Дали збориш од лично искуство, си престојувал во Белорусија?
Не сум престојувал во белорусија, како што голем дел од народот не престојувал на западот а се фати на јадицата за западните демократски вредности.
Читам, врз база на тоа правам спроедба со нас и го давам своето мислење.
И врз што РЕАЛНО ги основаш своите убедувања дека Русите ќе бидат економски наклонети во наша корист, а не во своја, сериозно мислиш дека Русите им прават УСЛУГА на Србите?
Прост пример, за да не ти објаснувам филозовски и културолошки работи.
Дали Охрид како туристичка дестинација можеш подобро да го продадеш во Русија одколку во Холандија.
Тие огромни пари што се даваат на ЦНН, 1/5 да се дадат на руска национална телевизија ефектот ќе биде х 10.
Косово и Босна а кон таков статус одат сите земји од западен балкан.
За Русија, стратешки партнер е ЕУ, со секоја зделка се’ повеќе ги зајакува своите врски со Западна Европа и се поизразено се истакнува нивното сојузништво.
Русија нормално дека си ги продава своите енергенси и тоа е на систем плати клати. Но на политички план, Русија бара сојузници во ЕУ, која под дефолт е со САД, за својот проект евроазиските интеграции, каде дел од европа ќе ја отргне од американското влијание. Она во моментот ствара отворен пазар со неколку земју од бившиот ссср заедно со укриана и белорусија а за следната етапа се предвидува и дел од балканот, читај србија, како главен промотор на тие интеграции.
Евроазиските интеграции можат да и бидат достапни на земја како Русија, која се простира на двата континента и има енергетски потенцијал да отвара пазари. Но, најмалку што Русија цели на тие пазари, да конкурира во ефтината продукција на градинарски култури.
Доколку ти токму таа гранка ја гледаш како потенцијална за развој со Истокот, тогаш треба да ги спуштиме цените за 3/4 вклучително со цената на трудот, за да можеме да им конкурираме на азијците.
Цените немора да ги спуштиш ако го имаш квалитетот. Тоа се пазарните логики секаде во светот. Имаш берза, на таа берза кажува по која цена се откупува одредена суровина.
Ако правиш автомобил со 200г алуминиум и 500 грама пластика тогаш си во делот на тарабантот и го продаваш по цена на тарабант.
Но што е предноста ако си на тие шини.
Ти се отвара огромен пазар кој не е така строго регулиран и заштитет како пазарот на ЕУ.
Имаш многу поглеми шанси.
Што треба ?
Инфраструктура, тој мочан коридор према црното море кој до денеска не го изградивме.
Јас би рекол по своја желба, а бирањето на ексклузивни страни секогаш, историски потврдено, порано или подоцна, резултирало со пораз.
Затоа, ниту НАТО/ЕУ треба да се (ниту се) единствен избор, ама ниту Русија.
Добро и овде да не филозофирам едно прашање.
Што значи екслузивната страна на Грција со западните кралски фамилии ?
Што значело историски 19 и 20 век и што значи сега во 21 век.