ја јаде!
21:2 Ако купиш еден Евреин за роб, нека служи шест години. На седмата година нека замине, без откупнина, слободен.
21:20 Ако некој го удри со стап својот роб или својата робинка па умре под неговата рака, треба да ја поднесе одмаздата.
21:26 Ако некој ги удри својот роб или својата робинка во око и го упропасти, нека го ослободат заради окото.
21:27 Ако му избие заб на својот роб - или на својата робинка - нека го ослободи заради забот.

Дали ова треба буквално да се прифати,или е подложно на толкување ?
1. Не ги мешај Сатриот и Новиот Завет. Старозаветните одредби се однесуваат исклучиво на јудеите,а новозаветните на Црквата Христова.
2. Ако, како што велиш, Исус дојде да го исполни Законот, а Он тоа и го стори, дај тогаш посочи, што остана „недосторено„ од Христа Богочовекот, за да може Законот старозаветен да биде сеуште важечки?

П.С. Решените за робовите не се наоѓа во некаква револуција, преку која со насилие или со државен закон ќе се укине робството. Тоа (робството) се укинува преку промена на умовите од робовладетелите.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
2. Ако, како што велиш, Исус дојде да го исполни Законот, а Он тоа и го стори, дај тогаш посочи, што остана „недосторено„ од Христа Богочовекот, за да може Законот старозаветен да биде сеуште важечки?
Па уште „ситницата“ да дојде повторно Исус и му суди на народите... на живите и мртвите.
Уште то остана да се исполни се или како Исус рече:

“Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно“

Додека постојат небото и земјата нема да се измени ни буква од законите и пророците. Се уште постојат и небото и земјата и се уште не е исполнето се... Исуусовото ветување дека ќе се врати да им суди на луѓето... не е исполнето.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Па кој донел одлука за забрана да се има приател или да се разговара со Евреин ? јас ли? некој атеист или некој муслиман?!! Тоа се одлуки на христијански собор кој своите одлуки гио донел по воља и желба на Бог лично. Кое оправдување би било во образоложението да не се разговара или да се нема Евреин за приател? Со кое објаснување таа забрана би станнаа племенита, човечна... во стилот на учењето на исус. Кое објаснување е да еден народ се забрани за кумуникација и приателство. Ако на некој НЕ си му ПРИАТЕЛ тогаш си му......
По таа логика ниту Павле ниту Петар ниту Јаков нити апостолите не смеат да ни бидат приатели. Сите тие се Евреи. И мајката на Исус е Еврејка. И учениците негови... се е то евреин до евреин.

Дали црквата донесе закон, канон со кој се укинува тој канон ? (за забрана да се разговара или биде приател со Евреин)
Се обидов да објаснам во мојот претходен пост. Забраната за неконтактирање со јудеи е одлука, која во својата суштина го нема мизантропизмот или ксенифибијата кон јудеите (или било кој друг народ), туку предострожноста за рисјаните (тогашните, а вала, и сегашните) за потребата од внимание при контаките со иноверците, кои по автоматизам не Го прифаќаат Христа за свој Бог и спасител. А Христа на не Го прифаќаат само јудеите, туку и сите други вери, вклучувајќи ги и атеистите.

За другиот дел, во право си: и Христос, и Богомајката и Апостолите се јудеи по нација, но не и човекомразци. Напротив: Христос ги испрати своите Апостоли да ги научат и крштеваат сите народи во името од Троединиот Бог, а тоа е целосен показател на Христовото човекољубие.

--- надополнето ---

Па уште „ситницата“ да дојде повторно Исус и му суди на народите... на живите и мртвите.
Уште то остана да се исполни се или како Исус рече:

“Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно“

Додека постојат небото и земјата нема да се измени ни буква од законите и пророците. Се уште постојат и небото и земјата и се уште не е исполнето се... Исуусовото ветување дека ќе се врати да им суди на луѓето... не е исполнето.
Под поимот/изразот „јота„ со акцент врз буквата, старогрчките записи и нивните толкувачи ги гледаат Десетте Божји заповеди. Навистина, се до второто Христово пришествие, нема да се промени ниту една Божја заповед. А во Божјите заповеди, никаде не е запишано дека Он ќе дојде да суди.

Христос веќе го исполни старозаветниот закон и пророците: Он е роден и распнат според пророштвата, живее(ше) кротко и според јудејската традиција, им беше послушен на родителите, иако Јосиф Му беше законски татко, согласно старозаветниот закон. Се што беше должен, Христос го исполни. Неговиот страшен Суд не е „фалинката„ која Он треба да ја доисполни, оти не е дел од старозаветниот закон.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Се обидов да објаснам во мојот претходен пост. Забраната за неконтактирање со јудеи е одлука, која во својата суштина го нема мизантропизмот или ксенифибијата кон јудеите (или било кој друг народ), туку предострожноста за рисјаните (тогашните, а вала, и сегашните) за потребата од внимание при контаките со иноверците, кои по автоматизам не Го прифаќаат Христа за свој Бог и спасител. А Христа на не Го прифаќаат само јудеите, туку и сите други вери, вклучувајќи ги и атеистите.

