@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Жените сакаат кавалери, а не знаат како да бидат дами
Кавалерите навистина исчезнуваат, но колку вистински дами ќе најдете меѓу современите жени? Со изчезнувањето на манирите и доброто однесување на дама, жените го изгубиле правото да бараат од мажите да бидат кавалери.
Има ли кавалери во денешно време? А некаде отстрана се поставува и прашањето дали современите жени се дами?
За да се биде дама е вистинска уметност, чија префинестост е позната на многу малку жени во денешно време. Скоро и невозможно е да има кавалери во феминистичкиот свет, во кој женската гордост е толку неизмерна, што не овозможува жените да ја имаат улогата на послабиот и понежниот пол.
За да не паднат подолу од мажите, жените се подготвени да се справат со се сами. Под достоинство на современите феминистки им е да побараат машка помош.
Жестоките кавги на оваа тема меѓу мажите и жените, го претвораат кавалерството во ризичен потфат. Модерните жени гледаат на кавалерството како милостиња, како на нешто што ја понужува гордата женска природа. Жените покажуваат дека можат со се да се справат сами. Како кавалерството да станува непотребно во светот на жените.
Жените веќе не сакаат да им се плаќа пијачката, да им се отвора вратата и да им се подава рака кога излегуваат од автомобил. Бидејќи тие не се сметаат за мали, ниту слаби, ниту со помали финансиски можности во однос на мажите.
Па како мажите да бидат кавалери кога ова е редовната реакција на таканаречените дами, кои веќе псујат повеќе од мажите, се докажуваат на секое поле, способни се да “залепат“ шамар на партнерот ако подари букет од хризантеми, а не од омилените орхидеи.:pos2::pos2::pos2:
Порано жените уживале во кавалерството, во машкото внимание и на малите романтични гестови. Сега тоа ги иритира и навдредува, а критериумите и барањата се толку недостижни, што дури не вреди мажите да се обидуваат да им угодат.
Сега владеат законите на анархијата, често жените стануваат мажи, а мажите понекогаш се крајно женствени, така што немаат ништо против да ја отстапат машката улога на жените. А и нели тоа сакаа жените - да се еманципираат, да бидат еднакви со мажите.
Како тогаш жените очекуваат мажите да се однесуваат со нив како со принцези?
Нели се еднакви, а еднакви луѓе не се поклонуваат едни на други.
Вистината е дека жените се однесуваат како жени, само кога имаат корист од тоа.:helou::helou::helou::helou: Понекогаш се обидуваат да бидат дами, но обидите се ретко успешни.
Па така со својата еманципација, жените го изгубиле правото да бараат од мажите да бидат кавалери. Тоа воопшто не ги оправдува оние мажи чија грубост и непочитување спрема жените немаат граници. Сепак да не заборавиме дека жената, иако еманципирана, макар и да не е автентична дама од Средниот век во целиот свој сјај, останува жена и бара соодветен однос.
текстот е превземен од http://daily.mk/Zhena/zhenite_sakaat_kavaleri,_a_ne_znaat_kako_da_bidat_dami/383220