За другиот дел, во право си: и Христос, и Богомајката и Апостолите се јудеи по нација, но не и човекомразци. Напротив: Христос ги испрати своите Апостоли да ги научат и крштеваат сите народи во името од Троединиот Бог, а тоа е целосен показател на Христовото човекољубие.
Исус вели сакајте ги ситте, црквата вели не разговарај и не биди приател (биди неприател) со Евреите. Не вели да имаш предострожност, не ги споменуваат и другите кои не верувваат во Исуса, на кажаа не разговарајте и не бидете приатели со оние кои не го прифажаат Исуса туко баш се споменати евреите. Народ. Нема таму додадено “освен оние евреи кои ко признваат исуса....“ Бог и светиот дух ги вдахнал луѓето на тој собор да на човештвото му забранат контакти и приателствувања со Евреи. Не на дел не на група туку на сите.

Дали тоа се уште важи дали тој канон е важечки и на сила и денес во православната црква??
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да, се што е одлучено на Соборите, како и било кое црковно учење, поставено на ниво од догма, сеуште важи.

Но, ајде и јас нешто да прашам: еве, јас сум по цел ден сардисан со атеисти и најчесто контактирам и се дружам со атеисти, а помалку-поретко со црковни луѓе, иако би требало да ми се поблиски од атеистите. Според твоето расудување, дали јас ги погазувам одлуките од Црквата, на која и припаѓам, со тоа што се дружам со атеисти?

П.С. Евреите се посебно посочени, ради сеуште силната јудесјка традиција од тоа време, која можела да и наштети на тогаш, релативно новата (рисјанска) вера. Потсети се на спорот за саботата или неделата од тоа време. Раните покрстени јудеи во рисјани, сеуште ја држеле саботата како ден за одмор. Патем кажано, во последните времиња, тогашните јудеи ќе се покрстат во рисјани. И денес постојат потајни рисјани меѓу јудеите, кои од страв од својата околина, не ги изразуваат своите верски убедувања. Не заборавај дека првата и настарата Црква е ерусалимската, составена исклучиво од јудеи. Логично, би испаднало дека Црквата, која вели да не се контактира со јудеите, носи одлуки против самата себе, така?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Да, се што е одлучено на Соборите, како и било кое црковно учење, поставено на ниво од догма, сеуште важи.

Но, ајде и јас нешто да прашам: еве, јас сум по цел ден сардисан со атеисти и најчесто контактирам и се дружам со атеисти, а помалку со црковни луѓе. Според творето расудување, дали јас ги погазувам одлуките од Црквата, на која и припаѓам, со тоа што се дружам со атеисти?
Ако има таков какнон кој забранува контакти и разговори со незнабошци (атеисти) секако дека ги газиш одлуките на црквата и вољата на Бога. Јас знам за овој кој забранува разговор и приателство со евреин.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
О.К. Признавам! Ги погазив одлуките од Црквата, со тоа што се дружам со атеисти! Ха-ха-ха! Штета што немам и јудеи при рака...и со нив не би се дружел...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
П.С. Евреите се посебно посочени, ради сеуште силната јудесјка традиција од тоа време, која можела да и наштети на тогаш, релативно новата (рисјанска) вера. Потсети се на спорот за саботата или неделата од тоа време. Раните покрстени јудеи во рисјани, сеуште ја држеле саботата како ден за одмор. Патем кажано, во последните времиња, тогашните јудеи ќе се покрстат во рисјани. И денес постојат потајни рисјани меѓу јудеите, кои од страв од својата околина, не ги изразуваат своите верски убедувања.
Овој канон е донесен 325 година. Евеите 2 века веќе биле прогнани од Јудеја и раселени низ светот. Немаа своја држава храм светињи. Јудаизмот бил раширен строго меѓу евреи не меѓу римјани, грци, германи, египѓени..... Не биле ни многувбројни како други народи. Паганите (римјаните) биле поголема опасност за христијанството. Па рим со векови полнел арени со христијани ги убиввал ги прогонувал ги измачувал.... па не напишале “не биди приател со римјани“ Е сега поминаа вековии векови, јудаизмот си остана мала релативно затворена заедница. Многу повеќе христијани преминуваат во Будизам, Ислам или атеизам од колку во јудаизам.
Значи дали се уште важи законот да не се разговара со евреи и да не се биди приател со евреин? Дали се уште јудаизмот е најголемата опасност за Христијанството?

А тоа за сабота - недела то политички потег на црквата за да се вклопи во константиновата држава. Христијаните без никаква мака или проблем или мисла си ја славеле Саботата како што е заповедано од Бог. Но кога Константин со декрет ја прогласил Неделата за ден на одмор во чест на паганскиот бог на сонцето тогаш и хистијаните се прешалтале на недела да не се издвојуваат од државните рамки. И денес нема некое објаснување зошто недела по кој тоа цитат или закон низ библијата Недела е ден посвветен на одмор и на бога. Тоа некако се избегава да се елаборира пошто нема верска туку поитичка основа во одлуката.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom